Па тоа сакав да кажам, во ред е и да си платат по 2000 евра ако имаат, разбирам секој го прави тоа за да биде третиран како што треба (нажалост што мора со пари нешто што треба да е нормално), ама ако некој нема 2000 евра и ако може да издвои 300 да речеме не треба така да се омаловажуваат институциите. И тие се доктори и тие се доктори. Утре може и кировски од чаир или адела од гак ќе бидат во Систина, тогаш што правиме??
За Илиевски само пофални зборови. Толку смирен човек е, кој да го избере нема да згреши. Пари не ми побара никогаш. Додека бев во Чаир секој ден доаѓаше да види како сум, а и сите кои тој ги имаше породено. Кога отидов на прв преглед за раната виде колку сум потресена што не се породив природно и смирено разговараше со мене. Што се однесува до частењето кој колку смета и може нека даде. Ако смета дека треба да даде.
Секој прави како што мисли дека е најдобро. Сметам дека не е во ред да се бара пари во државно, ама пак сметам дека има и луѓе со проблеми и трауми што би платиле некоја помала сума од приватниве за да бидат подобро гледани/породени во државниве. Не секој има 2000евра да приушти за пород. Така да секој како мисли, така прави и тоа е. Секој со своја мака. Јас си го почастив сеа докторот од ќеиф со виски, за разлика од првиот пат каде што вискито од ќеиф што го зема сопругот за Ана Марија, го дадов за анестезиологот пошто најдобро искуство имав со него. Ана Марија не ме ни породи иако бевме договорени, нити дојде на посета после тоа како што доаѓаат другите доктори за жените. Тоа е. Додека одев на цтг еден куп жени и првиот и вториот пат влагаа кај докторите со торбички, а ваму се прават никој ништо не дал. Сите светици.
Се породив на 1ви јуни во Чаир, кај д-р Младен Ристески. Пораѓајот беше договорен претходно, царски поради ниска плацента и малиот временски период од првиот пораѓај, што исто беше царски (итен царски во 42ра недела). Јас сум презадоволна од целокупниот престој таму, имав апсолутно коректен однос спрема мене од болничари, сестри, доктори. Д-р Младен идеше постојано да ме проверува, а кога не беше на смена праќаше друг доктор (Неџипи), да ме провери и за болки и за рана и за крварење. Чисто е и на патолошко и на родилно одделение, нови, чисти спаваќи во секое време, помош при станување, анелгетици за болка по мое барање, сè беше супер. Имаше еден ден кај што останав скроз сама во соба, па често идеше некој да ме провери како сум. Педијатрите се строги, ама отворени да ти кажат како што е ситуација, добро се грижат, и бебево беше секој ден редовно пресоблекувано и дохранувано. За дохрана те прашуваат дали сакаш да им дадат ако доиш, или не, и се почитува твојот одговор. Болничарките ми вареа турско (многу ми се пиеше), кога влегуваа во соба, муабетеа со мене, насмеани, расположени. Се дезинфицира редовно, маски носат сите од персоналот, во соба стававме пред визита само. Севкупно сум многу задоволна од целиот третман, што дури и се почувствував ко да сум во приватна болница. За честење, жу купив на докторот виски, нешто благо, а у, пари не дадов. Никој и не ми ни побара. Односот од сите беше коректен и професионален. Самиот пораѓај помина сосем во ред, освен мојот паничен напад при крај, па ми покачија доза на некој седатив, за да ме смират. Во понеделник ме примија, вторник беше пораѓајот, петок нè пуштија. Пред пораѓај размислував за приватно, ама сега ми е мило што се одлучив за Чаир. Топла препорака и за Чаир како болница и за д-р Младен. Со лесно нека ви е на сите ❤.
Не е работата да се почасти персоналот и јас ги почастив со двете бев задоволна и сакав. Не е во ред да бараат пари за да те породат безразлика царски или природно, а што ако ги немаш тие пари? Цимерката со мене сама си кажа дека докторката и побарала пари за да ја породи.
Не викам дека е Ок тоа што бараат пари, но и ние од нив бараме да се нафатат дека баш они ќе не породат и очекуваме и ако не се на смена да дојдат или ако се на нас да ни дадат предност и имаат до негдр право тоа да бараат да им биде надокнадено. Никој никогаш не побарал пари кога отисол со болки да се пораѓа и го породил оној доктор кок бил на смена и не било ништо договорено. Не ме сфаќај погрешно, не ти се обраќам лично само тебе, него општо искажувам мој став.
Ако си договорена доаѓа , за двете деца ми рече дека е на располагање секое време и ако пукне водењак или болки за пораѓај ако имам да ја барам било кога , ризична бременост бев , сега со третото два дена пред пораѓај во 3 сабајле отидов со болки она не беше на смена па во ниедно време и се јавуваа да ја прашаат дали ќе дојде , дали да ме примаат и праќаа цтг на вибер сестрите и тоа јас не им наведов дека она ме води и дека со неа сум договорена туку поради печатот на извештаите од почеток на бременост си ја бараат неа ....
A ete go i mojot doktor Isto i za mene,nekolku zafati mn.dobro pominav kaj nego.Deka e megju najdobrite doktori e no i mn.e chovechen. Sakam da te prasham (znam deka ova ti e vtora bremenost) dali so prvata on te porodi i kako pomina?
Да, он ме породи. Многу смирен, се трудеше цело време да прави позитивна атмосфера и смешки. Добра проценка направи кога дојдов 2прста отворена, дека брзо ќе се отворам и ме задржа. За разлика така што ги пуштаат дома. Исто и што ме сецна да не распукам. Беше дежурен па дојде и вечерта и сабајлето да ме види. Раната исто сошиена толку добро, воопшто лузна не се гледа. 100/100 за мене
Milo mi e shto super si pominala Ako e zdravje i jas planiram kaj nego poragjaj koj kaj mene izgleda ke bide carski. Fala ti mnogu za spodelenoto iskustvo.