Не е Торч. Хив и хепатити спаѓаат под инфективен и задолжително мора да го имаш за на пораѓај било да одиш на државно или на приватно.
Не, матичната треба да ти даде упат за на Микробиологија и да го направиш. При прием на државна ќе ти го бараат.
И мене ми немаа дадено, сама побарав Мислеле дека ми дале во 12 недела бидејќи таква и била праксата на матичната, тогаш да дава. Се убедувавме со сестрата дека ми немаат дадено за на крај да отвори картон и да се увери дека навистина ми немаат дадено.
И јас го имав ова заборавено од претходниот пат. Да си најдам и картончето со крвна група, ете и тоа треба.
Мојата приказна… После 7 години борба со инфертилитет , со второ инвитро останав бремена со близнаци. Др Владимир Трајковски цел живот ќе е дел од нашите молитви. Но не водат бременост и избрав да одам во систина кај докторка што ми ја препорачаа дека водела близначки бремености успешно. Освен што психолошкиот момент за чиста радост поради инфертилитетот ми беше заменет со бескраен страв и секој ден ми беше преживување , бременоста беше нормална според прегледите кај докторката(редовни на 3 недели) Во 23 недела без болка без никаков симптом прокрварив обилно и завршив на клиника во Тетово од страв што се случува се одлучив за Тетово како најблиска опција. Лежев два дена , крварењето се смири и следно заминав во Систина за да видиме што се случува. “Малку ниска постелка на едниот гемини, ништо страшно , движисе , не кревај тешко. Среќа што бев генерално исплашена па не се движев многу. Изгурав до 32 недела кога една вечер почна повторно преобилно крварење (како да се мокри крв описно кажано) Ноќта решивме да одиме за Гак, сами , исплашени. Ме примија на интензивна нега, примав зреење и крварев од недела до среда обилно цело време, но цел персонал на интензивна ја следеше мојата ситуација и ме породија со дијагноза тоталис плацента превиа, што во Сиситина ниту еднаш не ми беше кажана. Жени со таква дијагноза лежат цела бременост дури и со катетар за да не стануваат а не пак да се “движат” . За време на царскиот , ми пукна крвен сад во матката и докторот Игор Самарџиски успеа во последен момент да ми ја спаси матката и ги извади бебуфките здрави и живи. На интензивна беше полно со доктори, специјализанти , практиканти, сестри и болничари и ниту еднаш не ми беше непријатно , чувствував дека бебињата и јас сме во вистински раце. Нема да го откријам името на докторката, сепак премногу пациенти се задоволни од неа и не сакам да ја именувам само поради моето лошо искуство. Мислев дека ако платам ќе бидам подобро третирана, ама не било така…. Кога пак би се породувала (а имам уште еден ембрион) сигурно би го избрала Гак повторно.
Каде да ги барам тие? Во аптека ? И како да ги барам? Подлога за на кревет ? Незнам ни како се вика тоа ни како изгледа...
Има во ДМ, во аптеки. Водоотпорни подлоги барај. Јас и за детето ги користам за пресоблекување. Има од разни фирми. Од Бекутан, на пример, се овие
Јас ќе земам едно пакување. Да лежам 5 дена со царски ако сум, по 2 да менувам дневно таман 10 ќе ми завршат работа.
Девојки ве молам некоја која е породена царски во Чаир сега брзо да ми кажете што да спремам во торбица. Фала
Мое искуство со др.Адела Стефанија во ГАК... Ме пораѓаше без болки јас напнував не излагаше немав болки и само ме вреѓаше коњ,стока и други навредливи зборови.Викаше дека седи после смена за мене и на сред породување ми вика дека ќе си оди,и дека ќе и се јавела на мајка ми да и кажела дека не напнувамСтрашно..за на крај да ме породи со вакуум и да си земе 400 евра.И после јас цела недела тука не дојде ни да ме види. А за цена на сите им кажува 400 евра а вика на други повеќе им земам,а реално да ви кажам и на прегледи секој преглед беше различна на почеток не заинтересирана а више последните прегледи се интересираше за парите. Најголема грешка во мојот живот е што одев кај неа,памет за друг пат
И од други имам слушнато само лошо за неа , ја имам два три пати видено ,многу антипатична и вештачка личност.