Како и да е во понеделник имам преглед со Илиевски, ке го распрашам , би си платила, ако не ке барам чаре
Немаат анестезиологот кој што е обучен за епидурал ама имаат надворешни кои доаѓаат само треба да си платиш 150 е
Еве за сите кои ги интересира да знаете дека во Чаир има секаков вид на анестезија, проблемот било ако во 3-4 сабајле треба да се пораѓаш имало само еден анестезиолог за сите трудници. Така рече доктор Зоран Илиевски Со лесно на сите ❤️
Баш денес разговарав со две женички додека чекав и кога им спомнав за анестезијава ми се изнасмеаа и двете пошто не се информирани за истата, во право си треба да си бараме.
Па досега стотици трудници од тука се породиле таму и ниедна не добила епидурал,а барале.Јавна тајна е дека даваат со дебела врска и пари во џеб.А ако анестезиологот е на операција (царски) или друг хитен случај, онда ни врската не може да помогне, пошто е еден на смена.Цело време тоа се збори дека анестезија има,персонал нема.
Мене ми рече дека од сабајле имало персонал и тоа добро обучен, спремен, али еден дежура ваљда 3та смена.. Како и да е, јаки сме ние, спремни сме на се и неиздржливото го издржуваме ❤️
Ај и тука да си прашам, многу се мислам што да правам за породувањето, едната опција ми е Ремедика, а другата ГАК бидејќи имам врски (колку лошо и да звучи ова ). Знам дека темава е за ГАК или Чаир, ама бидејќи не најдов тема за споредба помеѓу приватно и државно, би можеле ли да ме советувате за каде да се одлучам? Извинете што малку отстапувам со прашањево ама многу би ми значел секој совет и мислење
Искрено повеќе доверба имам во државните отколку во приватните. Прво не прифаќаат никаков ризик дури и ако си позитивна те праќаат на ГАК а да не збориме за не дај боже ситуации, пак те транспортираат на ГАК. Но, искрено ти посакувам се да биде во ред. За нега и хигиена верувам дека во приватните е на повисоко ниво. Ти посакувам лесен пораѓај кај и да одлучиш.
Јас со врски стриктно договорена за епидурал, но на крај толку брзо од 4 до 8 цм се отворив што ако ми ставеа епидурал уште неколку саати сигурно би трпела болки да се доотворам до крај и завршив без анестезија. А болките беа далеку пострашни отколку кога излегуваше бебето. Значи понекогаш зависи и од самата ситуација и како оди целиот процес.
Имав врска на ГАК, но епидурал не добив со изговор дека нема анестезиолог. Им кажав и дека ќе платам, но не добив. Штета што во државните клиники се однесуваат ко да сме во 18-ти век, па и со болки да легнуваш на плочки.
Здраво! Некоја членка што не е од Скопје и без “врски/договор” со одбран лекар на државно, да се има породено во некоја од овие болници да сподели која е процедурата (кога се почнува со прегледи, те примаат ли без проблем кога си за пораѓај итн.) Ме интересира како сте поминале во ваков случај? Фала