3 има. Два доле кај родилките и еден на патологија. Јас бев во тој на патологија дека доле немаше место.. Чим ќе те примат барај апартман сигурно има некој слободен
Знам дека сум досадна ама се ближи терминот. Што се носи со себе? Што да спремам? За мене и за бебето, да си направам список. Што документи да носам освен книшка? Дали прават тестови за корона и дали сега пуштија посети?
Ако си за во Чаир, за тебе земи си лична хигиена(четка, паста за заби, чешел, шампон, полнач и сл.) за малото освен крема и пелени нема да ти треба друго, на излегување ќе ти донесат алиштA за тебе и бебе. Не прават тест за корона, освен крвна слика со инфективни маркери. Со лесно до крај мајка!
Има три апартмани, еден на патологика два на одд за породени, може и породена да те сместат на тој на патологија (ма да тие кај породените се малце посредени) кас кога стигнав беше слободен тој на патологија, таму ме ме сместија и ми кажаа можеш во него да останеш и ппсле порагај, но после шок соба следниот ден ме однесоа во др. Зашто се ослободија двата таму. Многу беше гужва општо но ете се начекува.
Тест за корона не праат, посети нема пуштено, освен книшка картонче со крвна група бараат на прием, за тебе ти требаат пешкир, улошки, купка, четка за коса, ласричиња, четка и паста за заби, улошки за гради и крем за пупките (ова за ако нагло ти надојде млеко) и мн течности, а за бебе пепелени, влажни и кремче. Ова се работи што јас користев и ми требаа стварно.
Прибор за лична хигиена, паста за заби и четка, пешкир за туширање и за лице, вир влошки, можеш да си купиш хигиенски гакички за една употреба, само на визита ќе ги вадиш, мене ми беа многу практични,полнач за телефон. Не се трупај многу со ствари пошто веруј пола од нив во торба ќе ти останат. Ја носев и болнички подлоги, џемперче на копчиња и чорапи во случај да не ми студи али немаше потреба. Исто така земи си пластични папучи за носење и за туширање се полесни.За бебето павловичева, влажни ако ти дозволат и пелени,меѓутоа тие можат и после пораѓај да ти ги донесат. Исто така јас си носев шишиња вода со мене и нешто дополнително за јадење спакувано отпосле ми донесоа. Храната беше ок. И со лесно мајка
Апсолутно, цимерките се тука за помош,муабет,споделување искуства. Еден туш да сакаш да пуштиш ќе ти ѕирка бебе,да си жедна ќе ти подаде и обратно не би сакала да сум сама во тие болки ни 5мин.
Добро, секој е различен. Денес ми правеа цтг и креветите беа наместени така што кај е главата на едната пациентка, да гледа директно во дундата на таа до неа. Додуша видов дека не се сите такви, имаше и со нормално разделени кревети. Па не ми се гледа у нечија дунда неколку дена. Ама и сега ситуацијата каква е, примаат без тестови. Од кај знам дали е некоја од нив заболена. Или јас да сум ама без симптоми. Аутоматски сите сме на ризик.
Ме интересира во чаир дали испуштаат во недела или на празник? Сега ми текна дека доаѓа прпдолжен викенд за Кирил и Методиј...
Сакам да заборавам затоа не пишав инаку сума сумари, ок беше се, првиот ден само цтг, следниот преглед во четврток на Ѓурѓовден имав ехо и прсти летаа ми ставија провокација дека бев 41+1 накај 10 сабајле, во 18.30 се породив, односот беше супер и од сестри, доктори. Во саботата ме пуштија, али едно знам. Веќе не раѓам, фала му на Господ за овие 2 благослови ама нека дава кај што треба.Мене повеќе ми се свиѓа Чаир, добар впечаток имам. Со лесно нека е мајка
Пуштаат секој ден, нема разлика. Посебно на цела гужва не им оди во прилог да ги држат родилките подолго. Еве најново е тие со царски ги пуштале за 3 дена
Не кај мене е дефинитивно,јас не трпам болка ич, Господ знае како издржав, многу е ппболно со провокација. Со првото каде каде беше полесно, бар така мислам. Со ова се измачив. Али помина. Штета само што не даваат епидурал.