Нека ми каже некоја Коњ или стока или крава ќе си добие по муцка па макар со бебе на пола надвор да станам од бокс. И полиција ќе донесам и новинари и се, па да ја видам на кого пак ќе вика така. Јас за Адела сум слушала се најдобро, ама не мора да значи дека моето е точно. Искрено од сите може да има и позитивни и негативни искуства, тоа е нормално, ама ако реагираме сите на негативните ќе ги снема сигурна сум. Такво понашање дома со ќерките и мајките, не со нас.
Па мислиш до сега никој не реагирал? Не ме зезај, докторка дежурна зошто не била на раб.место умреа бебиња и само и укинаа дежурства. Лоша држава, без закон сме, па ваквоте како смрдлата можат да цицаат пари и да изиграваат Богови
Запрепастена сум Сум видела многу работи, ама коњ и стока да и се рече на трудница на пораѓање, не сум видела Извини што ќе те прашам, ако не сакаш не ми одговарај, ама зошто и дадовте 400 евра после таков третман. Или пред тоа и ги дадовте на почеток. Извини ако многу е лично прашањето. Некој така да ми каже не би му му дала ни бонбонче за пораѓајот.
Не може да продолжи да работи ако ја објавам јавно секаде, ако и направам скандал, ако ја тужам и слично. Гледаш што и направија на Софијанова, ја кикнаа затоа што се најде ербап новинар ја притисна и немаше кај да оди. Не се богови и крај. К од коњ да ми рече ќе си добие по муцка од мене па до таму да е, нека се жали ако има некаде па да видиме кој ќе биде прав а кој крив. Една, две, три не може да се веќе случајност. Мора да им застанеме на патот и крај, за нас и нашите семејства се работи, не смее никој така да ни се понаша. Нас докторка ни искоментира дека многу се потресуваме за татко ми, алкохоличар бил, не заслужувал, си потпишавме и си го земавме дома, ја кажавме на одговорен и си доби опомена, нека зуцне на уште едно место и таму ќе ја предупредат, на трето веќе ќе си попие казна.
Член од денес. Да каже лош збор за Санте, далеку било Ремедика Систина, ке ја тепавте до сега. За гак нема проблем.
Исто приметив. Во повеке групи има copy paste напраено А и искрено ,не сум видела или чула доктор да нарече некого коњ. Може да бидат секакви ама дека директно ке ми рече у очи коњ претеравте
Тоа е. Приватните се заштитени со закон, лош збор не смее да се каже. Ако некоја сподели лошо искуство лаже или е љубоморна (пример јас кога споделив муабет од пријателка). Тие што немаат пари за приватно нека си ја мислат дали ке се кокошки крави или некое друго животно на пораѓај.
Абе факт е дека по приватниве не тинтраат повеке,ама на државно не се такви сигурно како што ги опиша новата членка. Коњ бе, сигурно не и рекла КОЊ.
Јас сум имала лошо искуство на приватно со непристојно однесување од страна на доктор ама да, ако го кажеш тоа јавно очите ќе ти ги извадат... Факт е дека во приватните генерално сè е подобро за разлика од државно ама не е точно дека е савршенство без мане
Никој не рече дека не веруваме, членките само кажаа дека пред некој ден кога нова членка кажа лошо за Санте, сите и скокнаа и ја нападнаа затоа што лошо зборува за приватна клиника.
Јас за Санте со дрва и камења фрлам, така да не е дека никој не кажува. Они може да бришат колку сакаат коментари, јас упорно ќе им пишувам. И овде имам споделено, и на фб по јавни групи и приватни, и во муабет и на нивната менаџерка у лице и кажав дека се заникаде... ич не ми чуе. А за лоши зборови, сум слушнала за краво, се дереш како крава и убаво ти беше кога го правеше, од Гак и тоа, мада пак ќе речам, јас сум многу пријатно изненадена од односот, прегледот и приемот од Гак.
Исто и мене ми викаше убо ти беше кога го правеше и ми вика пискаш како да ја правиш таа работа и ми вика стискај заби не пискај. А други доктори што гледав вистина имаше добри,мили ти даваат поддршка
И јас сакав во Санте за тие пари што ги дадов ваму си викав ќе ги дадам барем приватно и прочитав лошо и за таму,а вистина и верував золва ми ја пораѓала и беше задоволна ама царски
Па ти не им кажа? Или они ја чекаа пред родилна сала за да и дадат пари? Нешто не ми штима у приказнава извини вака