Такоџе.. Со првото бев ептен задоволна и пред и после операцијата. Некако и рана не ме болеше долго,мн бргу закрепнав,си функционирав најнормално се' за една недела. Се надевам и сега ќе биде така.
Кога отидов со болки она ме гледаше прва , многу беше изопена не културна, немам убаво искуство со неа ( пред 7 месеци ) искрено Илиевски е ДОКТОРИШТЕ немам сретнато друг таков доктор
Читам доста пофалби за Илиевски во Чаир, јас искрено прв пат слушам за него и не сум многу запознаена со докторите кои пораѓаат. Ќе може да ми кажете како идат работите доколку пример одберам тој да ме пораѓа? Дали наплаќа? Колку наплаќа?
Во Чаир можеш да избереш кој да ти прави прегледи после 36та недела, ама не и кој да те пораѓа. Ќе те породи тој што е на смена. Ако има шанса да се договориш со некој, тоа би било со плаќање под маса. Конкретно Илиевски има одбиено моја другарка за таква работа сега скоро.
Одличен е . Презадоволна сум јас. Не сум платила ништо . Царски бев зашто беше карлично. Ако немаш индикации за царски ,нема да те породат царски . Природно ке те породи тој што е на смена. А ако е царски си се договараш со докторот кај кого ке одиш на контроли.
Не е точно.Кога го прашав пред некој ден ми рече дека е дезинформација.Ако си член на форумот кажи дека не е точно,да знаат и други пациентки. Е сега,останува да видиме.
И јас слушнав за ова од жената што ме депилира, демек Систина ќе одел. Па бев спремна ако оди во Систина и јас таму да се пораѓам Со првото он ме породи, презадоволна е мал збор да кажам дека бев од него
Женски да прашам некој дали е породен царски или природно во Чаир од доктор Илир Шурлани? Како сте задоволни од него дали имало некој проблем и слично со рана? Шиени или лепени за царски? Ви благодарам
Треба да идам со него да се видам и договорам за царски највероватно, докторот кај што идам ми го препорача и ми понуди да ми заврши работа. Тебе кој доктор ти беше?
Ако ме веруваш појма немам, Дика беше сигурно и уште 2, ама кои беа еве не се сеќавам. Отидов без договор, без ништо, топ си поминав.
Јас реков ,по него идам кај и да оди Ама се радувам дека ке остане Чаир. За Шурлани не знам кој е не сум чула. Илиевски е цар. Два месеци после царски го замарав со прашања секогаш ми беше достапен Рана топ. Лепена. Никаква мака.
Zdravo majki dali moze nekoj da spodeli iskustvo za poragaj kaj Ana Daneva od GAK? ili nekoj drug da preporacate sto ste bile zadovolniii … ili da odam vo Cair
За Ана Данева сум слушнала убави работи иако мене не ме бендиса. Само консултација без преглед без ништо ми наплати 1500 денари. Тогаш излегов и реков,ти мене сестро не ме гледаш повеќе. Чаир ти е супер. Имаш врвни доктори .Чаир ти се добри Илиевски ,тој директорот го фалат заборавив на презиме и Шпишиќ во последно време ја фалат многу