Pa zatoa da imame verba i vo nas i vo doktorite. Se ke bide vo red sepak nie sme vo racete na specijalisti, ima nekoi slucaevi citame slusame ama da ne obrnuvame vnimanie.
Мене моментално цело внимание ми е насочено " КАКО ДА СЕ ПОРОДАМ ПРИРОДНО" ( 80% ќе е царски) само гуглам читам јадам тоа што сум читала па вежби праам циркус сум
Јас се чудам како тебе би те породиле царски. Операција е и се крвари многу повеќе, мислам дека нема да ти се нафати доктор за царски, освен ептен ако не е карлично свртено. Јас до сега не сум чула со ваква дијагноза и толку слаба крв да инсистираат на царски, па поготово тоа ако треба во Чаир да биде
Царски е поконтролирано крварење од природно, незнаеш во моментот природно колку крв ќе изгубиш докторката ми објаснуваше претпоследната контрола и за тоа и за клексаните. А докторов што ќе ме пораѓа не е баш лесен да го убедиш за царски до крај форсира природни. Па незнам кога треба да се сврти, 8ми месец сум главата му е десно, нозете лево и кога клоца све во јајник ме мава. Незнам како е тоа карлично свртено
Требало докторот до сега да ти каже дали е карлично, и да ти објасни што е тоа. Инаку карлично поставено е бебе свртено со газето надоле, или со ноџињата, наместо со главата.
На контрола сум другиот петок ( трет скрининг )а со докторот што ќе ме пораѓа за две недели треба да се видам. Така да не сум стигнала да прашам, имам и други проблеми со бременоста и тоа ми е последно нешто за кое се грижам Нека е живо и здраво па како и да е свртено има решение.
Во текот на операцијата ќе си примаш крв, не е страшно.. си знаат докторите. Познаничка правеше операција на миоми (но со рез од надвор) и во тек на операцијата и по операција примаше крв.
Ни прва ни последна што примала крв, немале проблем како мојот па пак морале да примат, ништо страшно мене ми е важно да ми е сега над 110 хемоглобинот за бебе да напредува за после не му ја мислам многу дали ќе примам или не. Му верувам на докторот што ќе ме пораѓа и затоа сум смирена, ама пак несакам царски ама тоа што не сакаш тоа ќе ти дојде.
Како оди во Чаир приемот? Доктор викаш по договор, може ли? По колку жени се у соба? Родилната сала одвоени ли се жените, како посебни соби на ГАК? Достава на потрепштини и храна може во секое време? Не мислам на посета. Бебушот за зимање дента постапката како им изгледа? За гак знам се, трауми имам од патолошка, па да дознаам за Чаир повеќе.
Јас отидов на дежурна, кој се погоди тој ме прими. За договор не знам. Царски се по 2 во соба, сосема културно, другите се по 4 мислам. Има и еден апартман. Достава од 10 сабајле до 8 имаше цело време, на 2 саата поминуваа. Испуштаат околу 12, сите ве симнуваат доле, се облеката во една соба ко ходник, идете во сопче кај што спремаат бебе и ви покажуваат се, проверуваат, даваат совети и ве пуштаат. Јас од предродилна сум презадоволна, тука е одма и родилна сала, ама ич не изгледаше страшно. Ново, чисто, убаво, за мерак. Патолошка им е постаро ама не е страшно. Јас окапав во предродилна, 12 саата, сабајлето прва ме земаа за царски. Многу убаво искуство имав искрено во Чаир. Е сестри кај бебињата нема доволно ама не е страшно многу.
Топ за тебе. За друг не. Жената си кажа нејзино искуство. Не верувам дека лаже затоа што јас бетер минав.
За доктор по договор тешко. Имам една другарка која беше многу блиска со еден од докторите, па се пораѓаше околу 1ви август и нормално човекот беше на викенд и не дојде на време да ја породи иако беа договорени за тоа. Друга другарка апла пари понудила на друг доктор, рекол не се нафаќа зошто може нема ни во Скопје да биде а камоли на смена, не можел да вети дека ќе ја породи. Може ако начекаш некој кој би дошол во секое време за пари на договорено, ама изгледа дека не се согласуваат да бидат на повик, сепак со природен пораѓај ништо не се знае. Ако е за договорен царски, обично ги закажуваат кога се дежурни и секако тука ќе биде 24ч докторот кој те следи. Што и да ти донесе некој, ќе ти пратат нагоре во соба по сестра, може нема одма, ама на неколку саата вртат болничарки и оставаат ранци и ќеси (и на патолошка и на породилно ми носеа). За останатото ти пишале веќе.
Se na se, Čair nekako mi otpagja. Najverojatno na GAK kje odam pak, mada do leto ima vreme. Nekako poopremeni mi izgledaat, sobite se site samo po dve, ponova e klinikata, inventarot isto. Edino me nerviraat tie stažanti, praktikanti, srednomedicinci, koi veruvam vo Čair gi nema. Ama pak leto kje ide, pa može nema da se u tolkav broj. Na kraj kraeva, kje odbijam, imam pravo, ne sum na korzo otidena
Стажанти баш во лето мислам имаат пракса, а да одбиеш не можеш, пробано од моја страна на еден преглед да излезат од соба 4 ученички со телефоните расклештени, ама освен што им кажаа да тргнат телефони ништо не се смени. Поново не знам, и Чаир е реновиран, предродилна беше ко од филмовите, една мајка што раѓаше природно се пофали од боксот вика многу поудобно од првото на ГАК. Јас многу позитивно искуство имам од Чаир и иако ќе речеш само албанци за разлика од државна кај што апла на албанките им даваа посебни услови, ваму немаше ништо такво, сите беа исто, освен што они ги разбираа сестрите што зборуваа албански. Само едно не ме бендиса, на испуштање од болница пошто одеше и урлаше таа што беше одговорна и не се разбираше што збореше за малце ќе останев во Чаир ќе требаше следен ден да си одам, на албански збореше и не ја разбирав ништо.
Исто помислив за стажанти, али некако викенд да ме фати ххахаа Страв ми е дека имав компликации во првата бременост на пораѓајот, да не биде слично или бетер, па да се деси бебе на една клиника, мајка на друга и тоа се случило на моја другарка. Затоа ГАК. И блиску ми е, можам пешки, ваму морам да организирам превоз, искачање на сопруг од работа, или автобус на плус 40. Али ќе видиме..
А иначе, ја мислам дека би требало да имаме право да одбиеме плус аудиторим, мислам на средно медицинско, факултет и сл. Односно да бидеме прашани дали се согласуваме. Сепак е тоа осетлив период, не е дека само на стомак на ехо гледаат или земање крв. А каква сум, би си станала и би се расправала. На првиот немав таква публика, викенд беше
Е, тоа ти е. На која како ќе и се погоди работата. Ја од ГАК имам трауми од патолошка и пред и после пороѓај таму лежев. Али ете, сепак не знам зошто, Чаир иако се повеќето задоволни, јас пак повеќе сум за ГАК