Анестезиолог мора да има 24/7, да, малку се, но има, мора да ги има и ги чуваат за царски резпќови или не дај боже итни случаи. Затоа не ставаат епидурал, не постигнуваат да следат.
Нема да бидеш ни прва ни последна што се дерела, во тие болки не ми е ич гајле ни за доктор ни за комшија, ни било кој. Нормален процес е тоа и нормално е да се дереш, не се замарај. Јас без епидурал се породив ама нема кој не ме дозна, следниот ден и ја ги слушав како се дерат и тоа е тоа
Анастезиолог Горан за мене е врв во Чаир. Два пати на операција ми се има случајно погодено, нема подобар. На крај краева за било која операција, анастезиологот е најважен.
Ќе видиме како ќе биде... Јас си праам филмови за природно а 80% ќе е царски. Убаво е човек да сонува хахахахха
Горан е човечиште! Кога мене успеа да ме боцне и да ме смири при операција..значи е врв! Си ја знае многу добро работата.
Има... ама ја се држам до тие 20%. Не ми се верува дека поише ми е страв од царски неголи од природно.
Јас на сета мака се смеев многу со него пред да ме успие. И коа се разбудив исто. Толку позитивен човек јас немам сретнато до сега. Толку е весел, смирен, позитивен немам зборови.
Анестезиологот и брат да ти е, освен на закажана хируршка интервенција или итен случај не може да дојде. Премалку ги има, не може за елективна анестезија да има предност пред некоја со царски. На гак може со убави врски ќе добиеш, ама Чаир е родилиште, нон стоп има некоја што раѓа (спонтано или закажано), а дали двајца анестезиолози на смена има. За епидурална треба да те следи анестезиологот, и тоа може со саати да трае, не може да се обврзе да седи со родилка толку време кога во секој момент може да излезе ситуација да влезе во сала.
Значи добро сум прочитала... фала ти многу на одговорот. Јас прашав чисто информативно не дека мора. ама реално кај што бушат пари и врски ни бургија не буши. Така да секогаш и секаде има за се опција ( за жал ). Сум била сведок каде што со болки седела два саати на приемно, а друга нашминкана дотерана пред неа ја примаат на договорен царски. Така да се е можно во нашето здравство.
Ќе видиме како ќе биде. Или ќе викам или ќе трпам Сопругот ме праша дали можел да присуствува на пораѓај... викам подобро немој на тие болки ако си ми пред очи ќе те убијам
И да сака не може да присуствува, за жал во МК уште се затуцани во државните клиники за тоа. Додуша и премал капацитет има и на соби и на персонал и се, во странство секоја си добива посебна соба, макар и во државна клиника, и сопругот си седи цело време со родилка. Тука не дај боже за итно нешто да ја придружува маж својата жена до амбуланта на гинекологија, одма алапачите бркаат
Во тие моменти верувај нема да ти е гајле колку викаш, офкаш, плачеш Инаку и јас знам доста со ЈАКИ врски кои не добиле епидурална. Ги убедуваат дека е подобро без неа, дека е ризик итн и така ќе им поверуваш и ќе се согласиш дека не треба Мене во Чаир во сала ме однесоа во 12 ноќе со веќе јаки болки на пола минута.. се породив во 6 сабајлето. 6 саати во сала викав, плачев, на крај кога ме шиеја по втор пат на оладена рана почнав и да се карам и плачам со крокодилски солзи Не пцуев, не сум таква... Ама му викав на докторот: Тргни се! Не знаеш што правиш! Цела ноќ си бил буден, веќе не гледаш што правиш! Сакам друг да ме шие!
Прашај за лајт спинал дали боцкаат во Чаир, 2 саати трае. Мене тоа ми беше на ГАК опција ама царски решив на крај.
Колку и да е убав тој чин мажот да присуствува, на пророден пораѓај ја не би да дојде, царски пак подруго е не гледа ништо. Чаир се малку покултурни кога станува збор за компликации знаат и на мажот да му објаснат и да му се јават, ама ГАК не. Ма да на ГАК пуштаат мажи во соби ако имаш јаки врски. Незнам како е кај родилките ама на оперативно ги пуштаат. Се сеќавам кога лежев таму еден слободно си се изнашета низ ходник, па коа му станав јас кога почнав да му викам како попарен излезе. Не сум за тоа секој да ми влага во соба, секако ако не сум сама. Кој сака нека е нема што друг маж да ме гледа кај што крварам со искинати спавачи и како градите ми се искочени. Еве сопругот вика за апартман да земам во чаир, ама не сакам што ќе правам сама вака со уште една родилка ќе си напрајме муабет, ќе си помогнеме колку можеме. Јас сеуште имам контакт со неколку девојки што сме лежеле заедно. Еднаш во два три месеци знаеме да искочиме на кафе и да си помуабетиме
Значи, ѓаволот искача во тој момент од нас ја едвај чекам да видам што ќе правам, ама јас сум малку " луда" па мислам дека ќе се смеат со мене. Како се наближува датумот така некако ми е неизвесно, еден ден викам леле што ќе биде, другиот викам ајде бе ни прва ни последна ќе издржам
Kako sto ve citam devojki strav i paniki me fakaat. Bi sakala da sum od onie zeni sto ragaat za 10 min