Не. Ништо не носиш ти ни облека, ни тетра, ни ќебенце. Само памперс и евентуално павловичева и влажни. Но, она што ми беше криво таму е што за моето јас купив памперс актив. Кога ги менуваа одеа акушерките по соби и собираа пелени. Еднаш го расоблеков моето и му ставиле кан бебе памперс. Сакам да кажам, не се замараат. Значи спремаш дома што ќе носи бебе кога ќе искочи од болница и дента кога ќе ве зима маж ти, ги носи во болница.
Истото го прават и во Гак. Од мајките земаат пелени, ама не значи дека во таа ќе заврши твоето бебе. Земаат колку да имаат, за преслакање што им се фати прво од купчето, тоа им ставаат. Можеш од најефтините да носиш, кога веќе ги собираат сите на куп и не се замараат кој што дал.
А, треба нешто на ГАК од облека за бебе? Тие што се природно ги даваат бебињата одма на мајката, да земам ќебе, или уште не се до таму напреднати? Така збореше докторот на онлајн часот на Лулка. Или не сањај.
Во Гак исто така ги облекуваат во шпикозни, нема потреба да носиш облека, на излегување сопруготе донесе и за него. Јас се породив во септември, топло беше, а во бебешкото креветче имаше тенко ќебенце. Ако сега периодов има потреба од подебело ќебенце, верувам дека водат сметка околу тоа. На мајките што дојат, им ги оставаат бебињата скоро по цел ден.
Јас носев некои 10-15 парчиња, а голем дел дадов за други деца за мајките што не носеле за свои. Рачунај околу 3 дневно. Не ги менуваат почесто од тоа. Јас со царски бев, бев некои 3 дена
Pampers i vlazni samo za bebce trebaat, jas na gak se porodiv pred mesec dena, imam pogore napisano sve sto treba za vo bolnica Pet dena bevme vo bolnica po dvapati vo den go presoblakaa, imase bodi po dolgi rakavcinja i vrz nego spikozni po dolgi rakavi i nogavici
@Bubce38 гледам дека си исто по малку збунета како и јас што бев пред да се породам. Види и да заборавиш нешто, многу лесно твоите ќе донесат. Значи има жени кои ради болки, неплански доаѓаат без ништо, па се се надокнадува. Јас многу се мислев вака, и не дека беше џабе ама и немаше потреба толку. Гледај да е со тебе телефон, полњач, вода, влажни марамици и тоалетна и нешто за грицкање. Тоа е нешто што од старт ти е потребно. И секако папучи свои носи си и ако можеш спаваќа/спаваќи. Облеката со која ќе те примат ќе ја вратат по твоите. Само опуштено, немаш никаква потреба да се стресираш. Ако нешто сакаш да прашаш, јас сум ете скоро породена, слободно прашај, не се устручавај.
Јас не сум од Скопје. Ќе одам на договорен царски најверојатно. И планот е и мм да остане Ск. Ќе спие там во хотел. Моите исто Не се од Ск. Они не ни возат кола, така да ќе им треба време да дојдат ако ми затреба нешто ( што не може мм да го купи пример од Ск). Затоа сакам све да ми биде спремно и кога ќе тргнеме на пораѓај све да бутнам у кола. Значи, спавачи свои даваат, така? Колку да земам одприлика?. Мене мама ми ги шие, па да и кажам колку да ми сошие неделава
Земи си едно мало пакетче Памперс и влажни , па колку се искористи толку , ќе си ги вратиш , подобро збори им да го пресоблекуват често не на 10ч како што знаат За тебе опреми се најважно е Вода , грицки , овошје , лабело , Полнач тоалетна , плус влажни за тебе , влечки , спаваќи земи 2-3 , ама ти со царски ќе си може и пижами да си спремаш , пошто ќе носиш обични гаќи и доле не те ни гледат . Дават и од болница , ама ја мои си облекував , бар кај нас во болница беа трагикомедии спаваќите отворени скрос речиси сите беа. За туширање земи си некој бебешки шампон најдобро заради раната да не ставаш јаки хемии.
