Во ГАК само ова го видов на список објавен ама ми спомнале дека треба папучи, пешкир, сапун и Др работи за лична хигиена, Павловичева за бебе... Може некој тазе да сподели што се носеше, и во што да спакувам (торба, кеса)? Воопшто не даваат храна таму?
Јас сеа излегов пред 3 дена, по тазе незнам Папучи гумени обавезно, со нив се плакнев по раната и за до вц, сапун за раце, гел за туширање носев ама не го употребив, паста четка тоа нели обавезно. Пешкири 2 носев, еден за лице и еден за тело. Исто многу ми завршија раб оние постелки за повивање водоотпорни си постелував на кревет зошто се правев лом а немаа чаршави резервни, влажни и тоалетна. За бебе павловичева не ти треба, собираат само пелени и влажни. За храна даваат ама онака без везе, е сеа за носење храна и течности мене ми донесоа вода, сокови и ми ја изгубија кесата по пат за нагоре и никогаш не стигна до мене, умрев од жед цел ден, вториот ден моите го скараа портирот па ми ја донесе кесата. Друго ако те интересира прашај
Собите имаат некое плаксрче, закачалче да обесиш пешкир? Во што да се спакувам?? Кои се тие постолки за повивање, од каде да земам? А исто и за некои мрежести гаќи читам, требаат ли?
Јас имав поголем ранец, жената што лежеше со мене имаше куферче, а носеа и торби и кеси. Што тебе ти е најлесно, тоа.
Имаш наткасна, јас на вратичката го закачував. Се спакував во торба и си носев ташна што си ја носам стално со новчаник и слично, ма да не ти треба, јас дека непланирано останав да се пораѓам и си беше со мене. Гаќи не се носат никакви, а постелки има повеќе видови, еве пример:
Девојки 37ма недела сум и сакам во Чаир да се пораѓам ама немам договорено доктор ни врски ни позната хигиеничарка ни ништо. На последниот преглед кај матичниот кога го прашав од кога да почнам да одам во Чаир на прегледи ни рече чим немам некој мој доктор нема потреба воопшто да одам таму на прегледи се додека не добијам породилни и директива на пораѓај, а вас ве читам дека одите на цтг таму и се збунив. Или мојов ме дрибла или не знам... Дај кажете како сте правеле тие што немате договорено како мене
Имала договорено или не, треба да одиш на цтг. Нека ме поправат ако грешам ама мислам од 34-та недела па натака си одиш каде што ќе се пораѓаш, кај матичниот немаш потреба веќе да идеш
Нема да се пораѓам во Скопје ама цтг еднаш неделно срц мора нема врска дали се договорена или не. Нека ти даде упат за чаир матичниот нека не заебава, ништо не го кошта.
Нема да раѓам во ск ама мене матичниот ми прави цтг, рече по правило трeба кај што ќе раѓам ама да не сум одила до таму.
Цтг мора да правиш еднаш неделно. Од 36та. Ке си земеш упат и ке отидеш. Можеш да се распрашаш кој доктор е тој ден на смена и тој ке мора да го види цтг. Ти наплаќа? Цтг е битно да се прави, ако не ти се чека во болница не е важно каде ке го направиш.
Кај Кацарски сум. Последен преглед ми беше во 34та. Ми даде упут за крв и ми рече да го направам во 38ма и да одам да види резултати а до тогаш ништо. Јас фала Богу добро се чувствувам ама гледам дека сите одите редовно на цтг а јас ни еднаш немам направено. Сега се јавив и во Чаир и истото како вас ми рекоа, без разлика што вика матичниот да си земам упут за кај нив
Од 38ма оди со во Чаир за да почнат да ти ја водат бременоста, хаос е само да ти напоменам… Некогаш чекаш и повеќе од 2 часа…