Незнам како идат тие работи со " подмачкување". Јас имав дешавка со Неџепи на кратко ме фаќаат болки и почнувам малку да крварам одам во чаир Неџепи ме гледа на ехо и ми вика прогестеронска инекција за задршка му викам како докторе кога бетата ми паѓа, а епа ај крвна слика праам крвна слика поради хемоглобин 100 сака да ме задржи се потпишувам и си одам, сестрата ми вика што и да треба дојди пак, за три саати ме фаќаат такви болки неможам да опишам ( а многу трпам болка ) и се враќам назад во чаир, млада докторка ме гледа вика се чистиш ама незнам зашто те боли, како што станувам од креветот така почнува крв да лее по нозе тренерки патики чорапи се лом, ме качуваат у соба доаѓа докторка ми вика за еден саат ќе дојдам да те средам. ( неџепи дежурен нигде го нема ). Нит дојде таа нит па влезе некој друг освен сестрата што беше цела ноќ покрај мене. Сабајлето влегоа Бајалски, Горгиев и уште еден не го памтам сите се фаќаа зашто крвта ми е многу слаба а никој не ме зема да ми напраи киретажа. Како господ да го прати дојде Кировски порано на работа шетајќи низ ходник ме виде влезе коа го тргна чаршавот што бев покриена смени фаца ми рече за 15 мин ќе те средам. Мојот живот некој доктор го кошташе 30 мин да одвои од кафе пауза и да ми напрај киретажа. Што ќе се случеше ако не го познавав него? И замислете не му се јавив не го побарав бидрјќи мислев дека сите ги гледаат еднакво кога живот е во прашање. Кога излегов од таму железото 4 ми беше хемоглобинот 78 ( жив мртовец бев ) едвај се вратив во нормала. Пред да ме пуштат да си одам имав уште едно патешествие ама не е за тука тоа.
Епа се нашол дотичниот оти те познава, иначе ќе се понашал ко претходните. Одвратен човек по моето искуство, одвратен. Има уште од приказната со него, ама не би да должам.
Мене ако нешто ме иритира во државните болници тоа е однесувањето на докторите ко ние другите да сме мулиња прости што не знаат 2 и 2 колку се. Од такт ме вадат! Исто Кировски го прашувам нешто после породување добив еден таков продорен поглед, едно такво однесување арогантно, во стил Што ќе ти објаснувам кога не знаеш?! И не е само во родилиштата, братучетка ми 10 дена со малото во Козле еднаш не и објасниле што треба, што се случува, што прават, само Матичниот ќе види, добро е мајка... Нит зошто прима дете атб, нит што прима, нит од што му е тт, нит уште колку ќе седиме... Ништо!
Јас кога ќе го видам Кировски низ ходник,ме плаши Ама, далеку од тоа дека не е стручен. Еден од подобрите во Чаир е. Е сега,таков е. Намќорест,не зборува ама си ја знае работата. Како и да е ,не ги кошта ништо да ни објаснат што и како е,немора со стручни термини ,ама не сме до толку "утепани" па да не се разбереме.
Во Чаир имам искуство јас и другарки и никоја се нема пожалено за однос спрема нив ( освен со првото од доктор Младен). Сестрите, педијатрите, болничарките целиот персонал беше супер, не осетив нигде дискриминација од Албанките како Македонка баш напротив. Хигиената беше супер, храна ок сепак може да ви донесат од надвор...се на се добро поминав. Иако е државно не значи дека е ужас и кланица како некој членки што упорно пишуваат, ок знаеме се породивте приватно не мора на секој пост да нагласувате и да плукате по државно, зошто ете не секој има 2000 евра да даде или кредит да земе за приватно. Илјадници жени се породуваат по државниве па еве живи и здрави, ако нешто не дај боже тргне лошо може и во приватно да тргне...Сите сестри и доктори во државно се учеле и стекнувале искуство. Не ги плашете жените кој сакаат да се породат во државна клиника, пишавте еднаш ваше искуство не мора на секое прашање да пишувате и плукате по болниците. Кој каде сака и има можност нека се пораѓа. Битно се да биде добро и со бебето и мајката.
