Па да, реално може да ме остави вечерта јас дури утре дента да се породам. Нема во кола да седи сигурно да чека
А кога ќе отидеш не те сместуваат прво на предродилна или како и да се вика? Не те носат одма во родилна сигурно
Мене кога ме примија со работите прво ме сместија на патолошка ама тоа беше 1 саат после во родилна не ми дадоа ништо со мене. Кога ме вратија во соба после пораѓај ми ги донесе болничарката сите работи меѓу кои и телефонот.
Не. На гак цело време ми беше торбицата пред очи и телефонот во рака. На бокс и го дадов на болничарката, ми го остави во ташна и после ми го даде додека лежев да си се јавувам. И после бокс со торбицата ме однесоа во соба
Да, ама јас за пораѓај отидов не на договорено за патолошка веќе бев во болки ама сепак ми рекоа да си ја земам торбата со работите и ме ставија на патолошка на цтг таму 1 саат бев па во родилна.
Momentalno sum vo cair, pravev serklaz. Vo soba vcera bev so 3 trudnici. Gi zemaa site 3 so toa sto im rekoa samo da si gi spakuvaat rabotite i otkako se porodija im gi odnesoa na porodilno zaedno so telefonite. Inaku prvo gi smestija 1 den na patoloska pa posle gi prefrlija.
Да, така и мислев. Не може торбица да се донесе после пораѓај, и влошки и средства за хигиенаци се е внатре. Може додека да те испуштат никој нема да може да дојде.
Те носат на цтг да те проверуваат, зависи од ситуацијата, торбицата ќе ти ја остават на приемно доле кај сестрата додека сопругот дава инфо за него. Кога ќе се породиш те носат во соба и ти ја носат торбицата.
Дали во ГАК пред да те испуштат, даваат совети во врска со грижа на папочето, како да се става бебето да спие, доење/хранење, дали се дава вода на бебе или не и слично?
Не. Ништо. Само ми дадоа картонче и пишуваше кога на ортопед, а кога на педијатар. Друго ништо не ми објаснија. Читав на форумов.
Мене ми седеа во патолошки оддел и ташна со новчаник и торбица, каде шро бев примена една вечер претходно, а телефонот на наткасна до кревет ми остана. Претходно ставаш се на едно место во шкафче во соба, па после ти ги носат после пораѓај. Јас дека со царски, тел, полњач, слушалки и вода ми донесоа во шок соба, а остатокот во соба кога ме сместија.
Јас незнам ни каде по државниве кажуваат, во Чаир мислев ќе ми кажат таа ни млеко колку ни бањање видов ни за папоче ми кажа ништо го облече дури сакаше да ми го даде во раце детето се брзала неможела да почека маж ми да го викнам од надвор со транспортерот
Добро, а кога се оди прв пат на педијатар? За да се запише новороденче нели прво треба да има извпд, а за извод се чека не го даваат истиот ден? И еве како да знам за третирање на папоче, за спиење, за доење? Да прашувам баби и тетки што кажуваат дека после млеко бебе треба да пие вода, или дека ако ика да му дадам лимон? Или да се информираме на интернет каде што пишува се и сешто и не знаеш што е правилно а што не. Срамота ова што не даваат никакви насоки Се изнервирав
На педијатар првата недела од раѓање ќе одиш со картонот од болница шо ќе ви го дадат За се друго тука е форумот