Тоа имам спремно, ранец и една ќеса со нешто ситно сува храна, вода и сокчиња, така сум читала по форуми и групи. Значи нема да прават проблем за ранецот, тоа ми е најважно. Немам торба во која се би собрало па мора вака, ипак пакување пелени, подлоги, пешкири, зафаќа место доста.
Кога ќе те примат за горе облеката ја даваш на сопругот, телефонот стави си го во ранецот зошто горе не дозволуваат. Сопругот ќе го остави ранецот доле на приемно кај сестрата па ти кога ќе се породиш и кога ќе те однесат во соба ти ја носат и торбата.
Здраво, Еве и јас да го споделам моето искуство од раѓање на ГАК се надевам дека ќе биде убава информација за некоја мамичка шо ќе иде таму Јас се породив на ГАК како ковид пациент, се до моментот додека не ми направија тест во Систина за прием веќе во болница и излезе позитовен. Дирекно ме препратијс на ГАК зошто недај боже кај и да си ако нешто се искомплицира пак идеш на ГАК. Знаејќи какво е нашето здравство на ГАК заминав со плачење како мало дете зошто немав ама баш никој од нигде таму оти ние така функцинораме нели, ни вујко, ни чичко, ни стрини, тетки, ни комшија, ни познаничка, ни пријатели… затоа сакав и приватно да си платам, да ми посвети некој внимание нели.. Арно ама таму ме пречека сосема друга атмосфера од моите црни замисли секако дека не е хотел со 5 * но постелината ми ја менуваа секој ден при што мерисаше на омекнувач, спаваќи добивав онолку колку што ми беа потребни, дневно секако една но доколку има потреба по 2-3, секое сабајле ми ја чистеа собата, болничарите и сестрите беа прекрасни, ме слекуваа, ме чистеа, ми помагаа да станам, ме проверуваа повеќе пати (секако дека ќе се најде некој исфрустриран ама ајде.. ), во собата имаше клима, креветите беа со далјинско, значи секој ден ми земаа крв и ми испитуваа се што беше потребно (шо неверувам дека во приватните секој ден те испитуваа или пак може ама после ќе те удрат по џеб како дополнително шо ти правеле ) Ме породи една многу слатка и мила докторка Ева и ептен се грижеше за мене, си реков кај и да си само во Божји раце да си и позитивна мисла да те води.. Некогаш колку и да сакаме да платиме за третман да идеме приватно, да платиме за внимание, да идеме кај извикани доктори не значи дека ќе поминеме добро и тие нај извиканите доктори некогаш грешат од шо се они најдобри нели, сакам да кажам дека еве мене ме породи Ева не извикана млада докторка којашто можеби со мнооогу по големо внимание ме третираше за време на цсрскиот и после тоа од некој извикан доктор шо може после тоа да не дојде ни да ме види… Е така се запишав јас хахах ама на сите идни мамички сакам да ви кажам кај и да сте позитивна мисла да ве води, ништо не е страшно и се се издржува затоа што сме ЖЕНИ и сме силни и сме моќни
Апсолутно истото искуство го имав како тебе, на крај и куферот ми го спаковаа, чорапи и патики ми облекоа и ме испратија велејќи ми дека се надеваат дека ќе се видиме пак за 2-3 години
да да даа и мене исто со фустан дека бев ми викаа чекај застани да те средиме како шо доликува да го наместиме фустанот убаво. Јас мислев дека сепак се плаќа нели нешто минимално за услугата, нешто како паушал шо знам а они 0 денари имаш за плаќање
Ова ми дава ептен надеж. Првото во приватна го родив и зажалив за искуството, сега здравје во Чаир е планот, ама ќе видиме до последно не се знае. Јас сум за тоа да биде како сака Бог, да биде само добро за бебе и мене, друго се се средува. Ако сакаш хотелска храна, сам во соба, услови ко да си во спа, тогаш плати си, ако си отидена да родиш и не ти е важно останатото добро е што имаме ваква опција.
Чекаш на приемно. Ти праат ЦТГ и ехо ,маж чека надвор со стварите. Ти средуваат документација. Ти даваат спавача , маж ти ги дава стварите. Те носат на ковид тест и ти земаат крв и те носат на патолошка. Посети не даваат . Стварите што ке ти ги донесе маж ти ,ти ги носат сестрите.
Условите на ГАК беа сосема солидни, креветите удобни и на даљинско, чисто в соба, топло, чаршавите и спавачите мирисаа на прашок и секогаш можеше да побараш нови. Е сега храната ко во болница ама секако ти носат од дома ама ако си со царски не ти е дојдено ни до јадење, реално. Е сега има разлика од приватните клиники каде што услугата и условите се next level.
Море како ми беше дојдено до храна, 3 дена мртва гладна, со чај од нане ме налеваа и по 1 литар сок од јаболко (а во картон пишуваа по 2 дека ми даваат ама нејсе), на трет ден се побунив дека веќе сум многу гладна и им текна да прашаат. Ем во приватна болница.
Епа тоа е тоа шо сакам да кажам приватно ќе се искешираш 2000 евра може и више и пак ќе има пропусти. Вака на државно си, прво на најсигурното место си..секако дека нема да имаш храна незнам шо, кросани бе ќе си земам ќе јадам, овошен јогурт ќе јадам, смоки небитно ама знам дека тоа е тоа од храна на крај па ќе си речеш не дојдов да јадам ќе издржам нема да умрам… За мене беше многу битно само да е чисто и така и беше..од вц-њата само не очекував многу ама јас дека бев царски секако неможев на шолја така што кога требаше да идам до вц одма се туширав од пола надолу… @AngelOfArh мајка ти посакувам лесно да си поминеш каде и да си и да имаш убави спомени
Во Санте беше колку што се секавам ? Они се далеку од тоа што треба да биде приватна болница од муабети во последно време што се наслушав . Со среќа сега во Чаир ќе си така? Се надевам добро ќе поминеш ,па сподели
Мене ваму ме караа дека не смеам од надвор храна ништо, се беше алергени, никако чоколатце, никако овошје, никако јатки, а они ми даваа Петите Бер бисквити и чај од нане, и тоа бисквитите третиот ден дури, па кога се побунив ми дадоа супа со брокула. Море трет ден веќе човек ми идеше да изедам. Да, во Санте. И пред 7г не беше различно, си играа болница.
Nosis so tebe stvari za tebe (licna higiena) i za bebe pampers i pavloviceva vo torba/ranec, oblekata sto e na tebe ja zima maz ti i ti nosi tek na zimanje....ke ti trebs mnogu tecnosti (voda, sok od jabolko, leden caj praska) no moze da ti se donese vo bilo koe vreme ako si od sk. Ako ne si nosi si na start....ako ti trebs nesto plus info slobodno pisi mi, porodena sum pred 3 dena
Нека е живо и здраво. Во суштина тоа е тоа што и имам спакувано, друго ништо плус. Уствари плус се книга две за читање. Тенкју!