Јас бев вчера 35недела со ехо правев и цтг, ама беше огромна гужва докторот само ги виде и рече се гледаме за 2 недели. Е сега незнам дали е многу две недели дали е таман со оглед на тоа што со мене збореше и уште две жени истовремено
За мајка влечки, марамици, влошки, сапун, храна? Од документи треба нешто? Конкретно сега ми рекоа крвна група документ да извадам ( мора приватно, немало термин државно), друго нешто? За бебе пелени, Павловичева. Облека за двајцата ми кажаа кога ќе излагаме ќе ни донесат. Дали е ова тоа или се се индивидуални искуства?
Тоа ти е. Можеш пешкири да си земеш и евентуално од оние за повивање да си постелиш на креветот. Од документи крвна слика, извод и брисеви ако имаш. Тоа мислам беше се. Не сум се породила уште ама и јас спремам сега а и лежев на патологија па видов што носеа жените за пораѓај. П.С. Храна земи обавезно зошто таму некои помии даваат и сув леб, нешто ситно бисквити и бејк ролс.
Крвна слика и брисеви последните, ќе правам на 30.06, а каков извод? Мајчина книшка немало веќе, стара работа било а видов на ГАК носеше пациентка што чекаше од друг град беше. И какви се тие за побивање на кревет? Пелени за еднократна употреба?? Не ми спомнале до сега.
Извод од венчани ми рекоа да го заведеле бебето они одма. Иначе тие за постелување се водоотпорни што не пропуштаат во случај да искрвариш да не лежиш на прљав чаршав. Вакви: Имаш и од други фирми какви сакаш.
Фала ти, ќе направам деновиве список и ќе ги напишам. Државно или приватно правевте проверка на крвна група? Јас имам од времето од возачка, но ако добро сфатив на ГАК бараат официјален документ. Стандард, матичната никогаш не може да се замара за термини и приватно ме упатува (бета хцг, уринокултури, скриен шеќер, д димери, сега ова), па сакав да прашам дали само приватно е опцијата?
Истиве и за бебе ке ти се најдат. Општ лекар може да ти даде за крвна група. Ама ке мора да платиш, 500-550 беше на државно. Мислам дека може книшка ако си крводарител. Не ми е јасно како може тоа од дозвола да не важи.
Јас имам картонче од крводарител и ми рекоа дека доволно ми е тоа, ми важи. Иначе мислам дека само од транафузиологија признаваат документ со печат и тоа стрикно оргинал не копија. Мислам дека можеш со упат бесплатно да провериш крвна група во државна.
Да пробам евентуално преку општиот матичен? Зошто гинекологот мстичен кажа нема термини и ме упати приватно....