Не ме пораѓаше Шурлани, ама беше дежурен откако ме породија и дека имав некои компликации, идеше да ме проверува. Докторот е супер, многу пристапен и грижлив, прав професионалец.
Според моето неодамнешно искуство на двете места , можам да го кажам следново: Во Чаир персоналот е многу пофин за разлика од оние на клиника (особено тие што ги чуваат бебињата). Во Чаир пред да те пуштат дома ти прават ехо, на клиника не! Во Чаир прегледуваат (со рака) само кога ќе видат реална потреба од тоа, на клиника секој што стигне те прегледува Во Чаир му даваат млеко на бебето ако сакаш да ти го наранат, на клиника ако видат дека имаш млеко те тераат да го доиш иако ти се разранети градите Во Чаир ги бањаат бебињата секој ден, од кои еден пат во соба за да видиме како треба, на клиника не ги бањаат воопшто. На клиника сама му менуваш пеленки на бебето и цело време ти е чисто, во Чаир само сестрите смеат да менуваат а тоа го прават по 3 пати дневно ( а треба по 10 пати!). На клиника бебето е во шпикознички, во Чаир е замотано како кифла и не може да мрда На клиника му ги ставаат двете вакцини пред излагање, во Чаир не. На клиника на прием има 5 ЦТГ апарати, во Чаир е само еден (се чека). На клиника се во соба по 2 мајки, во Чаир по 4. На клиника храната е малку подобра, во Чаир е многу лоша па ако не си носиш ништо ќе си гладуваш дур ти донесат! (Секако и за двете места нека ти носат храна). На клиника има ТВ во собите , во Чаир не ( не дека е многу битно ). На двете места е чисто, воглавно на двете места реновирано, болничарките се многу фини, даваат постелнини и спаваќи… Кај и да одите болките се истите, ама…Ако има трет пат, јас би пак на ГАК. Евентуално да пробам на некое трето место
*Во врска со вакцините, и во Чаир ги ставаат двете пред да те пуштат од болница, ако детето има доволно килажа според тоа што треба да има.
Јас, породена пред две недели, моето беше вакцинирано, на цимерката и кажаа дека со килажа помалу затоа не му ја ставија др вакцина.. Ова што слушнав, така кажувам..
Здраво на сите. Чисто да пишам за оние кои се мислат и им се потребни инфо за пораѓај. Вчера се породив на државна, со близнаци. За сите кои се прашувате како е што е, до сега имам само пофални зборови за сите, ама буквално сите, од сестри и доктори на прием до пораѓај, до интензивна нега и сега во соба. Се е чисто и нон стоп чистат, сестри постојано доагаат за се, и за што и да ви треба се тука, било кое време, собите се преубави ☺️ Што и да ги прашаш се одговараат ти помагаат, обајснуваат. Единствено проблем овој период е тоа што може поише да седиш на интензивна бидејки болницата е преполна, ама ништо страшно. Чиста постелнина, чисти спавачи, вц во добра состојба. Во глобала многу сум задоволна од се, да знаев воопшто немаше да читам и да се потресувам што, како ке биде… и следен пораѓај без размислување би дошла тука ☺️
Да прашам некоја тазе породена во Државна...што треба да се спреми за бебе и за мајка за во болница? Исто дали има услови доколку заборавиш нешто или па за јадење, вода да ти донесе некој ? Сега овој период ради коронава не ми е баш јасно како одат овие работи иначе имам искуство од таму ама пред пандемијава. Фала ви и честитки за сите нови мами
Да може да ти донесат храна и што и да ти е потребно. Ова вака функционира од почетокот на пандемијата. Не знам како било порано, но сега се оставаат на влез и после ги носат по соби
Neka se zivi i zdravi❤ mene me interesira dali na gak pocnaa da primaat i drugi trudnici ili seuste se samo pozitivni na korona?
За бебе само памперс и марамици. За тебе најбитно, влечки, влошки, марамици, вода и ладен чај за првиот ден обавезно ( се друго ке ти донесат отпосле твоите ), козметика ако сакаш нешто. Друго не ти треба, а и да ти притреба може да ти донесат твоите.
Добро утро почитувани членки би сакала ваши искуства за предвремено породување на гак... Од нормална бреност наеднаш се претвори секој ден лекари во последниве 3 недели различни размислувања и ставови на докторите... Еве примам инекции за зрење на плод 32 недела сум ми се намалува плодовата вода, нема добар прток од папочната кај бебуш... Ова ми е 2ра бреност и некако за разлика од првиот пат безгрижноста за што како ќе биде овој пат сум преплашена... Ве молам некоја од Вас искуство какво е во Гак во тој поглед, искуство со предвремено породување дали ќе смеам бебче барем еднаш неделно да видам... Ви благодарам од се срце убав ден
Јас се породив предвреме 34+5 со близнаци. Ке останат на интензивна јас ке си одам, прашав и ми кажаа дека неможе посети само телефонски информации, најверојатно поради коронава, ама ке бидам упорна барем за еднаш неделно па ке видам. Инаку, за доктори би ти препорачала ГАК да ги слушаш незнам кај кој си сега, јас од мојот сум презадоволна. И мене ме мотаа со различни размислувања, на крај излезе се што кажа докторот на ГАК. Мое искуство ☺️
И мене одев систина таму првиот пат се породив и докторката ми беше топ... 2риов пат избегав матична во санте кај Универзална Сала бидејќи ми беше блиску... Одам кај доктор Адамова за ситуацијата и Гак Др. Самарџиски, Либринова ме прегледува... Во Санте викаат мора почест мониторинг, а гак 1 неделно...честитки на породување многу здравје ти посакувам тебе и на твоите бебушки нека се стално среќни и здрави.
Te molam ako. Mozes info kako pomina so poroduvanjeto carski li bese has bev prvot pat carski I za. Kolku dena te pusti ja od bolnica. Shto noseshe za tamu da znam cisto nesto da srepam da ne gi fati doma panika
Царски бев бидејки и двете беа карлично. Операцијата помина супер, јас кога си го видов докторот се ми помина. ☺️ торба не зедов зошто бев у паника па ја донесоа на интензивна кога бев. Дојди си спремна со торба подобро, влошки обавезно, памперс, марамици, вода, ладен чај, влечки ти е најбитно. Се друго може и одпосле да ти донесат твоите. Уште сум тука јас, најверојатно утре си одам. На 09ти се породив значи 4-5 дена и те пуштаат ако е се во ред.