има апартмани 3000 ден од вечер се плаќа, 2 или 3 се во родилно одделение, еден има на патолошка јадење носат во кревет но и во другите соби е така, нема слободни освен ако не се ослободи во меѓувреме па да те преместат, мене така ми кажаа,се породив вечерта немаше слободен останав во соба, утредента имаше испис во 11 па се преместив
Здраво, дали некој има искуство со др Нурџане во Чаир, ми се ближи терминот а нејзе ми ја препорачаа па сакам да слушнам уште некое мислење!
Здраво, сакам да прашам за искуство за породување на Гак без врски од друг град? Сакам таму да се породам но ми е страв да не ми реагираат пошто не живеам во Скопје. Матичната ми рече дека може упат да ми даде и да наведе дека е по мое барање и да почнам да одам на цтг бидејќи ми се ближи терминот. Дали имал некој вакво искуство?
Како што ти рекла матичната, така. Секако во другите градови нема никакви услови, јас имав цимерка од Кичево. Со лесно.
Предобар доктор, мене ме породи тој со итен царски, поради компликации ми ја пукнаа бешиката, следниот ден отиде на одмор, човекот од летен одмор дојде кај мене на посета и да ми објасни подетално околу закрепнувањето после 2 дена, бидејќи бев премногу испаничена.
И јас бев итен царски ради обилно крварење господинов се понашаше со мене како говедо. Мене ми остави одвратен впечаток.
Во Чаир се лежи три ноќи. Една ноќ на интензивна ( денот ко ќе те породат) и уште две ноќи на родилно одд. Ова нели ако е све во ред со мајката и бебето
Се породив на гак во Вторник вечерта а Петок после визита ме пуштија дома (со мене и се бебе се во ред), Задржуват повеќе доколку нешто не е во ред со мајката или со бебчето. Со лесно