Чаир. И да немаш доктор, сите се професионални и секако ќе се породиш Чисто е, сестрите се коректни, јас си поминав супер
Еве јас ќе ти одговорам. Пред шест години со првото таму се породив и бебето беше постојано со мене. Тоа не ми се допаѓаше воопшто, бев со болки, ми требаше малку да склопам око. Сега може е сменето нешто.
Бебињата ги носат сабајле во 6 и ги земаат во 9 . Навечер не се со мајката. Јас бев царски ,ми го донесоа во соба кога ми тргнаа катетар ме истушираа, но само што бев станата и им кажав дека не сум спремна да се грижам одма за него,без проблем ме оставија да го погушкам и го земаа. Ми го донесоа следниот ден. Цимерката ми беше породена природно , ист случај беше и со неа. Доаѓаат на три саати да ги дохрануваат.
Преку ден цело време е со тебе бебето, на отприлика 3 часа доаѓаат и ако не цица му даваат ад. За навечер ги зимаат(втората вечер ме прашаа дали сакам да го земат или да остане со мене), а сабајлето после 6 негде пак ти го носат. Јас бев природно породена и за неколку часа после пораѓајот ми го донесоа
Не. Навечер ги земаат. Јас и пред да си одам побарав да го земат за да се спакувам на раат. Ги хранат на секои 3 часа.
Пред 3ипол год моето беше цело време со мене. Никој ниту се понуди да го земе ниту пак јас прашав. Доаѓаа за хранење и го земаа два пати за преглед од педијатар.
Moze togas bilo taka ne zmam. Jas se porodiv 2021 i sega pred mesec dena. Isto iskustvo imam dva pati,vetojatno smenile.
Од што страв? Во болница одиш, разбирам се гледаме какво ни е здравството али не значи дека цело време такви работи се случуваат. Лоши работи има и во приватниве ама таму вешто прикриваат. Стотици жени дневно раѓаат по државниве не сите се недај боже умрени. Јас лично во Чаир бев и сум задоволна.
Фала ти на подршката душо.❤ Многу продилни приказни се изначтав, ЧАИР кланица,ГАК бетер и ме фати ептен страв.
Секаде се случуваат неубави работи за жал...Ако одиш со лоша мисла сегде ќе ти биде лошо. Секој со својата среќа и искуство. Сепак не е до толку црно во државна гинекологија било Чаир било Гак.
За во клиника Чаир јас би го препорачала Едис Мујович, супер доктор, пристап одличен, многу коректен и многу грижливо се однесува иако тежок пораѓај на крај се излезе супер благодарение на докторот
Ве молам некоја што се породила брзо сега во Чаир да ни пише што точно бараат мислам на документи,што да се спреми во торбица и слично Благодарам однапред
За бебето ми побараа само пелени и крема, за тебе земи си за лична хигиена,она што мислиш дека ти е потребно, спавача и папучи таму даваат, од документи носев книшка и потврда за крвна група