И за колку време однапред резервира? Јас колку што знам не може уште сега да се резервира за на пример после 2-3 недели да одиш. Ако ти сакаш да резервираш за 10ти окт пример, можеби некоја жена ќе ја примаат на 7ми октомври и ќе лежи до 11ти - 12ти. Не се знае нели тоа. Затоа на ден пред прием ако има слободен ќе ти дадат да резервираш. Ама тоа само од денес за утре да резевираш. Вака нема сврха да ти го чуваат толку време. Барем мене вака ми објаснија
Не може апартман да се резервира унапред, само тој ден кога ќе те примат ќе нагласиш дека си сакаш апартман и толку 50€ Од ден е
Мислам резервацции не примаат, тоа чисто ако ти се посреќи во моментот кога ќе дојдеш да се пораѓаш да е слободен еден за тебе и ќе си кажеш.
Јас скоро се породив и се мислев за апартман, па се распрашував. Нема резервирање пред време, дента кога ќе те примат ќе кажеш дека сакаш таму. Место има зошто ради ситуацијава нема посети и не се барани многу апартманите.
Не сакам да звучам како сноб, директорот ни е куќен пријател години, сите ги има породено..... На тој основ мие резервиран апартманот
Баш се разочарав. Убаво пројдов прошлата год, ама на друго одд. Мислев сега за пораѓај пак таму, ама со коронава не. Фала ти
Искрено да ти кажам јас ама ич не поминав добро. Толку сум пишман што бев таму, не можам ни да ти опишам. Има многу задоволни од таму и јас затоа се одлучив, зошто и ради проблеми со анестезии ајде, реков постручен персонал. Освен др.што ме породи, се останато беше катастрофа. На прием потпишуваш дека немаш корона ама не те тестираат. Однос на сестри, хигиена, однос на болничарки, акушерки, педијатри, храна ама баш се беше катастрофа. Премногу жени, пренатрупано беше. Додека лежев пред да ме породат на патолошка, од што немаше место на одделение, една родилка со бебето ги сместија на патолошки оддел. Ако некогаш се одлучам за второ дете или било каква операција да треба, Чаир не доаѓа во обзир апсолутно.
Истото мислење го делам и јас, со тоа што јас со првото бев на Гак и ајде овде као подобро. Исто е, жалосно но за третман како што треба да има една трудница и тазе породена мајка морра да се плати приватно, или евентуално да ти се посреќи, пошо гледам задоволни има од државниве
Ако ви е пријател срц. Ако на денот за кој ти е резервиран апартманот се погоди зафатен(пример јас лежам веќе во него и треба да останам уште ден-два) мислиш ќе дојдат да ме иселат за ти да влезиш?! И кај нас има еден апартман. Ама кога свекрва ми се разболе и мораше да лежи на одд, апартманот не беше слободен и мм не можеше да го изнесе веќе лежечкиот пациент и да ја стави мајка му. Кога после 2 дена се ослободи таа соба, тогаш ја префрли мајка му таму. А мм не само што е докторот што ја лекуваше мајка му, туку е и началник на одделението на кое она лежеше. Распрашај се убаво кај директорот. Кога се оперирав и јас у Чаир исто вака ми рекоа. Ако е слободен ден пред прием ќе ми го зачуваат. Ама уште од сега да резервирам за следниот месец нема шанса
Во Гак (пред 13 денови) јас бев само со една родилка. Една вечер поминав и сама. Имав тежок пораѓај и со исклучок на професорот за кој зборував во темата Породилни, сите останати од персоналот, беа повеќе од добри и љубезни со мене. Ова е мое прво искуство во животот со болница и искрено не можам да се пожалам, баш напротив. Она што јас би препорачала да си носите покрај основните нешта (како пешкир, козметика, улошки, марамици, тоалетна, папучи, адаптер за мобилен), е да си земете дукс или наметка бидејќи застудува во спавачиците. Секако и чорапи. Спавачица не ви треба ваша, постојано носат нови. Мрежасти не ви требаат, јас понесов, но не ги искористив, едноставно подобро е без нив. Спакувајте си 0.5 шишенца вода и чај (лично немав претерано сила да кревам литро ипол). Обавезно спакувајте си тоалетна. За бебушот бараат само пелени и влажни, не би носела ништо друго, ептен ако видиш дека има потреба за нешто, секако можат вашите да ви донесат.
Многу ми е мило за сите кои имале добар третман и многу ми е криво за сите што поминале како мене, зошто никој не заслужува таков однос во таква ужасна и психичка и физичка состојба.
Дознав дека на трудница вчера и барале брз тест од аптека, го направиле во болница. Значи може и така. Баш ми е жал што си прошла лошо. Другарка баш на ГАК пројде ужасно. Ама стварно не знам што треба да се промени за да имаме подобро здравство. Јас бев на преглед на ГАК во пон и немаше гужва, све по термин и докторката све си измери. Не знам што да речам. Се најдобро ти посакувам.