Мене торбата и ташната ми беа цело време со мене во просторијата каде што се порагав до мене. И тел одма ми го дадоа додека лежев на бокс тие 2-3 саати додека треба да лежиш на бокс јас цело време зборев на тел.
Папучи обавезно земи си а спавача носи си за секој случај ама даваат нивни, јас мојата не ја употребив.
Spoiler: Модел Од Стружанка, супер е, како фустанче е. Се откопчуваат копчињата од двете страни. Имаше и пижами, ама не сакав ништо со ластик, иако убаво изгледаа.
Можеш што сакаш да носиш. Јас почнав природно, па завршив на царски. Од предпородилна, до бокс, па до операциона сала, после тоа шок соба и на крај на одделение, константно има болничарка која ми ја носеше торбата. Во однос на мрежеситете гаќи јас купив од ДМ ама тотална утка беа. Пробав вториот ден да ги облечам, ме стегаа и уопште не ми беа лагодни за носење. Маст за бебе не ти треба исто и спавача, супер се нивните, секој ден нова. И на мене исто ми завршија работа подлогите бекутан за една употреба, ем јас лежев на нив, ем бебето си го пресоблекував кога беше со мене. Да знаеш дека дур не се породиш не ти даваат ни да јадеш ни да пиеш. Вода и чај евентуално обавезно да имаш за после пораѓај, устата барут ќе ти биде. Инаку на ГАК е супер, јас сум стварно позитивно изненадена
Не. Ги пријавуваат во рок од 24 часа, се вадат во управа за водење матични книги, зградата кај Стоне Бриџ хотел
Мене па одма кога ме однесоа во соба ми рекоа да јадам за да може да ме станат. А за гак се согласувам и јас сум мн позитивно изненадена од персоналот.
Ама ти природно си била. Јас царски завршив. 24 часа ништо не смееш да јадеш. После тоа само лесна храна
незнам за во која тема ми е прашањево,па слобоно преместете... За тие што се породени во Чаир царски,маска (медицинска,не за кислород),мора да се носи? Така сум испаничена,што ми иде дома сама да си се породам...
Фала за одговорот,да знаеш само кхви паники ме фатија последниве саати,си се изнаплакав.Незнам дали би можела д а издржам нешто такво со две маски(да требаше де...). Благодарам уште еднаш за одговорот!
Опушти се, џабе ние што ти збориме, самата мораш да си се смириш, а верувај сега ми е ко низ бунило и самиот чин и болките и припремите, ќе помине брзо баш како царица само отпосле помош за станување, околу бебето, сама да си стануваш и движиш. Само храбро и кога ќе го видиш малото човече, твојот цел свет ќе заборавиш на сета мака, болки и офкање.
Се породив во Чаир на 12.08. Лежев на патологија пред пораѓај, за персонал и хигиена само пофални зборови. Завршив царски. Доктор Кировски ме породи, и за докторот и за шок соба немам зборови исто. Меѓутоа кога на неполни 24 часа од операција ме префрлија на оделение, почна пеколот. Оставен сам на себе, со болки и рана, плус бебето ми го оставиа одма, само за хранење го земаа. Сестра да најдеш или да те слушни дека викаш, па од 30 минути до саат ке си поплачеш, ке викаш... Ужас, едвај чекав дома да си дојдам. Си дојдов дома, 3 дена после пораѓај. За два дена развив симптоми, позитивна сум. Фатив корона од болница... Страшна работа, ниту детето можам да си го дојам ни да се грижам за него.
Со лесно мајка... чувај се. Ова и мене ме плаши. Јас на ГАК планирам, меѓутоа за момент заборавам дека и постои вирусов затоа што сакам да се концентрирам на др работи, а пак од друга страна кога ќе ми текне дека не дај боже, ама не дај боже може да се закачи морници ме лазат.
Женски сите што се плашите поради ковидов, да знаете дека на ГАК сите родилки прво ги тестираат во приемна амбуланта, па после ги примаат. Ако им е нешто сомнително на резултатот, уште 2 пати го повторуваат тестот. Нема качување во предпородилно дур немаш негативен тест