Нема ни во апартман посета во чаир. Никој не рече дека со 4 во соба има посета. Никој не пуштаат. И на директор ќерка биди нема да пуштат во чаир посета
Сеа не е до толку, знам жена што имала посета во апартман, не баш посета посета туку дошол маж и еднаш, после еден месец откако се породив, му облекле мантил и влегол. Апсолутно не е убаво, прво и основно спиевме, лежевме, вратите беа отворени, мене ми беше многу топло и се ми беше крената пиџамата и имаше што да се гледа од врата.
Да, тоа и го зборам, скроз неубаво е. Прво за самиот маж што бара кај толку жени да влегува у болница, друго за жените, не сакам да ми доаѓа на некоја си маж, сите се голи таму, непријатно е. За 2 дена ќе си идеш дома, што толку е паниката да дојде мажот не разбирам? Нека ви дојде на пораѓај, нека ве гледа слободно. За у соба со други жени е тотално невкусно.
Кога не пуштија кај што ги облакаат бебињата во чаир влезе мажот на една жена и јас културно ја прашав сестрата дали е дозволено да влезе и маж ми кога ќе го облакаат син ми вика не. Е тука се споив и викам "да се јавам значи треба и јас за да влезе така? Кажете не е проблем одма ѕвонам " и му рекоа да излезе. Јас три пати имам лежено во чаир посета немало. Сега бев со многу јаки врски не ни помислив да побарам да дојде некој. Фала богу 21 век сите сме со трлефони може и на камера да се видиме, и што се вика уште не излезено бебето му го праќаат на таткото на слика. Сакаш маж ти да е со тебе плати, ама мене да ми влезе друг маж во соба мислам дека на парчиња ќе излезе
Да, тоа и го зборам, не е фер за било кого. Не сакаж било кој маж да ми влегува и да ме гледа ничив маж, не ми е пријатно, не ми е убаво, и толку. Ама на кого да се објаснуваш...
Море знам мажи и на пораѓај што биле. Парата се си прави. И и на Гак и во Чаир си влагаат за да се видат, не дека не. Имам ептен близок пример каде на Гак мажот и мајката на мајкта биле до неа ма пораѓај. Плати па клати е кај државата. За Чаир па со слики по инстаграм се фалеа дека биле да видат внуци, дури од братучетки.
На пораѓај е друго, сама си ти сестри доктори, ама во соба не иде. Еве ја три пати лежев стварно немаше влезено маж. Еднаш сопругот влезе во диспанзерот да ме придржи зошто со нервот неможев да одам, одма го вратија. Може да имало посети незнам не сум била сведок на тоа јас стално викам кај што пара буши ни бургија не буши.
Маж ми има најголема желба да влезе на пораѓај со мене ( не знаеме дали ќе му дозволат воопшто ) ама по соби на посета не , не е пријатно баш искрено..
Во Чаир на пораѓај да влезеш проаѓаш покрај предродилна, а таму па ич па не сакам да ме видат пошто сум гола гола таму, крената спаваќа и цтг стаено, без гаќи, без ништо, нека фала.
Кога се породив со помалиот син во собата кај што бев (со 6 кревети) на една од родилките доаѓаше брат и. Го пуштаа затоа што работеше на Клиника. Не ми беше пријатно да ме гледа.
Од кога е ова? Другарка на Гак пред некоја година со апартман си имаше посети, плус и маж и мајка и на пораѓај беа со неа.
Здраво на сите! Прва бременост ми е, и реално многу ми е рано за пораѓај, ама сакам да сум си спремна. Пред се ме интересира, дали во некоја од клиникиве дозволуваат присуство на сопругот за време на пораѓај? Ова ќе ми игра пресудна улога дали ќе одам во ГАК, Чаир или во приватна клиника. Второ прашање ми е, дали може директно да си договорам царски, бидејќи ни на крај на памет не ми доаѓа да се пораѓам природно?
Со царски нема нигде да дозволат сопруг да присуствува. Ако грешам нека ме поправи некој. Ремедика знам порано дека на природен дозволуваа, сега ни за тоа не. А знам случаеви каде со некој денар даден и по државните присуствувал сопруг ама на природен. На царски не даваат нигде, бидејќи е сепак операција на некој начин.
Ремедика дозволуваат сопругот да присуствува на пораѓај. Другарка пред 1.5 месец се породи природно со сопругот до неа. За царски исто зависи кај кој доктор ќе си. Др. Котларова децидно одбива, форсира природен, за други немам инфо. Ако имаш индикации, историја на претходни проблеми и болести можеш царски да договориш и во државниве (конкретно Чаир, за ГАК немам искуство).
Значи јас многу си гледам американски филмови хаха. Ич не ми е смешно, ама да си се насмеам на маката... Не знам кај другите како е, ама јас многу се плашам од самиот пораѓај па и од фактот дека таму треба сама да седам неколку дена без никој познат. Си се тешам дека секоја жена го поминала ова, ама некако не ми оди добро тешењево... Ќе ми биде многу полесно ако мм е со мене..