Дали некој бил во апартман во чаир сега скоро,или познава некој што бил ако може да ми кажете дали се дозволени посети
Zdravo, sakam da prasam za poroduvanje na Gak koi raboti smees da gi nosis za sebe i za bebeto a shto e zadolzitelno od kaj niv shto treba da se koristi?
За себе носиш влечки, влошки, средства за хигиена, подлоги за на кревет (за крварењето), вода и чај. Спаваќи даваат таму. За бебето влажни и памперси, го облекуваат во нивна облека. За излегување сопругот ќе донесе облека за тебе и за бебето
Ау имаат сиг од оние тенкине подлоги, има такви во џамбо. А ни влечки? Зошто тоа мислам гак и чаир имаа
Во Чаир сум слушнала дека даваат влечки, на ГАК не, а искрено ако не се за еднократна употреба јас не би носела туѓи влечки.
Јас кога се пораѓав една родилка немаше влечки. И извади болничарката од некој шкаф влечка Чик Куманово
Јаооо хахахахах. Вчера баш со мајка ми зборев на оваа тема. Ми вика ја све носев дури и постелнина, на крај татко ти се враќаше до дома и перницата да ја донесе. Викам аман бе па ја со куфер треба да отидам, мрдната ќе ме направат
Јас со куфер отидов и стварно мрдната ме направија, а и ништо освен четка/паста, влошки и памперси не искористив.
Имаат ама немаат којзнае што. На таа со мене во Чаир и дадоа машки 40ка број, мене додека ми донесе маж ми ни дадоа едни 36ка, среќа уште не беше заминат и ми ги подаде. Мене многу ми беше глупо што морав да оставам се, телефон, книга, ствари, баш се, па следниот ден маж ми ги донесе, пукнав од нервоза цела вечер на цтг, досадно, таа прво што беше до мене не беше зборлива.
Здраво, да ми каже некој што се има породено во Чаир кај Др. Зоран како има поминато и најбитно ако се договори дали доаѓа на пораѓај ако не се погоди на смена, какви се условите во болницата, и како сте задоволни од сестри, педијатри?
Мене ме водеше д-р Зоран, договоривме царски као за утредента, ама малава реши да излага вечерта на прием. Докторот не дојде вечерта ама тие два три дена колку што бев таму доаѓаше секој ден да ме види. Јас сум пре презадоволна од Чаир и од персонал и од храна и од хигиена и од се. Преубаво искуство на кое со радост се присеќам.
Да, Д-р Пранвера Идризи. Верувај дека сите се добри доктори и си ја знаат работата. Не е само докоторот таму, тоа е цел тим. На мојот царски имаше некаде 5-6 души и сите заедно работат. Ќе видиш дека се ќе биде во ред, без гајле.