Чаир немаат неонато, така? Мислам на инкубатори за предвреме родени, во тој случај ќе морам на ГАК така?
Коа сме кај Чаир , знаете дека по две влагаат на преглед? некни се запрепастив. Две по две влагаат,едната ја прегледува со другата си збори
Haha epa Mladen si zamina vo Sistina, i sega on ne moze da postigne neka ne prima i po 3, samo da ne e radi reda I jas treba da pocnam, zdravje za 2 nedeli ke idam
Абе вчера на итна на ГАК кој не прошета дур на една и вадеа серклаж, не зезај, со еден параван само одвоени на изволте се. И коа ќе дојде ред да раѓаме ќе не гледаат еден куп па ништо. Јас ич не се потресувам да ти кажам, сто души нека има само се да е во ред.
Мене не би ми било проблем за гледањето дунди,ама проблем е околу приватноста кога докторот соопштува информации. Не би сакала друг да слуша за мојата состојба.
Да се доктори или специјализанти пеки, ама други пациенти да слушаат не сакам. И јас не сакам да слушам на таа другата што и како и е.
Кога ме прегледуваше една прдла, имаше 5 мажи и 2 жени. Беа така нешто, специјализанти или нз кој ку**ац, и не ми беше ич пријатно. Најнезгоден момент ми беше. И не ми е пријатно да гледам туѓи дунди, ниту некој да ме гледа. Значи ич не се пази на моментот приватност
Мора да научат некако. Не знам дали има потреба да се во толкав број ама мора да имаат пракса. Кога едни ке се пензионираат, треба други доктори за нас и за нашите деца. Дунда на трудна жена не е секси, гинекологија општо е гадна, сигурно не гледале од мерак.
Не ме интересира тоа како ќе научат. Има жени на кои не им смета, нека учат кај нив, а не да ме примораваат мене или таквите како мене на кои им смета. И не е работата дали им е секси, не ни помислив на тоа, не знам зошто го вртиш на таа страна, просто и едноставно не е во ред. Мое тело, мое право ама кај нас не се гледа на тоа.
Да ти правеле ехо на бубрези или коска на рака нема да ти е незгодно. Незгодно ти е затоа што е интима. И те разбирам. Мислам дека има доктори кои обучуваат специјализанти. Ако одиш кај тој доктор, тогаш ке учат на тебе. Праша ти дали може да се тргнат на страна? И те прашаа дали дозволуваш?
Ме прашаа my ass. Тие не ми зборуваа, си зборуваа на албански и не ми одговараа на прашања. И не, не би дозволила ни на консултација кај матичен, а не нешто повеќе.
Универзитетска клиника е, тоа е. Мораат и тие некаде да учат. Сум имала и јас неколку пати специјализанти на преглед, не гинеколошки ама и таков немаше да ми смета. Те разбирам и тебе, различни луѓе сме.
Се сложувам дека мора да учат. НО. Тие така простачки го прават тоа што навистина имаме право да се буниме макар и за рентген на скршен палец. Значи информирај прво ... Добар ден фана ова е др МилаС специјализант на одделот и како дел од специјализацијата е присуство на прегледите на пациенти како би можела да стекни искуство .... Значи една реченица е не е којзнае што ... Јас од кај би знаела кој е тој некој седнат таму? Можи прв братучед му е го чека за на кафе. Многу е глупо. И простачки. И ич не е професионално.