Јас лице и заби толку од користење на вода од вц. Ако си издржлива може и да мавнеш туш. Едвај чекав дома да си дојдам да се избањам. Е сега дали така беше во сите соби или мене така ми се падна незнам.
Има топла вода во Чаир. За тие што планирате ич да не мислите. Мене цимерките многу ми се најдоа. Не можев од кревет да станам. А исто и персоналот.
Мене во приватна не ми помогнаа, не смееле, морало сама. Првиот пат стоеа до мене и толку, после се сама.
Дааа, не ни размислувам за друга опција. Што дека бев во санте со првото, катастрофа, бар парите ќе си ги заштедам за дете, нема да давам пари непотребно на болници. Гак иде во предвид само ако недајбоже се породам порано, пошто Чаир немаат неонато.
Да ти кажам искрено не се замарам, и мислам дека така е подобро. Ќе побарам една пријателка сестра само и толку, не планирам да фаќам нешто врски. Е ми кажа другар братучетка му била некоја докторка таму, ќе видам може да ја побарам, ама може и не, оти се докажало дека џабе врски, на крај бебе мора да излезе вака или онака. За сестра ми со врски бевме па ја заборавија дааа ја испишат и триста компликации излегоа.
Да. Во големите соби нема врска како си породена. Како има место така носат штотуку породени. Тие што се до два кревети најчесто ги ставаат породени со царски.
За Д-р. Адела Стефанија само пофални зборови од моја страна. Породена пред пет години кај нејзе, голем професионалец во својата работа, пред се човек. Јас спонтано се породив кај неа имав мали компликации во пораѓајот, но благодарение на неа и акушерскиот тим сега имам здраво пет годишно дете. После пораѓајот ме посети најмалку 3 пати во соба, што од докторска гледна точка така треба, а пред се човечно од нејзина страна. Сега повторно сум бремена, во осми месец сум, би сакала повторно кај неа да се породам. Само со лесно мамичке!
Девојки бидејки за некој ден ке спремам торбица ве молам за една листа што се носи во Чаир за пораѓај ( можно е да е царски) И дали даваат нивни спавачи. Фала .
Многу често прашање имаш претходни и поопширно одговори. Спавачи има таму не е дозволено да носиш своја од дома. Мене што ми текнува Несесер за лична хигиена Вир влошки едно две пакетчиња Храна, сокови и вода. Храната е таму ужас. За бебето влажни, павловичева и пелени. Облека за искачање можеш да си земеш со тебе може и мм да ти однесе кога ќе искачаш.
Мислам дека влошки ќе и требаат многу повеќе. Ако е царски, без 4 пакетчиња да не се остава. Сепак со царски и подолго се седи. Јас го направив мојот список и брои вака: Бебе-пелени, крема за газе и влажни+облека за искачање Мама- влошки, влажни, тоалетна/ брисачи, средства за лична хигиена (шампон, регенератор, гел за туширање, крема за лице, крема за раце), паста и четка за заби, пешкири за раце/лице, бањање и коса, нешто храна и за пиење, полнач и книга. И нормално алишта за искачање.