Чудно ми е озбилно, без врски бев два пати, ама сум вистински задоволна од цел третман од сите вработени.
Не знам што да кажам на вакви искуства, дали мене стварно ми се погоди се, или не знам што беше работа, се од ова што пиша, кај мене беше скроз обратно, и од се бев задоволна, без врски бев да се разбереме, од чистачки, до болничари, сестри, доктори, сите беа супер, дури и јадењето не беше лошо, иако и мм ми носеше плус. Иако имав тежок пораѓај, и бев со болки 24 часа, и со висок притисок, со повраќање, и сл. И јас се дерев како будала таму, и на патолошка и во родилна, никој ништо не ми рече, ниту ме навреди, дури од што ми беше глупо, после кога дојдов при свест се извинував на дерењето. Не знам зошто ваква драстична разлика има, ваљда е до вработените таму, не знам што да кажам..
И јас кога се пораѓав во Чаир пред скоро 4 години го видов истото. Се дереа на родилки кои викаа. Во стил што мислевте дека нема да боли? Ни ги дупнавте ушите. Ова не се болки за да урлаш толку? Нека стенка што да и праваме и др дрзок однос кон родилките. Јас имав ситуација кај што повратив од болка и ми викаа зошто не сум отишла во вц да повратам, а јас изгубена од болки. Така да јас скроз и верувам на феминката. Овој пат се породив на ГАК, затоа што бев позитивна и само пофални зборови за персоналот. И покрај болеста, породувањето ќе ми остане во едно убаво сеќавање. Прељубезни и превнимателни сите до еден таму. Од прием до испис.
Стварно немам потреба да лажам... инаку за врски и дадов 50 евра на една сестра која ми се наоѓаше секој пат а нз зашто таков однос дури и една девојка во шок собата им викаше добро зошто сте толку безобразни..може мене такс ми се погодило таа во одделение што лежеше со мене ми викаше леле како така јас сум презадоволна ама таа секој втор ја знаеше
Веруј не ме чуди. Секакви будали денес работат на вакви места. Жално е и бедно е како се третираат кај нас пациенти, значи животни така не се третираат. Сум била сведок многу пати и сум доживеала, а сега баш за пораѓај се туфкам каде и како. Не знам што да ти кажам...хаос ни е државата
Три дена лежев во шок соба, 80% од сестрите ги видов, ваков однос не начекав. Кога сакавме не креваа, не шетаа низ соба, една од сестрите ми ги чистеше ноктите од крв со памукче, а не беше нејзина работа, редовно не боцкаа против болки.Ги молеа педијатрите, да ми го донесат бебето, да го видам бар на секунда. Имаше по крути сестри, ама сите си ја вршеа работата како што треба. Кој доктор ти рекол дека си психички болна? Што се однесува до бебето, мора да биде до тебе, знам тешко е царски, ама и за нас мајките е подобро така.
Хмм.. За Чаир имам пишувано мн пати, во почеток главно бев задоволна оти не знаев како е во приватна. Сега би нашла доста пропусти но тоа е државна болница.. Јас не сум имала непријатна ситуација ниту со сестри но бев сведок каде на моја познаничка ете се погодивме заедно и побараа 100€ за таблета за отварање(не знам за што стануваше збор) И рекле ај ма што толку трпиш дај 100€ и ќе се породиш.. Жената се утепа од плачење лежеше доста време на патологија на крај царски ја породија. Јас стварно за пораѓај не можам ништо лошо да кажам супер поминав, скроз природно родив големо бебе, после ми фати инфекција, ми трубеа дека е од мене а мене брисеви ми беа чисти. А и од сестрите 3 ми беа познанички..
Тоа им е пракса на државниве, мајката е крива бебето што имало инфекција. И моето имаше истото ми го викаа
Jas kazuvam moe iskustvo duri mozebi trebase da gi snimam, a daj boze na site da im e kako tebe.. povtorno kazuvam nemam potreba da lazam samo spodeliv sto mene mi se slucuvase tamu i na nikogo ne go posakuvam
Незнам дали ти го сфатив прашањето, ама колку и да имаш врски, неможеш да бираш какво ќе биде породувањето. Јас бев со врски, во момент на изнемоштеност на бокс, барав царски, докторот категорично одби. @Solen☀ @marija99992 Не реков дека лажеш, таман рабтќ само се зачудив. А докторот јас ни го кажала со име и презиме, нека го избегаваат жените за пораѓај
Дали може некоја мамичка што се породила деновивево Чаир да ми пише во порака, ми треба инфо околунекои работи..
мене извештај за комисија ми дава Чибишева од ГАК она е горе на породилно. јас и реков здравје за до пораѓај па и пораѓај сакам се кај вас, рече нема проблем у 3 ноќе у 3 побарај ме за било што.