Искуства кај Младен Ристевски во Чаир? Неговиот однос со пациентите и дали доаѓа на пораѓај ако не е на смена? Некоја скоро да се пораѓала кај него природно?
Не бев кај него ама го слушав дека многу им се дере на пациентките. Инаку женски се породив. Ако некој има прашања за Чаир, слободно
Со Младен си на среќа, имам пишувано за него со првото дете не поминав добро, моја другарка го изнафали после тоа. Со второто бев на преглед кај него сосем друг човек, расположен да објасни фин...требаше пак он да ме пораѓа ама бебе еден ден пред да биде он на смена излезе.
Честитки мила, конечно и ти. Да сте живи и здрави. Како помина, знам дека и ти беше со пројден термин. Те провоцираа, или ти дојдоа болки. Кој те пораѓаше? Како си задоволна?? Јас сакам се да знам
Пробаа природно, ми ставија провокација и ме фатија болки. Ме однесоа на бокс, ми пукнаа водењак ама детето беше многу високо, не се спушташе никако, јас веќе почнав да се губам и ме породија царски. Ме пораѓаше Исмаили. Човекот е супер. Доаѓаше пред пораѓање, за време на пораѓање чекаше со мене, после пораѓање доаѓа многу често. Остатокот од персоналот така-така. Ломотат разни глупости додека се пораѓаш и се понашаат како да му прават услуга на светот шро решиле да те породат. Таа во шок соба ни буташе диазепами за да може она да спие. Копаат по торбици и ранци. "Губат" понуди што ги носат роднини. Хигиена не е баш најдобра во вц, на патолошка. Во собите е ок хигиена. Храната е бизарна ама ионака не се стигнува многу да се јаде. Јас не поминав најдобро. Нема да пишувам сега детали зоштп вие треба да се пораѓате и не сакам да ве плашам зошто секој различно поминал. Има други што се задоволни. Јас во глобала само од Исмаили и Шпишиќ сум задоволна, другово не.
Јас имам договорено со Исмаили, другото не ми е важно само да биде како треба, одмарај се гушкајте се. За некој ден си дома секако ќе се заборави се.
Честитки здраво и живо бебчето, маките околу пораѓајот ќе се заборават битно бебуш и ти да сте добро.
Ајде и јас да го споделам моето искуство со Државна...најпрво да напоменам дека ме породи моја блиска докторка царски,пред и за време на пораѓај беше се добро си имаат ред,и без свој доктор да си нема така да те остават е колку ќе трае целиот процес тоа не би знаела.После пораѓај на интензивна исто ок персонал,си примаш инфузија терапија....после неколку часа те носат во соба...колку што можев да приметам двокреветни се сите,со сопствено купатило,телевизор,клима и креветчиња за бебињата.24 часа по операцијата е првото станување со сестра...те носи до тоалет,замивање,вадење катетар...е веќе за следните станувања си сама ептен ако треба помош си бараш.Љубезноста на тој оддел не им е на највисоко ниво,ама сепак си ја вршат работата,визита секое утро,терапија,менување на чаршав,чистење....храна...ако сте малку повеќе захтевни тогаш може и да се нервирате .Тетките од кај бебињата исто не се многу емпатични,ама по 50 бебиња низ рака дневно им минуваат па ајде и за тоа да имаме разбирање...не дојдоа да ми објаснат за доење па сама си почнав .Исто секој ден и педијатар доаѓа и известува за состојбата на бебето.За таму ви требаат влошки во мојот случај повеќе од 2 пакувања,пешкири и средства за лична хигиена,папучи,за бебе пелени и марамици.Секој ден во определени часови од портирница качуваат тоа што сме нарачале од дома да ни донесат.Све у свему не е лошо,кога на крајот ќе стигнеме до целта,кога ќе си го видиме ангелчето ништо друго и не е важно.
Да е живо и здраво Му го покажаа на маж ти бебето одма кога се роди? Со првото ме чекаше пред сала сега со коронава незнам дали пуштаат.
За малиот во 5 ипол сабајле чекаа пред сала маж ми и татко ми и одма им го покажале. После тоа без да знаеме татко ми уште два пати го побарал да го види и им го покажале Маж ми и во шок соба влезе. Ова пред 2 години. Сега со коронава ништо од тоа.
Ее супер било тогаш ,сега баш ми беше жал 6 дена не можеа да ја видат,па и јас ден два не ми ја донесоа кризирав,па навечер коа ги земаат,ама сега готово дома сме душа на место
Се издржува. Јас во ковид делот се породив, ми го дадоа 5 мин пред да си одам. Среќа кога се породив ми го изнасликаа сестрите со мојот телефон, па им го изнапраќав на моите
да и нас ни буташе диазепами сигурно била една плава постара без понашање чаир персоналот катастрофа!
Лично не ама денеска додека чекав на ред, се симнуваше теи пати во амбуланта за пациентки. И една ептен го испофали.