Ti blagodaram za detalniot odgovor i cestitki za bebeto, da e zivo i zdravo Koja doktorka te poragase?
Здраво. Тие што се пораѓале на ГАК, дали може да кажат дали има клими во собите и да споделат искуство(по колку жени се во соба, тоалет со туш дали има во секоја соба, бебињата дали се цело време со мајките, дали мајките им мењаат пелени, храната како е, што даваат, штекери дали има до креветите или power bank да си носам, дали ви го земаат телефонот кога одите на бокс, дали клизма ставаат пред пораѓај и сл). Ако ви текне уште нешто пишете, мене ова ми текна да си прашам
Клима немаше (бар во собата кај што бев јас) Бевме две во соба и има тоалет со туш. За бебињата неможам да кажа бидејки бев со царски,а и првата ден фати жолтица ја сончаа па вториот и третиот ден ми ја носеа по пола саат и не пуштија на третиот ден после ручекот. Пелени сестрите им менуваат идат само земат пампрес и влажни и кај што лежат таму ги облекуваат.Храната е обично супа,чорба,кис млеко,зденка.Над креветите има штекери,а кога ме земаа во сала да телефонот ми рекоа да си го оставам во стварите во торба.Да клизма ми ставија веднаш штом ме примија на одделение во пред родилна,а пред да ме земат за во сала ми ставија и катетар. Со лесно
Фала многу на одговорот. Значи торбата си ја внесуваш кога ќе те примат, ти стои во пред породилно дур се пораѓаш и кога ќе се породиш, ти ја носат веднаш во соба?
Здраво дали има некоја тазе породена во Чаир? ...ме интересир на жештиниве дали ви даваат летни спаваќи или евентуално од дома д си понесете е дозволено?
Јас се породив на 14.05 и си носев своја спаваќа, на прием во нивна ќе мораш а отпосле си ја носев и мојата, нивните се со 3/4 ракави ама имаа едни на бекутан предебели, само таква да не ти се погоди, кај хормони несредени уште и спаваќата, ненормално се потев.
па зар ги пуштаа со бебињата до вас? а тие како беа 'облечени? замотани ко фишек или во полесни алишта? п.с-ја зима се породив првиот пат,па сега не ми е јасно што како. Фала на одговорите
Постојано беше со мене, само за бањање, преглед и хранење ја зимаа, додуша ги хранат и пред тебе а исто ја избањаа два пати кај мене во соба да видам за повивањето. Ги зимаат ако ти им побараш исто. Замотани се ко фишек, само фацулето им се гледа, таков принцип имаат Чаир со години, и јас така сум била замотана '88ма сега и ќерка ми.
@saki13 честитки мајка прочитав ти скоро си породена на ГАК па ако може да те.препрашам нешто- дали ти правеа тест за корона и дали носеше маска при породување? дали имаше познати или едноставно среќа беше да ти се погоди се? прашувам бидејќи ќе одам без никој познат. спаваќи мислам даваат.фала ти, извини за малтретирањето со прашањава
Да ви се надоврзам на муабетот . Јас се породив завчера вечерта, моментално лежам на ГАК. Ковид тест прават во приемна амбуланта, маска не се носи на пораѓај. Јас носев дур да влезам во предродилна. Јас имам позната ама и кон мене и кон сите други се однесуваат исто. Слободно прашај што друго те интересира
Тест ти прават кога те примаат ( брз тест те боцкаат од прст) маската спуштена ми беше на порагај неможев да дишам од болки па камо ли со маска и никој не ми рече ништо. Само на визитаа бараа да имаш ставено маска. Спавачи даваат таму . Отидов без врски отпосле најдов врски ама спрема сите се однесуваа убаво... бебуш ти го носат околу 11 ч и цел ден е со тебе па ги земаат навечер околу 21 ч. Што те интересира слободно прашај.
@Tea SK @saki13 честитки мајки, сте се олесниле, да сте живи и здрави, уживајте си. не сум нешто уплашена чисто сакав да прашам дали можеби е нешто сменето со новиве бројки за ковид. ни јас од порано сум немала лошо искуство со ГАК ама вие сте сепак тазе...фала ви...
Мене ми е рано, почеток на октомври ама ме интересираат неколку прашања па ако може да добијам одговор, конкретно за ГАК. По колку жени сте во соба? Дали носеше облека за бебе( бодиња шпилхозни тетра пелени? За памперс знам дека треба. Пред да те однесат да раѓаш, каде оставаш ташна со стварите што ти се за таму и плус лични документи тел полнач едно др? Дали смеам за првиот ден додека ми донесат вода чај едно др, да имам пример шише вода со мене во торбица? Благодарам
По двајца се во соба. Торбата во предродилна останува додека ти се пораѓаш, после ти ја носат. За бебе облека не треба од таму ги облекуваат, само на денот кога си одите ќе ти донесат алишта за бебето и толку. Памперси и влажни ќе ти требат за таму. Да, земи си вода 2-3 шишенца обавезно, нека ти стојат во ташната за кога ќе се продиш да имаш што да пиеш, бидејќи може и 2 3 часа да поминат додека да ти ги донесат нарачаните работи од дома.
А дали може работите за бебе да се спакуваат во посебна торбица? Прават проблем ако носиш 2 (помали секако)? Знам дека треба за бебе пелени, влажни и маст; читам повеќето пишуваат за павловичева, мора баш таа? Јас си земам од Babylove ultra sensitive со цинк, некако ич не ми се допаѓа павловичевата. Евентуално планирам и тетра да земам, сакам да си го држам бебе на неа ако дозволуваат. За мене доволно е: пешкир за туш, пешкирче за лице, козметика за миење, паста, четка за заби, четка за коса, стегачи, шноли, облека за излегување. Си земав и Вир улошки, но не најдов мрежасти гаѓи. Каде има од мрежастите со сигурност? Планирам да си носам моја спаваќа, си земав со откопчување за доење. Исто така, планирам да си носам и мои папучи. Не прават проблем со спаваќи и папучи? Планирам да земам и нешто ситно за грицкање, ќесе бадеми, ќесе суви сливи, барчиња, колку да се каже. Вода штом може. И тоа, ваљда тие се тие работи што требаат?
На ГАК само пелени и влажни зимат, маст никаква не бараат да носиш. Јас си носев подлоги за еднократна употреба и на нив ја ставав беба да лежи. Мене не ни пребаруваа низ торбите така да што сакаш може да си земеш. Нема потреба од спавача, бидејќи секој ден ти даваат нова, а можеш и ти да си побараш ќе ти дадат, папучи јас од дома си носев и не прават проблем.