Нејзе не ја знам ама можам да ти предложам неколку од лично и на блиски искуство. Јас сум презадоволна од Марија Јоксимович она ми ја водеше цела бременост,Иво Ќаев ми ги правеше главните скрининзи,Дуковска и Пајтим Асани,Софија Златеска. Од блиски Весна Чибишева. Моето искуство со Гак е дека помалдиве доктори се 100 пати подобри од старата гарда. Најново што слушнав за Адела дека мавала шамари на пациентка што се пораѓала дека многу викала,баш ми текна на тебе
Неа не ја знам. Од лично искуство ти ја препорачувам Ана Данева Маркова. Блиски мои се презадоволни од Ливринова.
И мене не ми се веруваше ама да вистина било. И тарифата за пораѓање и водење ризична бременост и била 500 евричи. И заштитена мечка била ни адвокати неможеле да истераат случај со нејзе. Многу лоша сторија имам слушнато за нејзе и тоа од скоро.
Фала и ама искрено овие помладиве докторки упатени се доволно за да си ја вршат работата. Крај краева веќе ако плаќаш боље приватно да одиш... Мислам мизерија невидена. Јас планирав кај Ива Малахова да ја водам бременоста читав тука позитивни коментари за нејзе. Па ќе видиме
Мене Марија Јоксомович ми ја водеше бременоста најпрезадоволна сум,достапна на телефон ми беше цело време. Ме породи Пајтим Асани на човекот живот му должам. И двајцата млади и многу искусни.
Царски се породив. Во апартман може да си сама ама 100 евра е а со две е 50 евра. Разликата во апартман и обична соба е што ваму има фрижодерче и зебра завеси другото е се исто. Немаш потреба од апартман по два кревети се.
Колку дена лежеше? Извини те испрашав ама се мислам за државна и систина па затоа. И дали за време на викенд пуштаат дома да си одиш? И бебе кога ти го носат и ако носам пумпа дали има каде да ја мијам?
Јас се породив четврток ноќта,сабота сабајле ме пуштија. Бев во двокреветна соба и мал дел од времето бев со цимерка. Има топла вода за да измиеш пумпа. Јас си носев но реално само неколку капки колострум извадив додека бев таму. Бебето беше 90% од времето со мене, го земаа 2-3 пати за прегледи и ми го враќаа. Со мене беше и ноќе.
Ги хранат на 3 саати со АД. Инаку имаш топла вода, можеш да си измиеш пумпа, а и таму имаат пумпи да знаеш. И да, за викенд пуштаат
Можеш во секое време да кажеш да го земат бебето доколку не се осеќаш способна да се грижиш за него во моментот. Бар јас имам такво искуство ,мое и на цимерките со мене.
Потврдувам. Мене кога ме отпуштаа, бебе плачеше и не можев да се спремам, дојде сестра и и кажав дека сакам да го земат на половина час за да се спремам, таа ми рече ќе го земиме до крај, додека не си одиш, ако се спаковаш и уште не се готови документите слободно одмори си се.
И мене ми остави добар впечаток. Тогаш кога требаше Адела да ме прегледа а ме прати дома, наредниот ден отидов кај Ива, многу добар и смирен однос. Објаснува убаво и разбирливо. Мене ме испаничија дека ми е високо пукнат водењак тие специјализантите и Ива ми објасни што ќе приметам ако е пукнат водењак, дека не е тоа туку така, ми зема примерок со лентичка и ми ја покажа лентата за да ме смири да ми докаже дека не е плодова вода исцедокот