Би додала полнач со подолго кабелче и нешто за занимација, јас книга носев, да имав 2 ќе ги прочитав, досадно у пм. Пешкири јас свои носев, се бањав, се средував и ги искористив. Не ти треба наметки, покривки, многу е топло, се породив на 2 дена пред Нова година топло беше.
И да напоменам, не се замарај кои пелени ќе ги носиш таму, не им ги ставаат тие, туку ги собираат на куп, па после ги менуваат, па на кое што му се падне. И облека не носи, нека ти донесат на ден на искачање и за тебе и за бебе
Освен ако нема неодговорен маж како мојот па да и ги заборави кондурите и да излезе во хаљина и патики за трчање што којзнае од кога среќа останале во кола.
Затоа мојон ми вика овие патикиве во кола до кога ќе ти седат  ете имало нешто. Вчера имаше една родилка што излезе се стокмена и доле папучи викам ова милијарда % мажот има заборавено, нај хит ми се кога ќе почнат маживе да се бунат и да викаат е и на тоа ли да мислам па не можам на се. А ние можеме нели
ме насмеа. Збунет бил човекот. Јас немав среќа ни заборавени патики да имам. По влечки летнав надвор.
Обично се по две во соба, ама јас кога се пораѓав бевме мешано, царски и природно, кога ќе се ослободеше соба со два кревети тие со царски ги носеа таму
Јас во 2020 се.породив во времето на корона со премногу гужва во чаир,бев царски и со уште 3 во соба,значи 4,бебињата ни ги оставаа цел ден и цела ноќ со нас ,искрено беше неиздржливо,и невозможно да се одмори и спие барем некој саат
Да знаеш кај ги заборавил, нови чизми што ги купив специјално за пригодата ги имаше оставено на стапче, среќа беше 1ви јануар и старо купуем имаше слободен ден. Среќа дојде, доцнеа па за малку не ме вратија назад. Ќе летнев и со влечки, едвај чекав дома да си одам.
Девојки ај совет, ме плашите со хорор приказниве какво е на клиника а јас планирам за прв пат да одам таму да раѓам, не дека не сакам да си одам пак приватно, туку ете не можам за жал сега. Ве читам со храната, со крвиштата доле, некои се жалите од доктори, јас морам да сум царски и сигурно 3 дена ќе ме задржат, абе ми се темни од се што прочитав, кај се зезнав сега тек се испонанервирав. Двете ми се у Систина и јас вакви работи не сум доживеала, ќе речат плати па клати, ова жива вистина е. Е ај иди раѓај да те видам сега државно. Дајте некоја нека се пофали ваљда не е се така црно како што у глава ми се уврте... Извинете звучи сигурно грубо, не сум различна од никој ама горе приказниве само ме укопаа.
Ее па и ти, сигурно не е прв пат да чуеш како е по државниве. Некогаш се погодува така како што опишаа погоре, ама генерално е чисто. Пред извесно време влегов во собите на гак, креветите се нови, ок е, не е некој луксуз како Систина и Ремедика ама ок е. Спавачите им се малце старовремски со отворот кај градите никаков и папучите што ги немаат хаха. Храната отсекогаш била ужасна, ништо поразлична од др клинички оддели, сува храна. Е сеа со царски ти породена прво само на инфузија може да бидеш ден два. После од дома ќе ти носат, вода еден тон, сок, јадење.. Вака: ќе си ставиш во глава дека не одиш со никакви очекувања посебни и фино ќе поминеш. Плус последен пст (ваљда ) раѓаш, па ќе си речеш, ајде, ќе помине брзо Од чаир се фалат повеќето, јад лично ако немам финансии ќе одам на гак, во чаир не одам од др причини и трауми за време на ковидот, ама тоа лично јас, другарките мои се задоволни. Стиснаа заби два дена и си дојдоа дома
Уште трае судскиот процес. Така да не би да изнесувам многу информации за на крај да не испаднам виновна. Може е моја среќа. Не знам. Прочитај ја темата. Имаш многу позитивни искуства. Не значи дека ако некој лошо поминал автоматски и ти така би поминала. И обратно. И јас сум пред пораѓај. И после се што ми се случи де мислам каде да одам.
Не сум во тек, не сум ептен долго на форумов. Водиш судски процес? Заради лекарска грешка нешто, или?
Породена сум во февруари на клиника, задоволна сум од докторот што ме породи со итен царски сум дојде 3 пати да ме види. Болничарки, сестри воглавно достапни освен во недела пошто се само две сестри на цел одел. За храна, нормална болничка храна кифли, двопек , чај,јогурт, некоја супа или чорба. Кога ме префрлија на одел болничарката ми извади се од кеси што ми имаа донесено ми стави по шкафчиња и кога виде дека маж ми ми донел се големи шишиња од литро ипол сама она ми донесе чаши и мало шишенце вода и ми вика што направил бе твојов како мисли да пиеш ти од овие шишиња, а тој сирот главата не знаел кај му е у ниедно време од ноќта.