Повеќето што се задоволни или имале добри врски или ниски критериуми за основен морал, хуманост и етика, па и хигиена. Како и да е, со лесно каде и да одиш, најубаво е познанство некое да имаш било каде
Имаш право да одбиеш да ти работат нешто (преглед, крв земање), ама не можеш да одбиеш да гледаат. ГАК и сите други клиники се дел од универзитетски клинички центар, значи се дел од медицинските факултети и мора да има стажанти, специјализанти и практиканти.
Eve do sega ne sum naletala na takvi, sega ne znam kako kje bide. Pa ako odbieš nema da gledaat Mislam nekogaš e dovolno i da se zamoli da nema, ama ne site iskačaat vo presret P. S. I Čair isto li?
Мораат да учат младите доктори, можеш да одбиеш да работат на тебе (макар никогаш сами не работат и обично се веќе доста искусни кога ќе стигнат да пипнат пациент) ама не можеш да бараш да ги нема. Не постои друг начин за докторот да стане доктор
Не, во Чаир нема. Јас на лето се породив и освен кога гледаа колку сум орворена, со полна соба мажи на албански што си збореа и не сакаа ношто да ми кажат освен што се кезеа ко стоки меѓу себе, друго немаше, ниту кај пвие околу мене што се пораѓале.
Не е работата за пресрет, едноставно со самото идење во таква установа се согласуваш на тоа. Не е тоа само болница, речиси сите постари доктори се и професори и треба да пренесат знаење на идните доктори. Јас отидов сред ноќ на Гак со крварење, па имаше специјализант со докторката. Ако не види како изгледа тој проблем, како утре ќе знае да го решава?
Не им даваат зошто докторот на смена одговара за работата на специјализантот. Мора да го гледа што прави.
На моја сестра и се деси тој да си отиде на спиење, а стажантот да ја сече и шие. Едвај се спаси, на операција беше после тоа веднаш. Овој појма немаше, а докторот го немаше на видик. И сега? Е од тоа се плашам..
Јасно ми е, затоа и немаш право да побараш да си одат, единствено да не те допираат. Инаку никој нема да ги сака нели, а друг начин да се стане доктор не постои. 6 години учат општа медицина, на специјализација цело време уште 6 години тоа прават - учат од професорите, со нив се на прегледи и интервенции. Специјализација (за да добие нели звање специјалист некој доктор) е операција за хирурзите пример, со комисија од различни болници. Со самото одење во државните болници без оглед дали за заб, пораѓање или операција, прифаќаме специјализанти и сл. Ако професор ти прави некаква операција големи се шансите специјализант да му асистира. Не размислувај на нив, секогаш си е тука докторот и тој е одговорен за нивно однесување, ако сметаш дека било како кршат лекарска етика, пожали му се, ќе го реши проблемот.
Тоа се пријавува. Не смее специјализант без одговорниот доктор да прави ништо што е специјалноста (смее пример да побара анализи, да преврзе и сл - секако е доктор по општа медицина), ама шиења, операции и интервенции не смее.
Ништо не се деси, никој не одговараше и покрај пријавата која беше веднаш по отпуштањето поднесена. ГАК 2015 беше Едноставно доби одговор биле превземени сите мерки
Искрено, мислам дека немаше да ми сметаат 2-3 души кои се нормални гледаат и учат. Ама тоа кезење и зборење на албански кога јас не разбирам со се докторката грда, тоа беше одвратно. Јас ја прашувам сељанката, она не ме перцепира, ме игнорира и се смее со нив И тој што ме пораѓаше беше албанец ама топ неше човекот, јас само од него сум задоволна.
За да се опамети персонал, само пријавување, со доволен бунт ќе се променат работите. Па од мое искуство така е, работев долго со нив, не сум била сведок специјализант на своја рака било што да прави. Тек во 5 и 6та година почнаа самостојно полесни процедури да прават, ама пак со професорот во близина (и да не е во соба, да е достапен).
Епа тоа зборам, достоинство пред се. Гајле ми е мене за неговото школо, негов проблем. Ама кога се одесува за мене и мое бебе, сакам барем одредена приватност и култура. Ми се деси на патолошка докторка и сестра до мене си прават муабет на албански, јас ги орашав за мене ли збират, рекоа да. Им реков тогаш зборете на македонски и јас да ве разбирам, културата така налага, а и моето право како пациент. Тек да беа плус други кој знае како ќе реагирав. Ете, има и други случаи. И страв ме фаќа уште сега.. Па уште тоа кезење, дошепкување меѓу себе, а па уште и на друг јазик да зборат, и телефони со нив. Ај у ќош седи и гледа, и ќути, др објаснува АМА на јазик и јас што го разбирам, па и некако. Се друго е понижувачко
Што е до луѓето. Сум имала искуство како пациент грдо и со наши и со Албанци. Барем другиве не ги разбирам, оваа наша кокошка една ми се изнасмеа дека сум се гушела од спреј за нос. Да, се гушам од спреј за нос Хирург ОРЛ наш сакаше нос да ми крши за нешто што не се решава со операција, ненормално беше груб и многу лошо искуство општо - а со џанам "врски" - т.е. ме знаеше, во иста болница работевме, друга наша ОРЛ докторка што прв пат во живот ја видов и не се знаевме многу подобро ми ја објасни состојбата, истите испитувања со многу помалку болка, и објаснување за можни решенија. Барем беше искрена дека не постои целосно и трајно решение, ама со нејзините совети и терапија втора зима терам со минимално симптоми. Не смее да зависи од "човекот", ама за жал зависи, за уште поголема жал не би рекла дека е само македонски синдром некој. И уште еден tip од мене лично, посматрајќи ги докториве нели, преферирам помлади, можеби се понеискусни ама затоа се повнимателни и уште не стигнале да имаат "господов комплекс". Многу повеќе внимание обрнуваат затоа што не се толку пресигурни во себе и немаат проблем да побараат мислење од друг доктор. Оти колку поуспешен и поискусен, толку се поголеми шансите да не одолее на стапицата на егото