Izvini,docnam so odgovorov,ama opravdano.koga se porodiv ja prasav kako sevika,mi rece samo-Zane. Mnogu fina,mene epten mi se bendisa...
Драги трудници, еве го моето искуство. Уште од првиот момент бев сигурна дека сакам да се пораѓам во Чаир, а со малку и читање на форумов си го потврдив тоа. Иако многу околу мене пробуваа да ме предомислат, не поради ништо друго, само поради етничката поделеност. Од некои приказни дека многу повеќе албанци биле вработени па малку биле груби кон македонцие, па од тоа дека во соба пациентките исто албанки и сл. приказни што искрено до мене не допреа поради тоа што и сум живеела во опкружување со секакви сонародници и знам дека што ќе си посееш тоа ќе си обереш. Прво да кажам дека се породив на 3 октомври а на 1ви отидов на цтг со поминат термин па тамо реши докторката да ме задржи. Само да спомнам дека немав никакви врски и матичниот ми беше на друго место, притоа имав закажан преглед кај Кировски ама стварно има многу пациентки докторов и тешко е да се дојде до него, па решив да ме прегледува кој е на смена во амбуланта. Лежев на патологија два дена една ноќ, тамо собите се ок ама вц то е "да не даде Господ да треба да лежиш". Под надзор бевме цело време , достапни се сестрите. Тамо имаше само една сестра што не беше љубезна т.е. не делеше по тоа кој сме што сме инаку сите сестри беа албанки и сите беа сосема коректни и доктор да ти викнат ако треба сред ноќ за преглед и баш сум задоволна. Потоа кога ме однесоа на пораѓај пошто сред ноќ само јас бев родилка , првородка иначе, многу неетички ми беше што јас си викав од болки они си се смеат во холот си праат муабет, искрено очекував дека како првородка некоја бабица или сестра ќе ми објасне нешто ама после со ладна глава кога размислив нивно секојдневие е тоа,па не им земав за зло. А пак тамо се погоди една акушерка баш македонка и беше крајно безобразна , една жена стрпливо си офкаше два саати а третиот веќе јако офкаше оваа си спиеше позади не се ни поткрена да ја ѕирне. Доктор никаде не видов, акушерка ме породи(фала Богу не оваа што спиеше) и сестра за асистенција ама ми беше од голема помош сестрата. Во собата кога ме однесоа бев со три цимерки од кои едната ми го понуди телефонот да се јавам кај мм зашто ништо немав со мене, сите ствари ми беа на патологија.(собите се нови и чисти со сопствено вц на 4 пац. а вцто зависи колку се педантни тие во собата нормално ) Е не ми се допадна што они одма не јавуваат кога ќе се породиш а јас не бев при телефон па едно 6 саати и плус скоро 3 саати на бокс дремев . да не беше цимерката љубезна којзнае кога ќе дознаеја. Тамо исто само од една сестра што беше задолжена за бебињата не сум задоволна беше иста ко таа од патологија. Инаку останатите, кој пољубезен, кој неутрален, битно никој не направи да се осеќам неубаво и непожелно. Значи тоа се плитки поединци ама нив ги има секаде околу нас.Персоналот е мешан btw. Ова е само едно мислење ако можеби ради оваа причина сте се мислеле дали да се определите за Чаир. Топло препорачувам , според муабетиве далеку подобро од државна.
