Имам поинакво и го пишав. Жал ми е што си поминала низ таа траума, но не ми се допадна коментарот за моралот... не е баш убаво така да се каже. Јас и 10000 евра би платила да ме породат приватно, ама едно е што сакам едно е што може.
Пак ќе повторам, само луѓе со ниски критериуми за морал, етика и хуманост ожат да кажат дека е таму супер или добро. Или оние што се со врски. И јас сум морала таму да се пораѓам и нема никад да кажам дека е добро, нема да лажам. Не е, лошо е. Појасно е сега?
Јас мислам дека кај царските хигиената беше подобра, од тоа што слушнав од жените на испис. Нас доаѓаа ни чистеа 2 пати на ден, менуваа постелнина секој ден, спаваќа исто, ми местеа перница, кревет, дали ми е удобно, се беше супер. Јас нехигиена не видов, од прием до испис, на патолошка полежав малку, пола саат саат, може да бев подолго ќе сменев мислење, али од предродилна сала немам замерка, како и од постродилна нега и хигиена. Јас од приватна излегов со вагинална инфекција, во 5 дена само 1 сменија постелнина и спаваќа, а овде беше поинаку. Критериумите за чисто ми се прилично високи, ко за девица со изразен оцд, ова беше на сосема задоволително ниво.
Со царски бев, лежев во крв одкакоме донесоа на одделот, на под имавме крв, не ни чистеа додека не им прдна, а им кажавме неколку пати, сами си видоа,
Јас се дотуфкав во предродилна дека ми пукна водењакот и ми се направи лом спаваќата, леле викам сеа коа ќе ми писнат овие, лом ќе ме направат, тоа дојдоа две, едната ме стана да ме пресоблече, другата мења постелнина, ме легнаа, останаа да ми прават друштво додека трае цтг за да не ми е досадно и после ме оставија да спијам малку, го исклучија. Дали ми се погодило или не, не знам, али за 12ч во предродилна немав ниедна замерка. Едната до мене се искака од страв ли од што ли, ја тушираше акушерката, од срам се расплака и ја тешеше. А за во соба имав земено мои подлоги, ми рекоа да си ги вратам они имаат и стварно ми носеа редовно ми постилаа, плус една ми даваа да ставам меѓу нозе преку влошката да не ми протече случајно зошто крварев доста. И тоа рачунај јас се породив на 29ти, 2 дена пред Нова година, атмосфера за работа немаа никаква, се имаа закарано за дежурства нешто. Е кај бебињата фалеа сестри и таму осетив да речам невнимание, од типот ми донесе какано бебе, по 2ч да чекаш со бебе што вреска за јадење а нив никаде ги нема и слично. Една ми се раздра зошто сум го преслекла сама бебето какано, не дозволуваа да влегуваме кај бебињата кај што беа да ги побараме, а викаш не доаѓаат и такви некои глупости, ама за нехигиена, немам такво мислење.
Јас бев на оперативно ( нема погнасен дел во гинекологијата од тоа) , кога станав да одам во вц сестрата виде дека ми е спавачата направена, дојде ми донесе нова ми помогна да се истуширам, јас имав и од тие " пелени што се ставаат одоздола, нон стоп ги менуваа. Постелнина два пати дневно исто менуваа.. Во три саат ноќта мереа температура и притисок, џогираа по 3 4 пати дневно. Чистотата и мењавањето постелнини и спавачи не зависи од " врските" . Не си морала, си можела на ГАК... чаир можат да те вратат ако си " ризична" ама ГАК не. Ама во ГАК ако нема место кај родилките ги симнуваат доле на оперативно. И секој со своето искуство. Ама можеш да кажеш јас имав траума и лошо искуство нема хигиена, а не да кажуваш за ниски критериуми. Зошто јас и ти ако имаме за приватно пари или врски во чаир или гак некој нема. И нема опција друга. Тоа што дошло ќе се истрпи ќе помине ќе остане белег и лузна од траумата на душата ама ќе се издржи.
Дали сум морала или не, не е твое да ми кажеш. На гак не знам како е, не коментирам, за Чаир можам само да кажам утка. И да, зависи од врски иако не би требало, и требало по шравило да е чисто ама фак ит, не е
Devojki za Cair konkretno, iskopirav toj dokumentot za krvna grupa od transfuziona. Da ne treba original?
Во собите откако ке се породиш? Во Царски се по две, кај тие природно мислам по 4 ,ама не сум сигурна.
I jas taka razbrav, mi kaza dr porodena pred 7 meseci. Sega mozi zavisi kako ke se pogodi dali ke e polno
Да ,зависи и од тоа. Ама јас кога бев лани беше полно а беше цело време тивко и без гужви ,како да не е родилиште. Се слушаа само плачки од бебушки. Иначе беше стварно тивко и мирно .
Денес може да се полупразни собите, до утре да дојдат 10 родилки, нема правило за тоа. Кога се ствара гужва, гледаат да ги испуштат тие што се подобри, исто и пред викенд. Јас се породив во среда вечер, во петок сабајле сите од собата не испуштија освен таа што се породи во четвртокот ноќта. Сите природно породени, тие со царски мислам дека минимум 3 дена седат обавезно, за нив помалце се брза.
Девојки има ли некоја искуство со др Јасмина Челебиева во Чаир? Таа ми се погоди во амбуланта во четврток