Да, контролите и јас убаво сум ги поминувала и фала му на Бога сум немала проблем. За породување не знам, ќе дознаам за некое време. Секако дека не очекувам услуга како на приватно ама очекувам барем коректен однос и грижа.
Не е баш дека по сите мажи трчаат, маж ми не го пуштија а друга после мене ( нека ми простат албанките) албанка сосе маж ја пуштија. Имаше куп мажи на албанки кои се шетаа ко шерифи а другите надвор чекаа. Бар од тие саат два таму што ги пројдов. И јас убаво пројдов на преглед, ама пак би избрала да раѓам во Чаир, не знам зошто, имам страшна одбивност од ГАК.
Јас цела бременост одма и стварно трчаат по мажите, освен ако мажот доаѓа да земе бебе или со дозвола на докторот да влезе на преглед ако има нешто важно да се каже. На последниот преглед, ја замолив докторката да влезе сопругот и го пуштија ама само што заврши прегледот додека чекав на шалтер, обезбедувањето му кажа веднаш да излезе и да ме почека надвор.
Е може било и сега така, зошто имаше татковци со транспортери. Видиш на тоа не ми текна. Јас па викам боже мили како вака од надвор си ги зимаат бебињата, зошто имаше и надвор со транспортери што чекаат. Не знам дали е ради ковидот ама ако е ради тоа нема смисла, па они не носеа маски, ниту обезбедување ниту сестри, никој.
За маските сегде е така, јас во Систина на офталмолог бев па докторката не носеше маска. Тоа со маските изгледа е веќе изумрена работа А за земање на бебето на ГАК само таткото го пуштаат. Обично доаѓаат и баби и чуда ама ги оставаат доле пред врата да седат и само таткото го пуштаат да се качи.
А некоја породена на ГАК какво искуство има? Не ми е јасно едно , доле на цтг пример идеш кај една , после за пораѓај кој ке ти с епогоди тој , така им е работата? Што се случува на ГАК со студенти , ги има и на пораѓај? На скрининзите кога одев имаше стално некој студент, исто еднаш пред 8 месеци завшив со приоритетен на итна служба на ГАК пак имаше студенти .
Специјализанти се тоа. Може да се погоди и на пораѓај да се. Не дека и тие сакаат дотолку ама мораат да се таму
Специјализант мене ме прегледуваше без доктор, сам, и искрено баш убав преглед имав. Детално и убаво ме прегледа. Студентите се плус мислам.
Јас пред 4 месеци се пораѓав на Гак, на бокс коа бев 15 души имаше околу, мислам 3-4 беа специјализанти. Исто кај што лежев пред бокс на цтг кај што се отвараш имаше 2-3 специјализанти. Студенти имаше само доле на Цтг и ми помогнаа да ги однесам торбите горе, немаше кај породилните сали
Кои документи требаат за пораѓај во државна ? Крвна група, препорака од офталмолог за царски знам. Дали треба венчаница или лични карти од мене и од мм? Нешто друго? Извештаи од бременоста, документот дека имам генетски мутации и примам клексани треба ли ?
Јас за првото носев мајчина книшка и здравствена книшка, толку. Ти можеш да си понесеш со себе ете извештај за мутации и клексани и друго не ти треба. Мајчина е многу добра работа бидејќи се пишува во неа, цела бременост и немаш што да се замараш со прашања и одговори. Јас да прашам, што е со ценава на влошките со мрежичка? 90ден, дали се нормални? Со синко голем ги купував по 30ден, ова не е нормално. Едвај најдов едни од 60ден, па тие ги земав. Језиво е ова со цениве веќе.
Инфективен скрининг ти треба. Брисеви не знам дали треба, јас сум 37+1 и уште немам направено затоа што знам дека ќе сум царски ама изгледа ќе морам да направам, матичната рече да ги имам обавезно.
Знаеш дека немам мајчина книшка ? Матичната цела бременост не ми измерила ни притисок ни килажа Па уште мене ме прашува, мериш ли притисок. Викам 2 пати само пошто ме болеше глава, у комшии... Немам дома апарат. Фала богу не затребал. Нејзина работа е тоа да мери Инаку за цените да не правиме муабет. Ја дека лежам од почеток на август ме сум влегла у маркет. Ама маж ми коа пазари коа ми носи сметки да скенирам се запрепастувам. Стварно е претеризам ова више. Све е х 3 послапено
Праев брисеви , ден ска има рез чисти се фала богу. Да , ќе го земам и тоа .. тоа е инфективен скрининг така ? А баш и ја се прашував дека царски не ми е логично брисеви ама ајде...
Е да брисеви ти требаат. За првото не ми стигнаа резултатите. Под инфективни мислам се мисли на Торч, ама не сум сигурна. Јас немам тоа. Не е задолжителен.
Како нема, има, само не е задолжителна. Јас имам. Секој преглед докторот ми го запишува и можам да си следам напредок и сама и ако недајбоже затреба за на преглед на друго место си има информации.