Ama pa ti ne znaeš koga kje trgne. Ja so prvoto idev taka na pregledi i trebaše ponedelnik pak, ama jas vo petokot završuv na klinika nedelata rodiv. Ne e toa taka kje stiskame dur doktorot dojde
Мислам дека Горгиев беше во чаир другарка ја пораѓаше... И се јави да отиде дека е дежурен со минимални болки ја прими и стави провокации и ја породи природно... Незнам искрено, али кој и да е ќе се породиме. Во право си неможеш да стискаш. А тоа дека има договор со доктор има нека не си праат филмови, зошто први се некој свој да пикнат преку ред или да договорат пораѓај. Вчера баш чекав во чаир може 40 мин, три жени го чекаа Исмаили иако во двете амбуланти имаше доктор. Така да се може во оваа наша држава за жал кај што бушат пари и врски, ни бургија не буши ја стално викам така...
Така е за жал. Немам ништо против секој да си бара врска доктор, го разбирам стравот на сите, зошто е 50-50 ситуација како ќе ти се погоди без доктор
Другарки без врски подобро поминувале, неголи тие со врски... нема правило. Мене ми е страв поради друга причина и затоа сакам мојот доктор да ме пораѓа инаку би одела на " среќа" .
Мислам дека премногу се фокусирате на муабетот "ме породи". Докторот не ве пораѓа, сами си раѓате. Не дека е небитен, тука е да помогне, да те води, ама на крајот од денот сама си раѓаш, иде напон, напињаш, само некој треба да го фати детето и да пресече папочна врвка. Поголема функција имаат да те сошијат и да проверат дали цела плацента е родена. Не дека тоа не е битно, тука се тие постпородилни компликации, ама тоа го прават можеби 10 пати секој ден кога ќе дојдат на работа со секоја родилка, така да ниеден доктор не е без искуство на таа тема. Не дај боже нешто се комплицира, никогаш не е само еден гинеколог на работа, сите доктори се консултираат меѓу себе во поспецифични ситуации. 99% од природни пораѓаи верувам дека сама да те остават на бокс, ќе родиш без поголем проблем дури и да не те гледа никој. Царски е друг муабет, сепак е абдоминална операција, особено кога е итен, иако е рутина, те сечат на пола, и се да е во најдобар ред пак бара стручен хирург.
Јас бев скоро 12ч во предродилна, се изнаслушав породувања, и да, дефинтивно сестрата е поважна, акушерката.
Така е, да ти стави капка вода на усна кога умираш од жед, да те советува како да дишеш, можеби и за рака да те држи кога е најтешкото, за да искочиш со позитивно родилно искуство.
Акушерката јас додека бев таму беше баш таква, со душо, со срце, со мило, со позитивна енергија. Е после мене таа што дојде беше мртво пувало, со некоја инфекција беше на заб отечена и се и беше тешко, ама среќа само саат време она беше, мене ме земаа одма. До ден денес ја памтам, знам сестрите кажаа била босанка и била многу фина, срцка, ако некој ја знае, ако знае за која се работи, плава убава жена, да ми ја поздрави многу. Криво ми е што не ја прашав како се вика. И докторка Кевсер беше тогаш, тоа беше злато од докторка, со милно со убаво се.
Се согласувам дека после пораѓај и за време на пораѓај негата е многу поважна од кој доктор " те породил". Ја имам лошо искуство со 3 доктори и да знам да умрам нема да дозволам да ми се доближат. Еве кажете ми како да одам на пораѓај во чаир " на среќа " и ми се погоди Бајалски, а вчера ми кажа дека ќе искрварам кога ќе се пораѓам зошто сум примала крв а јас 7ми месец бремена како ќе издржам до март само еден господ знае , психата моментално ми е хаос само тоа ми се врти во глава . Која доверба да ја имам јас во него, дека ќе ми помогне или нешто друго?
Јас читав дека и со врски немало шанса да ти стават.... затоа прашав. И едно глупо прашање може од негде да се купи? Ти само да им ја однесеш и да ти ја стават?
Мислам дека тоа се набавува само за болнички услови и потреби. Со врски може, ако се договориш со докторот
Не за друго, го познавам докторов и ќе ми биде срам да викнам ако ме боли вака епидурална и мука ќе немам .
Анестезија става анестезиолог, не може било кој, така да нема кај да си ја купиш. Ако нема анестезиолог, а нема бидејќи царски има на 1ч закажани во Чаир и нема навечер најчесто, нема да има кој да ти ја стави. Да си се договориш со докторот што ќе те пораѓа само, он ќе ти договори тим.
Не ми е мене страв од болката, трпам болка, срам ќе ми биде да викнам ако ме боли многу ( а вајда боли ) затоа прашав ме интересираше, а не дека по секоја цена мора да ми стават. Ако се породам како другарка ми ( дај боже сите така ) ќе немаат време да ме измерат а не за нешто друго. За 10 мин се породи