Сестрата ле треба да го следи ЦТГ? Разбирам да те приклучи, но после резултат треба доктор да го види, а не сестра. Страшно ќе било ако ти се погоди сестра кој не се разбира и замара многу.
Брцкање во туѓ џеб бе. Безобразност . Еве јас со првото ужасно поминав на ГАК, за второто си платив и имав човечки третман, а не некој да ми се издерава зашто сум отишла да раѓам. А најсмешни ми се оние што велат како сме оделе приватно, но истите тие фатиле врски на државно и дале подароци или пари. Еве што пишала членката пред некој месец: Едно е доктор пари да ти бара, друго е частење од алал. Јас дадов убава сума на поклони. За алал. Никој ништо не ми побара. За Адела јас пак, имам само најпофални зборови. Има еден куп гинеколози. Ем сакаат кај одреден доктор да се пораѓаат, ем да им трчкараат вон смени, ем дрндаат дека дале пари. Па што идете кај тој доктор и зошто очекувате некој за вас да одработува? Непороден никој не останал. И што е најголема лага на членката, ако не си отворена, не те ни перцепираат за пораѓање, цтг мерат до сам крај нон-стоп. Јас сум презадоволна од целиот однос. Што знам, јас раководам по старинското. На доктор со празни раце не одам. Тоа им е работа точно, но кога некој ќе ја пречекори платената услуга, ќеф ми е да
Океј е ,олабавете. Зборам за постапка за царски. Н крајот на краиштата , кој доктор е должен од сон ноќе да станува и да доаѓа да гледа ЦТГ ?! А?! ЦТГ прават сестрите. И нормално дека се разбираат. Ако нешто им е сомнително секако они викаат доктор да види. Ама тој доктор кој е дежурен таа вечер. Замисли мене некој од сон во 2 да ме разбуди да одам на работа да му завршам итно? . Па и ако отидам епа мајке му заслужувам барем едно кафе така? Навистина ми е преку глава да ги правите државните болници хорор а не е така. Другарка се породи пред три дена во Неготино. Супер си помина. Друга пред некој месец Кавадарци и таа супер помина. Е сега океј ,ако сакате да искачате од болница исфенирани, ке си идете во Систина. Секој со свој буџет и со свои желби. Ама дека ова другово е хорор ,не е. И дека некој "нема да те породи" или дека доктор " ти рекол свиња" ај малце со тие измислени приказни да се олабави. Или пак кажете го името на докторот па да видиме. Ако одбирам да дадам 2000 евра за два дена или поклон кафе,благо ,вино ,па го одбирам ова второто. А ,и да...темава не е приватна болница. Државна или Чаир е. Така да....
Дежурен доктор е да работи, а не да спие и да го мрзи да стане, макар било цтг. Дали сериозно треба да рчи на работното место? Ти ако работиш трета смена на лента во фабрика или во кол центар ќе спиеш? Кој газда ќе ти го дозволи тоа? Или ова е државно и доктор е, па дозволено му е да спие? Кој што му може.
Само би додала дека ЦТГ машините сами даваат звучен сигнал кога нешто не е во ред. Мене со првото во ГАК ме следеше сестра за прво цтг и бебето качи пулс. Одма реагираа за кратко дојде и лекар ме поднасместија се смири. Сестрите во ГАК не се за потценување. Јас попрво нив би им дала. Бев со оваа бременост еден ден патолошка. Два лекари ме советуваа да си одам дома да преспијам па да се вратам следниот ден, сестрата ми рече не потпишувај оди на одделение нека те следат да си бидеш спокојна. Па пробуваат да ме убедат како нема кревет како ќе чекам и сестрата се нафати рече овде на ургентен ќе ја легнам додека не се ослободи. За пет минути ме однесоа во соба. Треба да сте човечки настроени и да имате разбирање за да наидете на ист третман. Да влезев со карање зашто чекам два саата за преглед зашто нема кревет итн итн ќе завршев со друга болница било приватна или државна. Се на се за 24 саата имав преглед и увид на целата состојба од 6 различни лекари. Кој како ќе влезеше во соба. Со детално објаснување од сестрата на смена. Храната крш тоалетна сапун нема за уште една спаваќа не ме понудија ама ми беше срам да прашам дека сум само еден ден, перница немав на кревет ама за кратко ми донесоа. Па што барате уште
А каде реков дека доктор на дежурство трева да спие? Реков доктор од дома зашто би доаѓал кога не е на смена
Супер штом те виделе пред операција. Мене со индикации за царски ме оставија природно да се пораѓам. А додека бев на патолпшка доктор не видов.
