Неколку прашања имам. - сопругот никако не го пуштаат? Т.е виде ли ти посета кај барем една родилка? - дозволено ли е све да ти оставаат долу ( пиење, грицки или нешто ако ти затреба)? - да не е многу топло по собите? - кога ќе дојде сопругот да го изнесете бебето дал чека долу или го пуштаат горе тој да го земе? - вецињата во соба ли се, или надвор во ходник?
Од моето искуство доле може да ти остават за јадење грицки, вода и слично, собите кога јас бев беа претопи ова октомври, иначе не пуштаат горе доле ќе те чека мм, една сестра го облака бебето и го дава на мм.
Ич не ми се свиѓа ова што не го пуштаат сопругот на одење да си ги види мама и бебе заедно. Убиваат многу емотивен и важен момент. Сфаќам дека е пандемија и ја поддржувам политиката на недозволување посети, ама бар со негативен тест на таткото ова да го дозволеа.
Значи сестра ќе ти го облече бебето во комплетче кое претходно ќе ти го донесат? Нема да не испуштат а бебе да е само завиено ко кифла,т.е необлечено во она што си предвидел. Или па да те остават сам да го облечеш.
Тоа у чаир е така само изгледа... На ГАК сопругот се качи, однесе облека и транспортер, сестрите ја облекоа бебка, си се симнавме надоле гушнати тројцата
Е стварно ко кифлички се кога ќе ги завиткаат целосно во пелени По државните мислам уште така ги виткаат дури се во болница, баш пред некое време од една познаничка така беше сликано бебенцето.
Сестра ти го облекува доле во она што ќе ти донесат, и ќе ти каже се, тука те чека мм прајте некое фото и си одите дома
Ама грдо стварно ако е вака во чаир, јас на Гак се породив лани и тоа во најголемиот ек на пандемијата, па мм за земање го пуштија горе во ходникот се качи и не пречека. Хаха не, иде сестра пред да ве испуштат го облекува бебето тоа што имаш спремено или мажот што донел, го дотерува како кукличе некое, ќе го замота во ќебенце, го мести во транспортер и она го предава на таткото.
Во Чаир седите сите мајки во една просторија долу, позади еден шалтер, ви носи сопругот алишта за вас и бебе, се облекувате вие, доаѓаат сестрите со бебињата, кога доаѓате на ред, ја викаат мајката внатре кај бебињата и заедно мајката и сестрата во соба го облекуваат и читаат податоци. Штом е готово искача мајката и сестрата со бебето во раце и го ставаат во транспортер што го носи таткото кој чека во ходникот што се наоѓа пред собата кај што се бебињата. Да се нормални луѓето (бидејќи доаѓаат по 10 луѓе) треба да чекаат надвор сите а татковците да влегуваат во ходникот само откако ќе бидат повикани, ова не беше случај јас кога излегував со бебче и на два пати им свикав на луѓето да излезат надвор зошто има ковид протоколи, ама не разбираат. Посликовито од ова мислам не можам да објаснам. ПС се породив пред помалку од месец и од се сум задоволна од Чаир (освен ова последново ама јбг не се вработените криви туку роднините наши)
Дозволено е да ри носат, но мене ми ги украдоа првите достави, нека пишуваат на ливче за кого е тоа и да се споени кесите. На искачање ќе донесе маж ти работи за тебе и бебето во кои ќе искачате и транспортер. Ти ќе се пресоблечеш позади шалтер, а во една простпеија по ред ги облекуваат бебушки они таму, но ти ќе бидеш со нив ама само ќе гледаш. И документи ќе ти дадат за бебето тогаш.
Верувајте,нјадобра опција е што не го пуптаат сопругот!! Ако вие имате обзири,има жени што емаат,па цела фамилија се влече со се свекрва(if u know what i mean). Башка,сега се ви изгледа романтично,емоционално...Кога ќе се породите,ќе имате болки..и замислите да ви се мота нечиј си маж,па гласно...па у ходник гужва. Супер е вака,многу е чисто.Тие у скоро што ќе се пораѓаат,ќе ви биде и украсено,има мн убава елка во ходникот @Bubce38 инаку,топло е но нормално топло не прежешко. Купатило е во собата. За бебе облекување,више пишале да не се пофторувам. Во апп.имаше колешка на докториве(мислам сестра некоја).Единствено што и попуштија беше букетот цвеќе во апп.и го однесоа.Инаку несмее цвеќе(ради алергии).Посета ни таа немаше,само поише сестриве се врткаа(нели,колешка). *За мајките што ќе одат царски:да не се исплашите коа ќе почне да се чисти анестезија,ќе осетите нешто 'тешко' врз мешето.Тоа е торбиче со песок врз раната за да се залепи се убаво. За сите што планираат чаир,се е супер,не се секирајте.
Е фала ти и тебе и на останатите кои споделивте поскорашни искуства. И јас сум да нема посети. Ама за никој!! Прво се "секирав" како без посета, ама па што вели и мм, тоа е за доброто и за родилките и за бебушките. Прво бев одлучна за апп да земам, ама штом и таму нема посети поарно ми е у соба, бар ќе имам муабет да врзам со некој
Кога се породив јас, пред 5 ипол м, повеќе ни ги носеа завиткани така, многу ретко во шпихозни. А ми рекоа дома така никако да не го виткам.
А треба да носиме шпихозни или друга некоја облека за таму. Или тетри да носиме? Јас ништо од бебешка гардероба немам спремано за во болница. Освен комплетчето за кога ќе си одиме дома
Не ништо за бебето облека немаш потреба да носиш они таму ги облекуваат во нивни. Само памперс за бебето твој треба да носиш.