Јас во Чаир отидов со еден мал ранец, каде имав само за бебе пелени и влажни и за мене четка ,паста и чорапи. Друго ништо не носев ,мм ми донесе јадење утредента, а бебињата ги земаа секогаш кога ке им кажеш дека ти треба одмор.
Мене и во Чаир двете (разлика 2,5г) ми ги зимаа секоја вечер кај 9-10 па во 5-6 ги носеа. На сите мислам не само моите
И на ГАК ги земаат бебињата од 21ч-06ч, а во текот на денот исто имаш право да побараш да го земат да одмориш. Јас последниот ден побарав да го земат за да се спремам на раат.
Имаш право но не значи и дека ќе ти биде исполнета желбата можат да ти кажат нема персонал детето треба да е со мајката. Тоа го зборам дека во државните болници кај нас преку цел ден бебето е со мајката додека во приватна имаш опција да одмориш повеќе да кажам
Девојки, Можеби е смешно прашањево, ама немам кого да прашам Бебињата од кога ќе се родат, конкретно на гак, до денот на испуштање, во што ги облекуваат? Треба да носам алишта јас за секој ден таму или само за земање на бебето ми требаат алиштенцата? Прв пат ми е и немам појма ништо
Јас кога се породив со првото дете, научна фантастика беше да дојде сестра во соба, а не, пак, да го земат бебето да одморам малку.
Завршив со ГАК како избор за пораѓање. Ако некогаш останам повторно трудна ќе си ја пробам среќата во Чаир. За лекарите немам ништо лошо да кажам ама помошниот персонал ни на една рака на прсти неможам да избројам нормални човечки услужни луѓе. Сите или си ја замразиле работата или се измориле од Х причини. Небитно, искуство од 4 дена не треба да биде нешто што сите сакаме брзо да го заборавиме...
Јас го кажувам моето искуство од пред 8м. Бебињата на ниту една родилка не ги оставаа навечер во соба, безразлика дали е породена природно или со царски рез. Преку ден исто имаше многу родилки што бараа да им се земат бебињата на саат-два. Имаше доста сестри и секоја имаше различна задача, сдна вклучуваше инфузии, друга ни боцкаше клексани, трета доаѓаше да ни ги провери градите, мене дури и пумпа ми донесе итн. Инаку, имаше две три сестри од кај бебињата што беа намќорести ама само два пати дали ми влегоа во соба. Тоа е моето искуство, не знам за пред колку време збориш ти ама јас кога бев лани на крај на ноември беше вака
Супер за тебе. Јас немав ништо од ова,пред шест години се породив. И не е битно кога било, треба сите и секогаш да добиваме човечки третман.
Тешко дека ќе се подобруваат немаат ни персонал доволен, сепак малце сестри мн родилки и цело време во движење, за тоа што го работат и малце земаат реално ама од друга страна треба нормален човечки однос да се има. Еве јас од јануари месец одам на клиника све одвратно од персонал жими онаа што е на наплата нормална е другото од ретардирано до ретардирано. Шалтерот што им е до соба 36 ваделе лрв што ваделе наместо на испитување тука изнаставани документи со епрувети од крв, брисеви и си седат со саати. А тек па да ти затреба во дежурна амбуланта боже мој прво ќе ти се истури братот што е таму зошто си дошла.
Тие на дежурна со ехоно од оние првите пред 35г коа искочиле што се курчат ми се најјаки. Цтг-то доле исто, да ти е страв сама да седиш во просторијата, може и ќе те заборават
Доволно е што нема светло. Како што влагаш внатре во гинекологија не знаеш дали одиш за нешто арно или не... па нов живот се раа тау наместо да биде најсветло место мрак. Остај што ехото им е од дедо ное туку братот таму што го ставаат се курчи на секоја, а те прегледуваат специјализанти без присуство на соодветен доктор лично јас од дежурна амбуланта трауми имам и затоа ми е одбивно се што е државно.
Ама крвта може така да стои, а и треба да отстои. Имам роднина лаборант и од таму знам,така што тоа не е грешка. А во дежурна не сум била, немам искуство. Во 37 и во 28 редовно одев и супер врвев (си одев само кај една докторка). Горе на оддел исто супер поминав освен што кажав дека имаше две или три сестри кај бебињата што беа намќорки и намуртени, со другите навистина немав мака. Цимерката трето дете раѓаше на ГАК, а беше баш финансиски јака,значи не дека не можеше да си дозволи приватно. Не е секогаш до парите, јас 100 пати го кажав тоа, луѓето одат на државно и заради одредени доктори, како на пример јас. Сум одела и во Систина, и во Ремедика и во Плодност на прегледи ама докторката од ГАК не би ја менувала за ниту еден доктор од приватните, не се секогаш условите во прашање, мора да го разберете тоа, некогаш довербата во лекарот е одлучувачка, како што беше во мојот случај.
Најпозитивни коментари за Чаир, и за др Илиевски конкретно. Ме породи со двете деца тој, не ми побара ништо булвално. По свпја желба отидов кај него, и прегледи и цтг, се помина супер, задоволна и од сестри, чистачки, хигиена, се беше супер. Немам лош коментар.
Да ама ти си одела кај една докторка дали твоја среќа дали со врски небитно. Јас еве секој месец како одам секогаш е различен доктор немаш ни опција да прашаш нешто, дури и кога закажувам во амбуланта 36 или 37 не е тој доктор што го пишува сосема трет некој. Дури пред два месеци се најде еден да ми попува зошто сум била царски породена и тоа што не сум се отварала не било причина за царски од вакви подалеку.
Леле една идиотка од сестра како ми се испонаша во таа дежурната. Па зошто сум дошла тогаш, па викање, уфф ми идеше да и ја треснам една. Па докторот беше ок и ме сфати повеќе. Глупача.