Лажење сушење. До твоите пари и дошло. Бидете среќни што се уште има асални доктори на гинекологија, уште тие да отидат на приватно. Што не ја пријави ако ти зела мито? Уште па коњ те викала Смрди постот на измишљотина. Па уште заспана од епизиотомија. Кој тоа те успал? Сигурно без болки те пораѓала. Цтг што е? Барем да имаше смисла.
Сум слушнала и јас се и сешто. Стои дека на државно може да си поминеш многу лошо. Прв пат слушам за шиење некоја да е со целосна. Секаде ставаат локална. Некаде не ни ставаат.
Ви кажав ако сакате верувајте ако не ич не ми е гајле,нема потреба да измислувам да ми беше убаво ќе си се фалев
Ако си била со целосна, значи на почеток на процедура си дала согласност за истата. Сигурно си била и прегледана од анестезиолог. Ако не, имаш основ за тужба. Колку што сфатив, породена си природно. Зошто цела недела те држеле? Куп нелогичности, како мислиш во нечив подрум те пораѓале. Чисто ме интересира што имаш против неа, па правиш профил за да изнесуваш невистини. Сигурно калибар како Адела има таков речник. Може, ако ја киднапирале, издрогирале и вратиле. И каде тоа твоите и дале пари? Теорија нема во сред болница. Прво, како ги пуштиле, ај жена можеби, ама маж, ај важи.
Тоа со Софијанова има политичка позадина. Кај нас не ги казнуваат, имам премногу примери блиски, а и на вести сама гледаш, губат матки и др органи и никому ништо.
Се стои дека е така, ама стои и дека молчат. Ако каже на мене на тебе не значи ништо, треба да крене глас, да каже на медиум, како Дона што направи, колку има од докторката на Дона незадоволни, ама никој не пријавуца сите и ќутат, она сама ете толку можела и застана се. Ама да се приклучат бар уште 3 жени со слично искуство, па немаше баш да е сеедно. Знаеш што е најстрашно, и за приватните ќутат, еве за моето лошо искуство со Санте, јас зборам, трубам, ма урлав на цел глас и сите само во инбокс поддршка, никој да застане до мојот коментар да го напише своето искуство.
Ова со земање пари за породување не е нов муабет. Цело време се пишува дека на ГАК и во Чаир ако договориш со доктор да ти дојде на породување, дека ќе си платиш ако сакаш баш тој да те породи.
Земаат пари на државно. Што ако е Адела или некој друг. Не знам што се чудиш. Оди во темата Породилни приказни и ќе прочиташ искуства од членки. Навредување од страна на персоналот.
Веројатно ти е блиска. Сакаш да кажеш не лапа мито? Не биди смешна човек, брани ја и неа и другите до утре, зимаат сите мито
Јас исто имам слушнато дека Адела има тарифа. Исто како што знам дека Скепаровска во Чаир има тарифа 300€, бар толку беше. Скоро сите доктори се со тарифа. Не е јавна тајна дека земаат пари ако се договориш, а ако не ти побара сам докторот, ние будали даваме уз бонбоњера и пликче со пари зошто ни направил услуга, и сите сигурно идеме со муабетот, ај подобро 200-300€, отколку 2000 за на приватно, кои ги немаме.
Јас не знам дали ди свесна дека вие уствари сте и дале МИТО . Ако е било транспарентно и пари кои регуларно треба да се уплатат ке сте ги плателе на шслтер за наплата во болницата а не на докторката на рака и од таму во нејзин џеб . Тебе сите услуги како трудница ти биле бесплатни во спротивно доколку си била должна нешто на болницата немало да те испишат или во најмала рака ќе ти стигнеше честитка дома колку сте должна . Еве хипотетички да земеме дека докторката ги уплатила парите што сте ги дале во болницата наместо твоите - ќе си добила некаков документ од уплата што точно имаш платено . Не е непознато дека докторите на државно земаат мито а последно нешто што би го направила е да дадам мито на некој што секако фондот во кој што пари оставам секој месец му плаќа и зема плата за да го прави истото ! Ова е уште една од причините пиради која што одам во приватна клиника - таму знам што плаќам и никој ништо надвор од тоа не бара . Сега ова секако секој во склад со својте можности да не се разбреме погрешно .Јас порадо би дала 2000 евра за пораѓај него ли на некој доктор(смрдло) мито да ми побара мислам ќе го задавам . Буквално ми се гади од такви крвопијци ненаситни на грбот на народот - срамота и греота ! Доколку немам услови да одам во приватна клиника во државна мито од мене можат да сонуваат ни 20ден нема да видат. Нема да преплаќам нешто што ме следува по редот на нештата .
Муабетов иде во друга димензија. Членката наводно кажува дека ја вреѓала, што на некој начин ја оценува. Нелогични и се сите постови, барем јас сум прошла низ ГАК и знам кои се процедурите. Се што е добро, избркавме од државното, ќе не лечат без дипломи или со лажни, топ. Еве мене кога ме породи, се поврзавме преку Оле доле,никаква награда немаше спомнато,одев на прегледи и кога била дежурна, совети по тел.,муабет ќе направи, културна жена е, тука ја опиша членката како примитивка,а моја волја е дали ќе ја почастам што ми донела здраво бебе на свет, и притоа денар не оставаш на ГАК. Едно е да почастиш некоја ситна пара на своја желба, а за влез во приватните спреми 2000-3000 бона па раџај синове.
Дeнар не оставаме на ГАК зошто цел живот здравстено плаќаме и придонеси. Што значи и те како оставме.
Не е причина ако е асален докторот да го оправдуваме што зема мито и да викаме ќути овој да не е нема кој да не лечи. И Софијанова вака ја браневте, врвна докторка била ќути што ако земала пари. Од нас ги земаат тие пари не знам што не е јасно тука. Да дежурала 24/7 и да ги зела алал нека и се. Ама не да прават што стигнат и никој ништо да не им може зашто, зошто биле добри доктори. Целиот систем не функционира, не е проблемот само кој ќе не лечи.
Не знам дали знаете по терминологија што значи мито? Мешате баби и жаби. А частење како цвеќе кафе парфем е своја желба, пак нема врска со мито и изнуда од другата страна. Овој народ живее за и од сензација, терајте вака, оцрнете и исчистете се што вреди од медицинари,па Господ напомош. ЕДИТ: Софијанова е бренд во и за Мкд, таков специјалист се раѓа на 200 години. Нејзиниот случај е игранка, само кој знае. И наши пратеници 20 год се пратеници, што не видат на камера дали 3 пати биле на седница??? Девојката несудена амбасадорка колку зима месечно, што не дадат емисија за тоа? Софијанова барем учела и учи цел живот,спасува детски животи, заслужува и 10к евра, зошто државно немаме асални педијатри, а приватно спремете по 3000 мкд од преглед. Не разликувате форма и содржина, не коментирам повеќе. Поздрав