Здраво Сакав да те прашам во врска со плаќањето.Кога се дава и колку? Јас сакам да изберам и доктор и анестезиолог па затоа прашувам дали и на двајцата се дава
Јас добив информација од 50е па нагоре колку сакаш ти толку. И парите после пораѓајот мислам дека треба да се дадат во случај да не бидеш како мене да не те породи докторот да не дојде на пораѓајот. Затоа најубаво породи се па после дај им ги.
Здраво на сите Дали некој има искуство од другите градови која што се породила во Чаир ,дали е потребен упат или само преку врски е можно ,мене мојот матичен ми вели дека не е потребен ама не ми изгледа логично без упат .
Само за првот пат ти треба упат,потоа влегуваш во систем и нема потреба,се договараш со докторот кога нареден преглед .Кај мене така беше.
Бидејки мојот док.беше дежурен саб.спрема недела ми кажа во недела во 7 да сум таму ,за да ме види прегледа тој. Податоци ова она се зема,крвна слика,се испраќаш со маж и одеш на патолошко одд.Вечерта разговарав со анестезиологот,потпишуваш документи ,потоа си лежеш размисливаш со бебе како ќе се гушкаш наскоро. Во 6 сабајле во понеделник нели ме припремаа, клизма ,ова она во предродилна сала ме однесоа,таму си тераа нивни подготовки,во 9.30 во операциона сала и 10ч се роди мојата среќа. Со лесно и кај тебе.
Анестезиолог нр можеш да бираш, освен ако имаш некој што ти е врска па да ти дојде. Парите после пораѓај најубаво
Според мислењата, гледам дека од Чаир сте повеќе задоволни отколку од ГАК... Не сум од Скопје, па да знам дали треба и колку пари се дава на докторот? Дали има епидурал? Ако бебе не се сврти можно е да биде царски, кој доктор би ми препорачале и како да стапам во контакт со него? Ви благодарам
Јас вчера се породив во чаир беше закажан царски кај Ана Марија Шпишиќ, и да ти кажам одлично поминав,еве денеска веќе станав,се шетам,седнувам,бебето е кај мене и така,баш сум задоволна,јас само на преглед отидов и кажав дека кажав сакам ти да ме породиш бидејќи беше карлично и таа се согласи,за неа за пари ке дадам толку колку мислам,ама во врска со тоа таа несака да слушне,секои пофалби за неа
Најпрвин честитки. Кажи ми бебето го оставаат со тебе цело време или го зимаат? Јас кога бев ми го зимаа ноќта во 22h за да се наспијам и во 5h ми го враќаа. Така е уште или има измени?
Мајка јас се породив пред 27 дена. Првиот ден ми го земаа вечерта за да се наспијам а другиот ден беше цел ден и цела вечер со мене и 2 ден не пуштија. Го зимаа само да сменат памперс.
Се зависи од докторот. Има доктор што зима и од 50 евра па нагоре. Мислам дека никој нема конкретно колку бара него како му дојде така кажува. Мене ми рекоа од 50 евра па нагоре за докторот и ако сакам апартман 50 евра од ден.
Да за апартман знам дека е 50 евра ама за доктори не би кажала дека они конкретно бараат ова е целокупно што сум читала па ви пренесувам секој колку си има ќе си даде.
Ако идеш преку некој тој ќе ти каже колку бара докторот. А вака нормално нема да побара во случај да нр искочи проблем али се знае дека треба да се даде нешто
Mene prviot den mi ja donesoa samo da ja vidam 15 min posle toa vtoriot den-deneska ja donesoa sabajle posle im kazav ja zemaa potoa povtoeno okolu 4 i vo 8 ja odnesoa i im kazav deka sakam da odmaram da ja donesat sabajle