Zdravo zenicki, Da mi kaze nekoj sto e potrebno za vo cair dali primat so nasi spavaci i dr potrebni rab za bebeto, i dali ste zadovolni pozdrav❤️
За Чаир едно големо не. Да се соземам ќе ја напишам мојата породилна приказна. За гак не знам како е.
Мене сега последно ми рекоа само влошки ,пелени и лична хигиена. Спавачи даваат и ги менуваат нонстоп. Ке видиме како ке биде. Пријателка моја помина одлично пред еден месец таму. Секогаш ке најдеш поделени мислења. Некој на гак и Чаир поминал одлично,некој и Во Систина поминал лошо. Така да ,се е индивидуално. Со лесно
Извини, знам дека во моментов може и не ти е до форум, ама не можеш да пишеш вакво нешто во тема како оваа кај што пишуваат трудни што во секој момент треба да заминат да раѓаат и да те снема. Пак ќе речам, те разбирам, ама подобро не пишувај ништо отколку вака да исплашиш жени на кои денови им се бројат до заминување да раѓаат. А дека е така како што вика Кирова, така е, сите имаат различни искуства во исти болници. Јас во Санте поминав ужасно, пишував на долго и широко од прв ден, ама познавам жени кои и по втор пат отидоа да раѓаат таму а не се Сара Мејс да не плаќаат ништо. Така да напиши го своето искуство и зошто така си се осеќала, можеби некому ќе му помогнеш. И јас сум една од тие што одлучиле да раѓаат таму засега, ете имам време, може и мене ќе ми помогнеш. Пак ти се извинувам на прозивање ама тоа е моето мислење.
Моето дете има черепна травма и како резултат на тоа мозочно крварење што резултира со хемипареза. Знаеа дека природно нема да иде поради поставеноста.и пак не се нафатија за царски. Случајно откривме. Од таму во картон нема ништо. Судски процес е во тек.
Жал ми е ,се надевам ке се среди се. Мегутоа сепак внимавајте зашто еве ние чекаме на ред за раѓање таму. Моето е карлично пример и од старт кажаа ке бисе царски нема да те мачиме природно. Значи секој различно.
Многу ми е жал за тоа што ви се случило, верувај, ама во моментот кога прочитав а во припрема за раѓање знаеш колку ми дојде безвезе, иако не повеќе од тебе нормално. Се надевам дека ќе се рехабилитирате брзо и ќе остане само лош сон, а нажалост мене во приватна за секунда не ми се случи и полошо од ова, да го изгубам засекогаш. Не звучи убаво, ама баш секаде може да се случи, и во приватна и во државна, нажалост. Пак ќе ти речам, се надевам што поскоро да се опоравите, ако може нешто да се помогне слободно пиши.
Мила, се надевам дека ќе се опоравите и ова ќе биде само еден лош сон оставен во минатото. Држи се и посакувам да ја истерате правдата до крај!!!
Значи секакви коментари, искуства ќе има нема зошто да се плашите, нормално е тоа. Јас колку коментари читав, искуства кај што се пораѓав многу лошо било, хигиена и се, доктори, сестрите не ги гледале бебињата, при пораѓај не помагале. Јас токму спротивното го дожиевав исто како да сум била во приватна болница, многу убаво си поминав и ништо од тоа немаше што мк кажуваа така да секој со својата приказна.
Да прашам, во Чаир ги повиваат бебињата или ги облакаат? И дали ако се деси да се породам пред 37ма ќе ме вратат да одам на Гак?
Се сложувам за Чаир и на секоја која се мисли дали да оди таму или не, препорачувам да не оди. Би сакала да ги послушав лошите искуства пред да се одлучам да се породам таму. Но, добро има и луѓе со позитивни искуства, така да, различно е за сите ама во Чаир никогаш повеќе.
Јас само го кажав моето искуство. Не мора со секој ова да се случи. И пред да ме нападнеа членките дека плашам трудници, темата е за искуствата кој како поминал. Ако не сакате да читате негативни не ја ни отварајте темата.
Конкретно за во чаир имаат огромен дефицит на кадар доаѓаат родилки и од други градови гужва ептен .. кога ке ве стават на бокс практично чекате ред да се породите а вие вриштите од болки додека се пораѓав бабицата си миеше прегледи бидејќи мораше нема инструменти .. и др кој ме пораѓаше дневно има над 10 родилки дневно така да каква држава такво здравство, образование итн.. само опуштено сите родилки сме во божји раце .