Работата е што државата не ги цени, а не народот. Ние сите плаќаме здравствено но државата не ги плаќа нив
Е како државата не ги плаќа? Воопшто немаат лоши плати лекарите. Останатиот медицински персонал има слаби плати ама докторите во клиниките и болниците земаат солидни плати. Е сега тоа дека може и подобро, секогаш може. А на приватно бегаат и заради обемот на работа затоа што на државно има недостаток на кадар и обемот на работа е вртоглаво голем. Другарка си отиде од државна клиника затоа што вика дека се случувало да има по 80 прегледи во смена што е ненормално,прво вика не можеш да посветиш внимание доволно, второ паѓа концентрација, трето цело време владее тензија бидејќи пациентите чекаат. Не е секогаш до парите...
Јас се породив во чаир.И неможам баш да се пофалам и тоа со врски.Тешко си на тој па што ги нема.Додуша во нашава држава се така и функционира. Ако имаш некој па може и подобро ќе поминеш.Цела една недела ме држеа на одделение почна да ми се заматува водата и детето ми се умота околу папочната врвца.Со три провокации неможеа да ме породат и на крај ме исекое.После една недела ако веќе беше за сечење немаше потреба да ме чуваат толку.Одвај останав жива на стол и после тоа маж ми од страв несакаше да слушне за второ и јас си останав со едно дете.Немојте да ме сватите погрешно фала му на господ имам златна ќерка ама сакам да кажам остана уплавот од првото така да само врски за полесно.
Државата ги плаќа но не за толку пораѓаи туку фиксна плата и деѓурство ако имаат. Како што напоменав подобрите и способни доктори имаат премногу пациенти за тој да дојде од дома и да породи некоја што сакала да и биде тој на пораѓај ќе бара пари крај краева сите работат за пари он си крати од приватно време за да дојде на работа ама него државата не го плаќа за тоа. Докторите не земаат 1500 евра плата на клиника. Во приватните бегаат зошто имаат помалце обем на работа и си и закажуваат пациентките за природно со провокации и царски се знае во тек на работно време плус и операциите им ги плаќаат. Ретко која отишла од тука да се пораѓа во приватна без провокавија со пукнат водењак.
Кога со доктор на државно ќе се договориш да те пораѓа (со пари секако) не значи дека ќе ти дојде од дома, туку ќе те договори кога ќе си при крај веќе (со редовни цтг и еха) кога ќе биде цел ден на смена/дежурство и на договорено со провокации пораѓаат, евентуално договорен царски. Од дома доктор што дошол на државно, нема. Еден во 50 нека има, ама не ти доаѓа скоро никој.
Јас ноќеска лежев во родилна на гак, докторка (албанка) во 3 по полноќ дојде и си ја зема пациентката (албанка) за да ја пораѓа. Девојчето беше со болки,можеби природно се породила.
Верувај дека не, да земаа толку познаниците најбогати ќе беа до сега а не да бидат нај обични доктори. Плус имам и други што и предаваат и работат како доктори и дежурства тераат и не се платени толку. Државата ни е мизерна.
Премногу доктори имам во опкружување и знам колку земаат.Имам и другарка која работи во финансии на клиника и точно знае колку земаат, нема доктор на клиниките под 100.000
Дали некој знае колку се плаќа за апартман во гак и дали може член од фамилијата са остане да ти помага 2-3 дена? И како треба да го договориш апартманот, со докторот ли?
36та недела сум и треба да одам во Чаир на цтг оваа недела. Не сум договорена со доктор. Дали ми треба упат за првиот пат?
Da Samo prviot pat. Da ti kazam ne ti ni yreba doktor site se mnigu fini. A ubavo bi bilo koga ke vlezes na pregled da mu kazes na bilo koj so ke te pregleda drka sakas da ti bode doktor. Jas imam doktor ali u petokot bev kaj edna doktorka. Abe tolku ubavo me pregleda i se mi objasni sto da nemav doktor ke se dogovorev so nea. So sreka
A знаеш ли дали има правило кое време од денот да отидам? Повеќе ми одговара да е после ручек.. ама не знам дали тогаш има доктори....?
Lele pisuvanjevo kako 3oddelenie. Sabajle nesto epten na leva noga sum stanala. Inace sega vidov vo kontrolniot list Nurdzan Ajeti.