Од дома не. Ама дежирен доктор на патолошка и тоа како треба да помине да ги види пациентките. Мислам страшно ако сметаш дека сестра треба цтг да ти следи
Ако е на смеа и те како е должен да станува и цтг да ти следи.не е тоа работа на сестра. Сестра може само да го приклучи.
Ти рече - па кој доктор е должен да станува од сон за цтг. Јас сфатив за дежурниот доктор, а не да дојде од дома. И не, сестрата не го следи цтг-то.
Вака сега да ти кажам, ти си поминала супер, одлично како и многу други, но некој не поминал и не можеш да тврдиш дека 100% е со сите така, дека има доктори што се исмеваат со пациенти дали директно или индиректно има, јас сум била сведок на такво однесување. Јас бев сведок кога со крварење отидов во амбуланта на ГАК и специјализантката беше океј смирена и фина, но затоа братот што работеше таму не му беше денот па на мене ми се испонаша многу мразам кога доаѓаат пациенти, а се прават дека не знаат ништо, да напоменам пред да влезам ме праша зошто сум дојдена и што примам терапија му ја кажав и само ми рече епа таа ти терапијата јас не знам што сакаш. Ова за тебе океј однесување е? Плус кога бев внатре една имаше 14 дена крварела девојчето може биохемиска или спонтан има он влага внатре и вика види ја оваа дошла сега а 14 дена крварела боже господе. Вакви коментари се тотално непотребни ако не можат да си ја вршат работата нормално нека не ни работат воопшто. Втора работа е дека со ниска бета кога отидов не виделе ништо на ехо и сигурни биле дека е вонматерична и требало да ме чистат и сала дури спремија, за моја среќа се симна по грешка докторка од родилна сала и рече еве во матка е но рано е после 2000 бета ќе се види убаво. Другарка со првото се породи океј да кажеме на ГАК и почнала таа да ја шие и девојчево и рекла може анестезија да ставиш и таа специјализантката и кажала ее толкаво дете роди па за ова, нај интересното е што и ставила мраз да сопре крварењето и рекла аа ќе морам да те дошијам и по 2ор пат ја шиела на живо.(ова е иживување) Со второто пак на ГАК не било баш со главата наместено право малце на криво и почнало локва крв да тече и викнале тогаш доктор бидејќи немаше простор за други родилки нејзе ја праќаат дома анемична за мажот и да ја наоѓа падната на плочки, многу паметно од нивна страна. Ова ти се лоши случаи има и доста добри од роднини, но со луѓе што отишле да раѓаат и тоа царски и имале човечки третман.
Малце простичко вака кога негираш што се има десено.На темата имаме членки на кои им беше заборавено газа при царски па за малце ке умреа,имаме членки чии бебиња се трајно оштетени од невнимание при пораѓај..членки со трауматичен природен пораѓај поради персонал.Јас имам работено во болница и одговорно ти тврдам дека бараат и пари в џеб,и се понашаат со пациентите како ѓубре. И оваа не е само кај нас на државно.Истото се случува и во Србија.Само таму кренаа глас ние како утки ќутиме.
Непотребно им стварате страв и притисок на трудниците кои треба да раѓаат на државно . Па покрај вас мора да се најдат и тие како нас кои ке им кажат дека имале супер искуства. А и , да, уште еднаш....ако мене доктор ми побара пари или ме нарече свиња ке го пријавам. Ама ете не пријавуваат . Зошто? Прашај ги...... И еве за тоа "простичко" ке ти стаам еден лајк .
Па се дур се тапшате/тапшаме по рамо свашта ке се дешава.Не само на гинекологија,туку општо низ цело здравство.Дека полесно е да се прикрие реалната слика отколку очи да се отворат што навистина се случува насекаде околу нас.
Мене свиња не ме нарекле.ама направија таква фатална грешка што цел живот ќе ме боли. Пријавив. И ништо.
Zdravo, i mene mi ja vodi prof. Bremenosta ama ne sum go prasala dali on i ke me porodi , nekoja da se poragala kaj nego ?
Димитар, така?Не ме пораѓал,ама ми беше матичен пред да отиде во Државна. Ок е како доктор и како човек. Комшивка ја пораѓаше скоро,убаво искуство сподели.