На пораѓајот поминав супер и јас. И доктор и главна сестра (душо, душо, мислиш ме знае цел живот), кога им заврши смената набрзо после пораѓајот дојдоа и таа и докторот да ме прашаат како сум, таа дојде и утрето сабајле, долу на патолошка бев неколку саати, исто супер беа луѓето. Со исклучок на суштеството што ме прими и сестрите кај бебињата се исто така леви. Ама и таму имаше една од Господ пратена, па успеав да добијам инфо за бебето.
Едно е доктор пари да ти бара, друго е частење од алал. Јас дадов убава сума на поклони. За алал. Никој ништо не ми побара. За Адела јас пак, имам само најпофални зборови. Има еден куп гинеколози. Ем сакаат кај одреден доктор да се пораѓаат, ем да им трчкараат вон смени, ем дрндаат дека дале пари. Па што идете кај тој доктор и зошто очекувате некој за вас да одработува? Непороден никој не останал. И што е најголема лага на членката, ако не си отворена, не те ни перцепираат за пораѓање, цтг мерат до сам крај нон-стоп. Јас сум презадоволна од целиот однос. Што знам, јас раководам по старинското. На доктор со празни раце не одам. Тоа им е работа точно, но кога некој ќе ја пречекори платената услуга, ќеф ми е да дадам.
Да, после епизиотомија постои целосна анестезија, т. Е. Нешто што се вика ревизија на матка, доколку многу крвариш после породување или останал дел од плацентата. Можеби на членката не и објаснил никој ништо ко што треба, па и тука не ја сфативте. И јас го поминав тоа.
Смешна си. И ти си дала поклони на некој што му е работа да те породи. Па ако никој не останал непороден, што си дала од алал? Исти сте, и ти и членката што дала 400 евра. И од алал и не од алал е мито, па и поклоните.
Каков е тој алал Ако е така ај сегде ќе частиме , по шалтери , по банки, кафич, нели од алал.Не услужиле тоа за што се ПЛАТЕНИ , ама чекај и ние . Не се докторите криви. Вие сте. Затоа не не бива.
Пс само да пишам, и мене ме успаа кога при епизиотомија. Останал дел од плацента внатре па венски ми дадоа нешто и после кога ме средија ме будеше анестезиолог. А со второво ме шиеја но и така ништо не осетив оти бев со епидурал..
Ваши пари не трошев и не би требало да ми водите рачун како располагам со мои средства. Јас сметав дека треба и стојам цврсто зад тоа.
Луѓе не се расправајте за џабе меѓу вас. Факт е дека понекогаш сами сме криви. Јас медицинската сестра што ја најдов врска ,и однесов едно кафе и една чоколада. Дали сметам дека е лошо? Не. Жената со еден збор ми заврши работа ситна за која ке чекав цел ден. Дали би дала повеке? НЕ. Стварно се надевам дека нема да ми побараат пари за пораѓај. Јас сама нема да им нудам. Ама ситни работи како едно кафе не е страшно. И на другарка ми што работи у банка што ми завршува работа ја частам кафе ...кога сакам и сметам ете чисто од кеиф. Сам никој не ми побарал
Абе ти дади и 2.000 евра ако сакаш, но немој да пишуваш дека поклоните не се мито и оти твоето е оправдано зашто никој не ти барал. И вие што давате сте за пријавување, ама ај.
Цела држава ти функционира на база местење тендери, мито и корупција, за мене се фати? Ете имаш дете, те породиле без поклон, што и да е, што се бунтуваш само без врска.
Па нормално. Првото дете го раѓав на државно, не дадов ништо и затоа си поминав ужасно поради вакви ко тебе што даваат. Второто во приватна болница го родив, поминав супер.
Јас и да сакам не можам да го почастам цел персонал. Јас сум презадоволна од нив. Така што, муабетот не ти држи вода.
Од каде да знам дали лажеш, а и не ме интересира искрено. Сакам да ти кажам, муабетот за дарување и добивање услуга не ти држи вода, затоа што јас ќе почастам еден двајца, а покрај тебе во тие три дена поминуваат еден куп сестри и доктори. А јас, сум задоволна од целокупниот третман. На крај и двете сме дале пари, ти плаќаш приватно здравство, јас сум купила нешто во знак на благодарност, затоа што држам бебе во моите раце, здраво право.
Во приватна болница се дава легално, си плаќаш зашто е приватно. А државно е нелегално ако даваш скапи подароци или пари. Поздрав.