Како мислиш се трга? На цтг или на царски? Ќе се договориш со др можеш уште сега да отидеш да те прегледа, се останато е договор, да не чекаш му пишуваш порака кога е дежурем ќе ти каже и се симнува во амбуланта прегледува неколку пациентки, или само тебе сеедно. Јас цел живот ќе го благословувам, со двете бремености кај него се породив, денар не сум му дала, толку одговорен и посветен! Со прото бев 3 дена во болница со болки, Илиевски 1 ден не беше на раб додрка бев во болница задржана, се јавуваше по сите негови колеги што беа на смена за да ме следат, пораѓајот ми беше тежок, иако имав лесна бременост. Се изнакажав јас тука, а тебе со лесно да ти е за кај и да одлучиш.
Зоран е душа од човек. Човечиште. И јас имам многу убаво искуство со него. Моментално терам втора бременост пак кај него.
Да, точно! 100 пати ќе кажам пред се човек, после доктор! Толку знае да те смири, толку е позитивен, немам зборови! Мене и откако се породив сто пати дојде да ме види и праша како сум во соба. 10 жени минимум му имам пратено, хахах.
Пријателка во Чаир ќе раѓа, второ после 6г од царски. Илиевски не ризикувал, рекол пак дека ќе одат царски (така проценил по направено ехо). Она е мн задоволна од докторот
Да преку матичниот гинеколог, упат се зима за доктор во Чаир (бираш ете пример кај него да ти е упатот)...е незнам со термини како е само...
Матичниот ти дава упат. Кажуваш дека сакаш кај него,на упатот стои термин и број на амбуланта. Знаат они во која амбуланта,кој ден е точно тој доктор.
Па ќе одам кај него. Јас у Ремедика сум кај Др. Јане , и кај Коруновски, ама се мрднале со цениве, 100 евра не ме закрпуваат месечно , за втор скрининг Васо ме скрпи 2000ки, сега кај Јане без 3600 за ехо не проаѓам. Значи финансиски ме утепаа. Не можам у оваа ситуација да давам толку пари месечно. Правен скрининг пред една недела, Јане треба да ми даде мислење за патолошка, закажи ми вика , велам зашто да закажам правев скрининг пред една недела, вели мора. Абе како не морало само за пари се сите.
Мн е стварно... од последно кога раѓавме, многу е покачено е сега незнам за во Чаир за раѓање само после 35та ќе треба да тргнеш... а дали и така прават прегледи пред 35та, поима немам. Со првото јас кај матичен до 35та и после во Чаир со упат, таму кажуваат кога наредно да одиш.
Па затоа прашав, дали ќе мора да ја терам бременоста до 9ти месец кај матичен, оти од стомачен вирус завршив на ГАК на вонредна контрола , таму беа префини и ми рекоа ќе мора царски и ќе мора порано дека е 3ти по ред. Да не испадне да идам кај Зоран да ми рече неам место за 2 недели треба да раѓаш. На клиника као имам луѓе, а за Зоран муабет нема, го имам човекот запознаено на лулашки и лично знам колку е добар . Само дали некој доктор би се така нафатил да прави пород на толку кратко време државно оти стварно немам искуство...
Ако се одлучиш за ГАК, Коруновски се многу блиски со Ана Данева и мислам дека без проблем ќе ти ја договорат. Кај и да одиш, со лесно да е
Жени јас се разочарав кај матичната викам дај ми со термин за во Чаир ај да не чекам. И викам кои доктори се ми вика незнаеме ние ти треба да си се јавиш да си прашаш само амуланти пишува ок викам ајде. Претходната бременост ми ја водеше Ефтимова задоволна од нејзе ја незнам со кој памет не се јавив да прашам кога е таму жената нема врска. Одам во вторникот некоја Хасмие ми се падна тој ден разочарана тотално само плодова водс постелка толку друго ништо ни дали е добро бебето ни да провери срце тежина и викам кај мене е поназад ништо страшно и на албански си збореше буквално преглед од 1 мин. викам ќе ми дадете крвна слика да направам катастрофа. Јавувајте се прашувајте си кој доктор кога е да не се разочарате да отидете на преглед од 1мин и да не ви кажат ништо да ве избркаат набрзинка неможев ни да ја прашам нешто бидејќи си стана од столот отиде да викне друг
И мене ми е толку прегледот повеќе време им одзима извештајот додека напишат колку абортуси и бремености сум имала одколку други работи иако одам само за клексани да препишат наместо да видат што како па и како мерат кај мене скоро сите 1 недела понапред го мерат, а нема врска. Иначе јас кај матичниот гледам кој кога е во амбуланта ги пишува докторите само проблемот е што не се погаѓаат тогаш дали ќе се сменат тој ден или хитно нешто ќе им излезе, аможе и да бидат они мачка во вреќа ти е тоа
Јас сестрава кај матичниот прашав ми вика не се гледа демек порано да сега не значи ме излажала тоа е да ни се живи и здрави бебуши кога ќе си дојдат колку тежат ќе си видиме после пораѓај, да истераме до крај.
Еве ти кажувам нај искрено зошто јас ја барав Ива Малахова на ГАК првиот пат и ја најдов кој ден и ми закажа во таа амбуланта, точно на упатот нема да пишува доктор ама на системот им дава кој доктор кој ден е, знам зошто и зјапам јас на сестра во компјутер за термините
Дали е некој запознаен со тоа дали во Чаир има посебни соби за еден само за пораѓај? Тие што биле како апартмани? Која е цената доколку сеуште постојат и како оди со закажување итн.