Ги враќаат, јас додека лежев 2 во соба ми донесоа во Чаир со пукнат водењак и болки, ама секако нема да остане ниедна непородена, може немало ниедно место па ги пратиле, секако се менува тоа нон стоп.
Може заради немање место, се случува тоа уште пред корона нее од сега. Се распрашав јас, често одам таму а и познаничка кај и да трева да се породи таму никој не и спомнал за во чаир. Али дека само позитивни пораѓаат нее точно. Тогаш ќе неможеме ни на прегледи да одиме таму нели.
Да, да ради место, не заради позитивни, затоа и пишав дека немало место. Нека не се паничат членкиве тоа ми беше муабетот, непородени нема да останат и секако ќе бидат згрижени, дали гак дали Чаир. Ко ќе дојдат болките нема време за замарање
Не е точно дека само позитивни примаат на Гак. Во ковид делот дали бевме 5 жени во сите соби. Во делот со корона негативни родилки беше фул. Така да дезинформации се тоа.
Аууу жено што ти се изнадесило ова е хорор роман јас кога се пораѓав беа ултра позитивни и фини особено во шок соба. Знаат да подвикнат демек да те мотивираат ама пак не е до овој степен. Јас неможам да кажам дали кон мене биле како што треба зашто искрено имав врски не некои силни ама пак. Имам колешки и другарки што сега се пораѓаа ама без никави врски и баш тоа зборевме дека исто како мене поминале исти третман. Баш лошо вака да се понашаат да ти иде да ги запалиш
Има по 4 родилки. Кај тие со царски мислам 2 или 3. Вреди апартман, супер се. Посета имав, и сега прочитав дека даваат. Свое купатило,тв,фрижидер
Има четири и дво креветни соби. Бев со царски и ме сместија во дво креветна и мило ми беше што имав цимерка. Си помагавме цело време.
Апартманите се супер, вреди секој денар доколку сакаш да си раат и имаш приватност, посета сеуште не дозволуваат, но е навистина чисто и средено и искрено многу менува што имаш само твое ВЦ. (денес излегов од болица со бебето ако тр интересира нешто повеќе пиши/прашај)
Апартманите се супер, вреди секој денар доколку сакаш да си раат и имаш приватност, посета сеуште не дозволуваат, но е навистина чисто и средено и искрено многу менува што имаш само твое ВЦ. (денес излегов од болица со бебето ако тр интересира нешто повеќе пиши/прашај)
Јас бев во двокреветна соба, има свое ВЦ само нема Тв и фрижидер. Јас кога бев пред 40дена имаше мн родилки и не даваа мешање и премногу чистеа. Дури и да и да викнеш по болничарките ќе дојдат ќе средат иако поминуваа сами и сабајле и вечер.
Не може да се резервира апартман, кога ќе те примат ако има слободно че си прашаш при прием, јас бев и на патолошка у апартман затоа што ме примија кога почнав да се отварам за да не ме вракаат дома на неколку саати. Иначе е 3000 денари од вечер.