Нема ништо што не може да се најде во Ск, не се секирај. Најмногу ке треба да ти носи вода, сокови и нешто за јадење. На мене докторите ми рекоа бејк ролс да ми носи (но, јас немав апетит). Јас носев само една спаваќа. Ти носи си повеќе. Не дека од таму не даваат, но бизарни се, со цицките да им мавташ на докторите слободно. Јас крварев доста, се потев, за 1 саат ми се прљаа. Вир влошки носи 2, 3 пак.
За облека најмногу ми беше битно што треба да се носи за мене и бебе. Дека ќе нема кај да се пере суши и пегла. Ќе си спакувам јас фазла работи, па нека стојат во кола и како ќе ми затребува нека вади од куферот
Не знам што планираш да носиш за бебе, а за тебе земи нешто што се облекува лесно. Доле стпејќи ќе треба да се облекуваш
Ко што читав во чаир планираш, земи си и оние подлоги за пресоблекување еднократни со тебе мене ми се најдоа за под мене си ставав ако крвариш да не седиш на крвови додека ти сменат чаршави. Јас лани природно седев 1 ден само во болница па не ми ги ни сменија тие ми се најдоа ептен
Аха. Значи некој хеланки и туника ќе биде најзгодно да облечам. За бебе си велев да ставам тетри, ќебенце, чаршафче...да ми де најде за по пат. Околу 200км имаме за возење до дома. Лелееее кој знае како ќе биде по пат Мм планира да замоли да дојде една колешка ( бабица е она) кога ќе излегуваме од болница. И она да се вози назад со нас. Ни е страв да Не не знаеме што да правиме ако почне да плаче тие 2 сааата дур се возиме. Ќе збудалам веќе од мислење и грижи
Немој не се грижи толку и не си стварај стрес без потреба. Земи си цуцла за бебето и ако плаче по пат ќе му ја дадеш, нема да можеш да го извадиш од транспортерот бидејќи не е безбедно. И да плаче тоа е, исто и јас сум од друг град се породив во Скопје, бебето плачеше по пат, среќа носев цуцла со мене и му ја дадов и одма си заспа.
Да, нешто онака, баш само да навлечеш на себе, и обувки лесни, да не се напрегаш. За бебе да, тетри 2-3, ќебенце, можеш ете и резерва шпихозни ако помине кака или бљуцка. Само во кола не го прегревај, на пример да е наоблечено, па ќебе, па греење до максимум. Тррба како на тебе, така и на бебуш да му е пријатно. Ако сакаш викни некој да иде со вас, но кога ти ќе бидеш тука, сите други се без потреба. Ќе јаде, ќе заспие. Па у кола па најмногу спијат. Деновите во болница што ќе бидеш со бебуш ќе ти бидат доволни да се навикнеш. И еден совет да ти дадам ете најдобронамерно, те молам не ме сфаќај погрешно. Не се ослонувај на други луѓе и немој да мисчиш дека нема да знаеш што да му правиш. На пример колешката да е тука, бабата да е тука... Никој нема да знае подобро од тебе што да му правиш во моментот. Сега не мислиш така ама кога ќе се породиш ќе биде поинаку. "Ќе си фатиш ред". Татковците се најчесто изгубен случај, мпјпт кога искочивме од болница го држеше како да беше од стакло и до дома возеше со 30 брзина. Јас немав гајле. Да ти напоменам дека јас не сум дечарка по природа, во фамилија немам мали деца. Бебе само на филм имам гледано хах. Од старт одев со мисла дека јас најдобро знам и така и беше. Дома кај мене дојде золва ми, она има 1 ипол годишно дете и ете нежи ајде има искуство ама јас многу различно се поставив од неа