Само и јас да се надоврзам на погоре искажаното се породив пред три години во Чаир добро беше тоа што кога ке ни ги донесеа бебињата беа повиени како лепче и немаше проблем за држење за тие што им е прво дете.И да за персоналот зависи кој како ке се погоди имаше некои беа фини сетри ама и некои само да им помине денот си се шетаа како и де мн ми беше чудно кога ке ни ги донесоа бебињата по пет на една количка горе и пет доле, и едно во една рака друго во друга рака ни го носеа баш ккао под мишки дека бевме 4 во соба и на двапати да им испадне Е нешто што заборавија сестрите а и јас не бев искусна да го научам малото убаво да ја фати градата за да цица си направив проблем се ми се разранија градите 3 месеци се одмолзував и така му давав млекце де од цаша де со шприц на почетокот па послем со шишенце само да не ми секне млекото (кога можев ке го ставев и на града ама поретко зашто ми беа све рани и мораше да ми заздрават)
i jas ne bev zadovolna.od.edna sestra a bas taa bese.makedonka.i postara malce lupase bez vrska...na vizita mu vika.na doktorot ovaa e so bolki vikam kakvi bolki sto zboruvas neam bolki(sigurno e biten toj podatok za doktort i ja menuva cela.sityacija -.dali iam bolki)....i posle istoto na druga pacientka pak go kaza i ja.cekav tret pat da rece....ocigledno ne bese spremna so kartonite a dr sestri bea mladi i site znaea koj za sto smei kako sme ....i na kraj na istata sestra i odbrusiv ja cekav dva saati za.otpusna.lista...i vikam.ajde vika ke.ti kazam.ja.koa.ke bide gotova. ja.i vikam.neema.mazz mi cel.den na raspolaganje da me.zeme.na.rabota.e pa.zema ja.iskuca za 5 min....i taka...
Незнаев каде да прашам па ај реков тука....Го има ли некоја бројот од гинекологија Чаир да ми го пише?
Da se vmesham vo temava ... Se porodiv pred nekolku meseci vo Cair - prezadovolna sum od tretmanot pred I za vreme na poroduvanjeto, iskusen Ginekolog I akusherki... Pred se covecki odnos I trpenie sto mnogu znaci vo tie momenti! No potoa totalno se razocarav od pedijatrite... Tolku nezainteresirani...prakticno gi molev da dojde nekoj da mi pokaze kako da dojam-bitno Im bese da gi nahranat bebinjata so Ad za da ne Im pagjaat vo kilaza a ne da se posvetat na najvaznoto - bebeto da pocne da cica...zavisi kako ke se pogodea na smena - nekoi od sestrite ljubezni pomagaat a nekoi diftarki ne te ni poglednuvaat- kako vo logor da si a ne vo postporodilna soba... Jas ne gi ostaviv taka si Im kazav sto imav pa malku mi falese I kaj direktorot da otidam na kraj koga me otpustaa... Se na se poragjajot super, a potoa kako ke ti se pogodi so personalot... No najbitno potoa se se zaborava I pocnuva najubaviot del od majcinstvoto - so bebceto domce
Исто како @lavaleta, не се знае како ќе ти се потрефат сестрите, иако најчесто набасував на добрите. Имаше таму една сестра Емине, морам јавно да ја пофалам пред сите, која ми помогна најмногу со доењето. Колку ми се најде, колку внимание на сите ни обрнување, да и се позлатат рацете и посакувам. Јас бев во ужасно психичко стање, имаг најгрозна постпородилна депресија, она мислам дека ми беше лекод дане се самоубијам со цревоно од инфузијата. Се надевам дека чита, и се надевам дека ќе се видиме пак.
Гледам јас сум ја завршила темата лани, па јас да ја почнам сега! На бебето на последниот преглед му открија пиелон на десен бубрег. Ме фати страв искрено, па решив само и само заради тој податок да се пораѓам во ГАК, не дај Боже ако настанат некои компликации и да треба бебето да го носат таму а јас во Чаир, ќе се мрднам од памет. Втора работа, и остана желбата за да пробам пак природно да родам, во Чаир тоа не ми го овозможуваат, додека на ГАК може. Ваши мислења и предлози за доктори?
Go citam ova i kako jas da sum go napisala. Bas taka.. kako ti se pogodat sestri na smena.. jas bidejki 3 nokji bev, dva dena super sestrite pomagaat, vikam sestra odma doagja.. ama eden deeeen katastrofa (mislam nedela bese), vecerta ziv coek nemase bebevo mi vristi pisti jas baram sestri niz hodnici, pa iskociv so bebeto duri vo hodnik pa edna cistacka mi vika leleee vrakjaj se nazad kamerite kje te snimat deka setas so bebeto a jas i vikam pa sto da pravam nemam mleko, bebevo kako fontana povrati i sega vristi pisti i sepak ne najdov sestra se vrativ i mu davam cice na bebevo, toa zagreota vlece li vlece, a nisto nemav
Бидејки многу сум изненадена морав да се надоврзам на овој коментар. Се породив во ГАК на 05.06.2014 тимот доктори беа повеќе од супер и во пружањето помош и во стручноста, самиот пораѓај протече одлично шиењето без да побарам беше со анестезија, условите потоа воопшто не се такви акко пто ги опишува претходната членка , прво од каде во соба 6 жени кога по реновирањето на ГАК во соба се 2 жени со креветчиња до нив за бебињата со телевизор со купатило за секоја соба секогаш со топла вода ....... Не знам што да кажам да преполно е и персоналот е презафатенне се породив со врски и немав таму никој свој (ни доктор ни сестра) за да речеме дека сум била привилигирана , навистина не е како дома ама далеку е од ужасно.....
