Искрено и подобро да нема посети овен кога се сами во соба. Сварно нема смисла има луѓе без осет и по цел ден седат. Имам другарка која пред неколку години пред коронава се породи во Систина, тогаш имаше посети. Мажот на цимерката по цел ден бил таму, знам ми се жалеше дека не може ни да стане до тоалет и било срам да не е крвава или да и прокапе по пат, не можела да одмори. Побарала да ја преместат па среќа имало празна соба.
Се согласувам со ова. Ако сака да дреме цел ден, земи си апартман и не замарај цимерка со присуство. Што е тоа дремење со саати, без осет
Здраво девојки Сакав да ве прашам дали се наплаќа за породување во државна и ако се наплаќа колку е ? Немам искуства затоа и вас ве прашувам прва бременост ми е
Јас ништо не платив, претпоставувам во соба бев ама го имаше сето ова што го кажуваш, освен фрижидерче. Имаше и фотелји, масичка, кадичка и место за пресоблекување на бебе, кревет на далечинско итн. Инаку и јас размислував за апартман ама што ќе ми беше кога нема посети, па така се откажав.
Исто и во мојата соба на гак имаше шкафче со фиоки со дел за пресоблекување, чешма со кадичка, телевизор. Мислам дека имаше и клима,но јас се пораѓав октомври и немав потреба од неа. Два кревети и вц во собата.
Жени прв пат-втор пат што сте се породиле чаир како сте поминале? имаше некоја разлика со првиот и вториот пат? јас со ќерками се породив чаир горе доле супер поминав. сега незнам дали да идам пак таму или во Велешката болница да се пораѓам.
Твое си е да одлучиш. Јас во ноември се породив на ГАК и многу сум задоволна. Чисто, услужлив персонал, физиотерапевт за масажи, контроли цело време итн. Само храната е лоша, суви кифли/двопек со јогурт/компот за доручек и вечера, за ручек супа и ориз/пире со пилешко ама мене искрено храната најмалку ми беше важна. Кај и да одиш, со лесно да ти е и здраво и живо бебенце да донесеш на свет
Јас се породив во Чаир. Одев по тоа што таму имам познати па таму отидов инаку исто е и Чаир и ГАК. Јас сум задоволна од Чаир, има многу задоволни и од ГАК, твое е да одлучиш.
Ако имаш некаде познати оди таму. Жално е што ова е вистина ама стварно е така. Може и никој да немаш и супер да поминеш, нема правило. Јас лично сум задоволна од Чаир.
Фала на одговорите срцки. Немам никаде познати. Читам по темава искуства еден куп, ептен се исплашив, ама си викам како што е Госпд никој не е.
После долго размислување , читање прашување жени која кај се породила , како поминала, јас се одлучив пак чаир да идам за пораѓај со господ напред и позитивна мисла. Сватив дека џабе читам и прашувам, бидејќи секоја жена е приказна за себе и секој организам и тело се различни. затоа веќе не прашувам, чаир супер поминав со ќерками па се надевам пак ќе биде така! Со лесно нека ни е на сите! Златен Господ нека не чува
и јас размислувам за Чаир,јесда немам врски и не ни знам како се бира доктор за порагај ама со господ напред валјда се ќе биде добро
Доктор за пораѓај на државно се бира само кога се оди со врски или мито . Ако не планираш на тој начин тогаш не се бира туку кој ќе е на смена тој те пораѓа . Освен ако не си со индикација за закажан царски па да закажеш кај некој доктор договорен царски кога тој ќе е на смена . Со среќа нека ти е и со лесно