Се' убаво напишано. Сакав само да се надоврзам за муабетот за Младен. Тој додека беше во Чаир беше поим за дрскост и 'иживување'. Тоа е главна разлика помеѓу пример.Кировски кој си е едноставно таков,меѓутоа не вреѓа и понижува пациенти,а Младен беше ужасен. Лично имав "чест" да слушам што се и збореше на цимерката. Така да ,чест на исклучоци. Во приватниве мора да бидат тип-топ со понашање и однос доктор-пациент,нели. Сега во Систина на Младен сигурно мед му тече од уста. Тоа е. стручноста останува иста,се менува односот.
Искрено на секое одење налетувам на него се разминуваме во Систина и некако е како на игли човекот стегнат уплашен не знам како да кажам ама таму нема такво понашање сигурно према пациенти. По приватните користат премногу прилики занадоградување на знаење и имаат соодветни опреми, а на државно тој луксуз го нема да кажеме. И затоа нема споредба.
И јас го имам слушнато како и се дереше на негова пациентка само 4 часа по лапараскопија... Страшно. Ама секој со искуството и можностите. На крај краева каков и да е докторот сите сме во божји раце.
Треба да си човек пред се каде и да работиш. Ако работел државно не значи дека треба да ги третира пациентите како стока. Немам лично искуство ама доволно примери има во темава за неговото однесување.
Точно се сложувам, но кога би тужела човек на приватно или државно ете од некој лош исход при интервенција што мислиш каде се поголемите шанси за да би го добила случајот? Мене на друг оддел не во родилиште после интервенција 2 пати видов сестра и толку на крај и крв повратив и не видов доктор.И уште многу други работи да не ги коментирам тука. На приватно ми се нема случено искрено тоа. На државно се како бели мечки заштитени нема ни каде да се пожалиш.
Koja od vas ima porodeno so doktor Bashkim? Kakvi vi se iskustvata ? I bas edna drugarka moja prasala kaj edna sestra, moze da bide mazot prisuten i vo porodilno
Во Чаир маж не пуштаат за жива глава, нема теоретски шанси посета. Мене Башкими ме прегледа и бев задоволна. Јас од сите најзадоволна сум од една докторка, не Пранвера, друга беше албанка, не ми текнува името, до грам го измери бебето во стомак, се што рече така излезе, како прогнозираше така се породив и се беше ко што она ми кажа. Може случајност, може не, мене на преглед после цтг ми се погоди она, сосема случајно, абе царица. Ми дојде и на визита она еднаш. Пак ќе речам, од Чаир сум пре презадоволна, Кевсер ме прими во предродилна, тоа е едно такво злато од жена, ме изнагушка на последен преглед пред да не пуштат, со сите беше златна и со нас што бевме тивки и мирни и со тие што се дереа, како внимателно им зборуваше на тие што раѓаа природно, пошто јас заглавив во предродилна цела вечер, абе душа. И сестрите беа супер фини, со некои исклучоци кај бебињата, сите беа супер. Тоа дека се малку се, не е ништо непознато.
Мене Кевсер прошлата недела клексани ми препишуваше, многу мила докторка, ме прегледа дури и бебечето ми го сврте да го видам вика гледај како ни се покажува дека е машко се фали убаво го измери, ми објасни се како треба дури ми збореше како ќе го осетам кога мрда, каква болка е нормална ( како матичната исто ми објаснуваше ) бидејќи сум со повеќе дијагнози многу ме смири дека се ќе биде добро. Префина е. Човечна пред се.
Мене ме има породено Башким, одличен врв доктор. Прворотка, надминат термин бебе 4400 ме чекаше до крај и ме породи природно. По породувањето не сликал и му пратил слики на мм, мм и мајка ми дојдоа во посета но во апартман бев. За во Чаир само кај Исмаили би идела.
4400 на природно машала!! Исмаили е директорот? Ако е тој, не пораѓа веќе, потешки операции само правел
Кога се пораѓаше кај Исмаили? Бидејќи сите викаат дека не дозволуваат посети сега дури ни ббо апартманите. Исто и јас сум презадоволна од него, ме породи со првото пред 2,5г царски, и еве сега за некоја недела, неполн месец, ќе се пораѓам пак кај него. Прекрасен доктор, во секоја смисла.