И јас се породив на 3.10 во Чаир дали на смена така се погодија ама јас сум задоволна од персоналот. Инаку кога се породив моите и мм веднаш беа информирани, чекаа долу и една сестра плава со кратка коса, албанка е веднаш ги информирала. Од кога се породив 2 часа лежев горе па ме симнаа на одделение и за неполн час ми ги донесоа стварите.
milena08 сега видов дека си ме цитирала па да ти вратам. Како велат секој со своето искуство, се погоди да ме цитираш баш во деновите кога на работ беше да изгубам блиска личност и бебче на Гак па сум уште повеќе изреволтирана и затоа ти одговарам а те игнорирав неколку дена. Си се породила неколку дена пред мене и си поминала така добро, ама други жени ја немавме таа среќа, ете јас бев и со врски ама тие ми помогнаа за пораѓај а после тоа помош од Господ. Ако не веруваш дека има на Гак соба каде што се сместени 6жени тогаш те молам убаво распрашај се а не да ме правиш будала во здрав мозок дека незнам да бројам колку жени сме биле во собата. Во таа соба во делот кај што лежев ниту тв работеше, ниту во вц имаше топла вода. Не го спорам тоа дека имаше креветчиња за секое бебче, не го спорам тоа и дека за мене имаше кревет со голема дупка на душекот, и дека имаше бубачки што шетаа бидејќи за тие 2вечери око не склопив и ги гледав цело време бидејќи имам фобија од бубачки. Не спорам и дека потпишав со 2раце за пред време да си одам дома. Ама за персоналот да велам дека биле добри кога со мене и другите во собата се понасаа како со животни, тоа не. Како прворотка која никогаш немала искуство со бебе ми го тупнаа и ништо, ги молев да ми покажат како да го земам а тие ми одговараа, ќе дојдеме после а тоа после беше никогаш. Господ здравје да и даде на една жена што беше со мене па таа ме учеше како да го соблечам и земам во раце. Поплукај си во пазува и заблагодари му на Господ што си ја имала таа среќа да поминеш добро, некои други ја немале, и друг пат пред да ме цитираш имај цврсти аргументи а не само твоето искуство, ако се навратиш поназад ќе видиш многу членки "презадоволни" од третманот во Гак а не само јас.
Не сум се породувала во Чаир така да неможам ништо да кажам и би рекла дека мој избор е сепак државна
И јас се породив во државна и покрај тоа што немав врски поминав добро без некои проблеми. Здравје сега во април пак таму ќе одам. И нормално е да има различни искуства, и позитивни и негативни.
Во државна новите соби т.е. условите се одлични, чисто е, само креветите се стари. Докторите, сестрите, болничарите т.е. односот нивни кон родилката НЕ Е ХУМАН ! Не третираат ко у 15 век и преку разговор и однос и на самиот чин. Лажат дека не се дава епидурал на не знам колку прсти отворен или дека „и така ќе се породиш за 10 мин„. Јас не верувам дека има жена што лесно и безболно ( или не толку болно се породила). Дали некој има искуство на Гак да се договорил за епдиурална и да му ставиле нормално ко што треба? На ова ко што треба мислам да си седи анестезиолологот да ја прати да и дозира, и до крај да истера со епидуралот. Ко се порагав на една и ставија на 4 прсти отворена и траеше анестезијата до 7-8 прсти и после до порагај пак си беше без анестезија со саати така да џабе имаше платено мито од 150 евра на доктор плус 100 евра епидурал ко пак се породи нормално.