Јас се породив на ГАК лани во март и бев во соба со 4 жени која беше наменета за две и практично си дишевме во врат. Хигиена нула, персонал катастрофа и врие од бубачки. И со првото се породив во старата болница и беше неописливо страшно. Се шетаа лебарки и гулаби на кои им имаа дадено имиња.....сестрите дежурни по 18-19 години на стажирање и оди па да научат нешто.
Феминки, Дали има некој тазе со искуство во Чаир за породување, ама да зборуваме реално без врски да отидеш како најнормален пациент. Се мислам дали таму да се пораѓам, а неам некој со потазе искуство, а од порано слушам убави коментари...
Jas imam iskustvo od poragjaj tamu bez vrski, doktorot od koga me primi se do poragjaj bese okolu mene, piztivno iskustvo imam od tamu.. Uspeaa so golemo bebe da me porodat prirodno i zadovolna sum od negata posle poragjaj..
И јас немам врски и затоа ми е страв да идам Чаир или Државна :/ па се мислам за Санте плус ... ако може некој да даде совет во врска до ова
Санте не ни бега, ама ја мислев да соберам храброст за во Чаир пошо слушам дека е океј, па со тие пари ќе изнакупам се што треба за бебушот ќе ми дојдат екстра хахах, прва бременост ми е па пуста храброст треба да соберам, секаде ќе боли исто свесна сум за тоа, ама бар односот да им е човечки - сепак треба да ни покажат шо треба како треба со бебушите да праиме.... Зашто триста приказни се изнаслушав како никој не те погледнува во државниве клиники и најмногу би платила за човечки однос во тие моменти искрено.... Незнам... Збунка сум целата
јас имав позната докторка во ГАК,ама не ја начекав на смена,така се погоди,преубаво поминав,за пола саат бев породена,и тоа немаше доктор во близина,сестра ме породи имаше уште една на помош
I jas sum na isto mislenje, deka so parite sto ke gi dadam na privatno se ke iznakupam. Samo da e se vo red, pa i da ne znam nikogo ke odam, belkim nema da me ostaat ne porodena ako ne poznavam nikoj
Jas imam malku postaro iskustvo od pred dve god so vtoriot decko, isto bev bez vrski i super pominav, so prvoto isto bev vo cair ama vo starata bolnica i bese horor film, vo novata super sredeno sestri celo vreme, personalot super, doktorot isto taka, a i babicata sto mi se pogodi bese srcka , i sega sto citam na face zeni site se falat, so lesno
Ајде де ќе купуваат баба и дедо се што треба ))) Да се јавам телефонски во Санте ќе ми одговорат ли на некои прашања или мора лично ??? тебе кога ти е термин ???
E Sante veruvaj carski kje zavrsis, jas do sega ne sum cula tamu nekoja da rodi prirodno dali stv do tolku komplikacii sekoja zena ima, ili sakaat da si lapnat pari, a zalazuvaat so tie 850 evra poragjaj
Хахаха, ќе купуваат секако Па валда одговараат телефонски - незнам, мене ми е термин крај на септември има време и затоа не сум се распрашала, само знам дека др.Јегени е таму и премногу го фалат дека инсистирал на природен пораѓај секогаш и е бивши директор на Чаир и одличен специјалист, ама за Чаир се мислам сериозно да одам таму - сигурно нема да бидат до толку лоши вработените и ми треба поддршка за таму - за Санте или другите приватни е најлесно - кеш на каса и ќе те тинтрат колку сакаш... Се извинувам на сите останати феминки, знам дека темата е државна или чаир, а не приватните клиники можеби повеќе инфо за Санте ќе најдеш во темите за приватните клиники. Поздрав и со лесно
Исто. И да се надоврзам дека дури не познавам некој што излегол од санте и нормално да дои. Или се на ад, или комбинирано... Лично од луѓе што познавам се сите царски таму, а и три од форумов запамтив како најтазе породени таму, сите со царски и ниедна не дои нормално. Дали е случајно или не, не сакам да судам, ама искрено мене ми личи на пропаганда.
Decki od koja nedela se ide na pregledi vo cair. Kako ide procedurata tamu. Maticnata drygata nedela upat treba da mi dade pa neznam kako ide so pregledi ctg...
Јас одев од 37ма недела на цтг, матичната ти прави упат кај кој доктор сакаш и си одиш на цтг таму, па после чекаш прегледот од докторот. На пример ако ти е закажано во 12ч, одиш во 11:30 и влегуваш на цтг, па после таман на терминот закачан ке си дојдеш на ред еднаш плаќаш 150 денари, после со истата уплатница си одиш на секое цтг и преглед до 40та недела одев еднаш неделно, после одев на 2 дена, па веќе почнав и на еден ден последните денови