ај да се допишам за услугата таму значи после 6 дена поминати таму јас не сум воопшто задоволна, ми заборавија газа внатре во раната, а да не и кажев на сестрата да ме види може до сега сепса ќе фатев, фатив алергија цело тело ме чеша, неколку пати им кажав на докторите и само добивав одговор ништо не е ќе ти помине, збеснав дури и грозници ме маваа од што ме чешаше, собата не беше луфтирана воздух немав се гушев кашлав цело време, бебето не беше со мене ми го носеа на три саати дека фати жолтица и кога и да прашував никој ништо не ми одговараше како ненормална прашував и на крај само ми викаа добро е и толку, ми ставија инфузија на раката којзнае како ме боцнаа што уште ме боли и не ја осеќам раката на едно место како да ми се тегне кожата, а да не збориме што целата бев модра од боцкањето, после порагај ме оставија во ходник си станав да одам до соба, а после сама отидов на туширање без ничија помош, без да праша никој дали ми треба помош, за разлика од другите што беа со врски и ги гледаа, јас без врски вака си поминав, е после ова јас во чаир никогаш па кој сака нека ми биде врска
мравче и државна не е китка за мирисање, особено болничарките се однесуваат како да се сопственици на болницата. мене немаше кој катетарот да ми го извади, и тоа што стои во раката за инфузија да ми местат, си го носев додека не дојде ред да си одам дома. никој не доаѓа да те види дали дишиш се сама се снаоѓав, и само се слуша викање од собите - сестрооооо!!! а сестрите скриени како лебарки, бебињата што се на дохрана пиштат плачат гладни додека да дојдат да ги наранат, абе незнам дали мене така ми се погоди тие 4 дена или цело време е така битно ако пак некогаш останам трудна за раѓање или тука кај нас, или во некоја од приватните, оти пак во државна нема шанси па незнам што да е и кој да рече да ми е врска оти таму и Свети Петар да ти е врска не помагааа.
Не знам дали си била во старата кај што се 12 жени во соба?Епа јас бев пред 2 ипол години кога шетаа лебарките на сите страни,12 жени во соба,12 бебиња плачат,прворотка,од страв 9 месеци неможев раат да спијам после тоа.Сега две во соба подобра опција ми се гледа,ќе издржам некако.Читам персоналот ист си е и тоа го знам јас иглата од рака 2от ден сама си ја извадив зошто многу ме болеше целата рака и неможев бебето убаво да си го фатам...Имам врска за пораѓај ама тоа си е на бокс после никој не те гледа стегни заби и стискај друго нема.Кога си немам кеш за приватна си се тешам уште сега ќе издржам после никогаш нема да ме видат ни јас нив.
се ми е некако како во сон али се породив во ГАК пред 10 години првородка во 33 г недела Ме ставија во соба со 11мајки и 11 бебиња само јас 12маска без бебе моето во изолација во инкубатор и така 4 дена си плачев и си слушав плач од туги бебеиња а моето го немав ни допрено Персоналот ко персонал опнати намрештени ми вика да те средам качи се на бокс викам средена сум и навистина бев средена кога ми се опна ти ке ми кажуваш со волкав стомак средена си се качив ме зирна и викаа ааа добро средена си била лебарките си а слободно а навечер инвазија од лебарки по кревети се качуваат висам јас на стаклото на вратат на изолацијата кај шо се бебињата и чекам да го видам бебето за прв пат една несмасна овца ме се дере ‘шо бараш мајка ти тука викам се породив снока касно бебето кај ми е да го видам нема видување сега се знае на 3саат се влева кај бебињата ооо боже боже си викам во себе да си дочекаш ти од најмилото вака да ти дреме по стаклата и бебето да го бара овцааа извинете али еве и по 10 години сеуште си ги носам траумите во себе
Да такви се работа им е да ни се најдат и да ни помогнат да ни го олеснат пораѓајот да не ни е траума ама за жал не туркаат во бездна.И јас имам трауми,колку е подолг престојот толку полошо Јас среќа царски поминав,ама ја гледав и слушав маката на секоја жена од 8 вечерта до 8 сабајлето и сега се мислам дали е среќа царскиот или ќе ми беше помило да се помачев саат-два и да ме сместат некаде со бебето да не мислам на болките да му се сладам...А не со години кошмари да имам,психички опаднав 90% Ај само здрави и живи да излеземе од таму ништо друго несакам Пепита и ти ли во државна?Ај да договориме термина да се тешиме заедно таму
ах да може оној министерон некако да ги прочита овие постови за жал 100%во внатрешноста е исто како што опишувате вие од искуство ви кажувам , а владата сака са се множи народот ,,трето дете,, како во конјушница да се пораѓаме јзк !а 1000 евра ретко кој има да плати приватно !!!
