Здраво мамички, Ве молам за информација и ваше искуство за породување во Државна и сместување во апартман. Како и препорака за сестра и доктор. Фала.
Топло ти го препорачувам Проф.Др. Марјан Стојовски А за апартман немам искуство,јас бев во соба со една цимерка. Но во разговор со блиска пријателка која едниот пораѓај го помина во соба за родилки а другиот пораѓај беше во апартман ми кажа дека немало голема разлика и грижа и се било еднакво за сите родилки.
Јас поминав супер. Бременоста ми ја водеше Марија Јоксимович. Ме породи Весна Чибишева. Задоволна сум и од двете докторки. За апартман немам искуство, бев во соба со една цимерка. Сестрите кај бебињата ти се така-така. Која ќе ти се погоди. Некои се супер, некои се онака мех. Чаршави менуваат, чиста облека ти носат и тоа е отприлика
Ај кажете ми искуства од ГАК за пораѓај ? 34 недела сум , кај Данева одев на скрининзи цела бременост, ама сега на крај ме фати некоја недоумица се мислам меѓу Чаир и ГАК.
Не сум задоволна од ГАК. По пораѓај оставена сама на себе. Јас бааѓи сечена со болки и плус искривена во кичмата ќе паднев со бебето. Немаше сестра да помине. Нит за доење нит за бањање никаков совет не добив. Ужас.
После пораѓај не го гледаш докторот освен на визита или самиот ако има желба да те види. Оставена си на сестрите.
Во соба на одделение бев оставена сама на себе. Дете пишти, јас со болки одвај станував. Доктори на визита две минути и онака незаинтересирани.
Од Гак само тие од родилна сала сум скроз незадаволна тие се се само сестри не се. На оделение сестрите супер кај бебињата исто, педијатрите исто супер. Докторот што ме породи секој ден доаѓаше да ме види. Докторката што ми ја водеше цела бременост исто на Гак секој ден ми пишуваше како сум.
Ако не е тајна, која докторка е тоа? Во потрага сум по некој што навистина би се замарал, имам долга и тешка историја и стварно ми е потребен добар доктор.
Да ти кажам немам поима како се викаше, млада беше, а и ова е пред пет години. На отпусната листа пишуваше Софија Златеска, но она само ме прими, а не беше на пораѓајот.
Јас имам позитивно искуство од ГАК после пораѓај, од сестри за мене, за бебиња, хигиена, се. Апче, инекција за болки, менување спавачи, помош за доење не побарав, само ми покажаа како и бебе си фати и таму додека бев ми беше добро со цицање , за бањање исто не прашав бидејќи таму не ги ни бањаат. Само од предродилна ми е лошо искуството, ми се дереа да не офкам и да не одам по соба, да сум си го наместела креветот и да лежам. И зависи како ќе се погодат тие со тебе во соба Мене освен сестрите што ми се дереа, ми викаа и 'цимерките' кои патем си пушеа цигари во соба