Јас знам дека докторката помагала многу, и рандом да и отидеш помагала, стварно ме изненади овој муабет.
А уствари зошто и ги дадовте тие 400 евра ? Со која причина каков беше договорот ? Секако ско сакаш да споделиш . Тоа мито ли зела докторката и за што тоа мито го зела ? За некаков посебен третман , или ? Јас малку љубопитна ама ме интересира стварно .
Баш ме чудиш пред која сала успеа твоите да влезат? @TinnaMinna На преглед сопругот и мајками не ги пуштаа на влез, а камоли некаде внатре по катовите каде се родилните сали. Освен ако нешто драстично не се сменило од јуни/јули. Моето искуство со неа е топ, фала богу што таа ме породи и ми помогма за уште 5 работи, а не беше нејзина обврска, ме изненади со тоа.
Значи мито ? Инаку нели се е бесплатно на државна клиника . Значи она нејзино внимание за водење на бременост и пораѓај си го нсплсќа во вид на мито од 400евра дкромно богами .. Од такви ми се гади !
Не знаев, немав слушнато такво искуство па затоа прашав. Обично членките се жалат дека многу ги боли и дека локалната воопшто не им делува.
Па како што знам за трудници бесплатно е,а кога одев на прегледи ми викаше дека преглед било 2000 илјади и нешто,па толку и во Систина не е
Ти наплаќаше 2000 од преглед?!? Ако ти наплаќала, не знам зошто си одела кај неа цела бременост, а и реално си можела да ја пријавиш со докази. Инаку да, на пресметките што ги заверуваш на шалтер пишува сума од 2-3000 но ако имаш осигурување како трудница ништо не плаќаш, тие пари клиниката си ги наплаќа од Фондот. Јас цела бременост одам на ГАК, а и сите анализи на државно ги правам, со шифра за бременост и ни денар не сум платила. Се случи еднаш матичната да ми даде упат за тироидни хормони ама без шифра за бременост и на Клиничка биохемија кога ме видоја со стомакот беа фини па ми ја сменија шифрата за да не платам.
Не не,не ми наплаќаше ама демек на крај ќе сум и платела за се затоа 400 евра,се собирало од прегледите демек било толку