Jaс ќе сменев термин ама ако сум царски ќе инсистирам 16ти април да биде крајниот термин (ако биде се во ред фала богу) Малиот ми е роден на 16 август па да бидат исти ден,а ако е природно може да се сретнеме 5 дена + - тука сме негде.Па може да се такмичиме која повеќе ќе вика.Уште сега ставам облог на мене И да бебушките ќе се спријателат па и ние
истото мислење го делам ,и јас си викам да допрат до министерот овие искази кои секојдневно се случуваат по клиникиве , препуштени сме сами на себе ,и да ви кажам 90% од трудниците не се плашат од болката што ги чека при порагајот на било кој начин да се одвива ,туку токму од ( не)односот на сестрите и докторите со мали исклучоци да не ги ставам сите во ист кош , а за приватниве клиники да не зборам колку ни се недостижни на нас 'обичниве смртници' кои преживуваме со 200-300 евра месечно, навалиле на наталитет а на кое ниво се оставени др клиники!!!
леле со тој катетар од епидуреална јас збеснав 20 саати цекав да ми го извадат ем соврски бев катастрофа управо си и со исхраната исто со тоа шприцот ке им бутнат во устето ни да поцекаат да голтнат ништо јас таму 1 недела бев и само се расправав им се дерев цела болница ме научи не сака да дојдат коа ке дојдеа на визита ми викаа само немој да се расправас а јас ке видиме зависи од вас не од мене хехехех катасрофа на крај за отпусното писмо во 4 саат попладне да си одам тој таму што работи си отишол дома замислете а до 8 саат раб.време леле косава ми побеле па ај кај едни јавувај се абе катасрофа
И јас со царски кога ми се изместила иглата во раката и инфузијата ми течеше во раката не во вената,почна раката да ми отечува и ја викам сестрата да види,зошто ми се подува раката,доаѓа и прибидејки беше ненаспана изгледа ја разбдив кутрата ми вели не така треба да биде,леле мене ме боли не можам да станам,сама ја исклучив инфузијата и викам по друга сестра ,леле кога ме виде и одма ми ја извади иглата од раката повторно ме боцна и ајде се беше во ред,ми вели ништо не е не се секирај сестрата не видела добро,абе кај ќе виде кога спиеше,па сонот и го скршив на жената за тоа зимаат плата да дуфтаат по цела вечер,исто и пред да се породам примав инфузија и таа си легна до мене си спиеше и ми вика кога ќе истече разбуди ме хехехе што убава работа тоа
Zdravje boze definitivno Cair, so prvoto tamu odlicno pominav i sega so vtorova tamu planiram. Najstrucnite ginekolozi se od Cair izlezeni i se po privatnite bolnici.
КАде и да одиш болката ќе биде иста. Сестрите/персоналот секаде се различни, за ГАК викаат дека се подрски. Чаир не е нова болница(се чека да го пуштат новиот дел, но никако да дојде тој ден, требаше лани во септември, па се радував дека во новата ќе се породам, но ништо), но за стручни стручни се, а и обраќаат внимание, со исклучок на оние во претпородилно, каде што чекаш да ти дојде времето. Еве јас бев со врски и тоа директорот на болницата, но нема, никој не те ферма таму, како за сите така и за тебе. Е после без разлика дали си или не со врски со сите исто се однесуваат, љубезни, прашуваш ти одговараат, сестра за бебето имаш во секое време, а слушнат дека плаче некое бебе, право доаѓаат , педијатар дневно два пати, доктор 2-3 пати во ден, сестра нон стоп итн.
фала ти мене ми е и да се љубезни а не на сета мака некој да ми вика како господ никој не е ама изгледа чаир ке си одам државна не ми прави мерак..дека од сите градови и гледаат само да те баталат.
hahaha meu znaes mene kako me pregleda doktorot haha jas lezam na krevet i mi vika ajde da ti ja vidam ranata, on stoi 2 metra odalecen od mene i mi vika aaa dobro e ajde ubav den hahahaha Ova na GAK eden mlad doktor