Џабе по форуми се жалат. Лично нека се пожалат на доктор, ако треба и на директор. Не се малку пари, за живци да си корнеш додека си таму. Ако ќутат, трпат и само со нив се расправаат, ништо нема да сменат...
Моето мислење е дека секаде сестрите се тие што прават проблем, и во државни и во приватни. Чест на исклучоци!
За ова си скроз во право, пред месец бев на гинекологија на дежурен заради исцедок, и нормално испаничена, прва бременост… и докторите беа толку фини ме смирија ме прегледаа а таа сестрата коа ми се раздраа и тоа ми урлаше што било тоа да сум уплашена и сум плачела одма да сум се смирела сум ја вознемирувала докторката…. И тоа љута беше што ја разбудивме у 6 сабајле госпожата.
Проблемот е што истите сестри од државно одат во приватно и таму се исти. Не сите, да се разбереме, али повеќето да. Јас од Чаир имам добро искуство, ама сестрите, особено тие горе кај бебињата, отров!
Поделени мислења, некои супер некои ужас, и се се сведува на тоа како ќе ти се погодат луѓето на смена.
Јас и ти сме тука некаде отприлика мислам со породувањето , се породив декември 2022 природно , појма немав како се викаше докторката ми рекоа да знаеш те породи доктор Дика додека ме шиеше едната , дека беа две жени што ме породија си мислев една од нив е Дика … во соба дознав дека Дика е маж и дека бил тој тогаш на смена а мене ме породила бабица
Јас царски бев, да декември 29ти. Природно бабини ги пораѓаат, докторите идат на крај. Дика е млад, мене ми се погоди на еден преглед, фин доктор ама не нешто да се двои.
Незнам ни како изгледа ниту еднаш не го видов ни на бокс ни пак во соба … искрено немаше ни потреба , се породив четврток попладне во 17h во саботата сабајле бев дома . Првата вечер после пораѓај ја преспав на патолошка бидејки немаше место кај родилките …
Многу беше гужва, нит излеговме 11 родилки на 1ви јануари, гужва невидена. Мене ме земаа царски пошто лежев на предродилна повеќе од 12 саата со пукнат водењак, а доаѓаа нови трудници, немаше веќе место. Додуша и не се отварав така да што и да правеа џабе ќе беше.
Да премногу имаше јас со пукнат водењак од 9 сабајле веднаш ми иклучија провокација да се убрза .. затоа и толку брзо не отпуштија дома … како и дае немам лошо искуство освен замерка за хигиеничарката која едвај збореше македонски и дрско се понашаше
Јас не се отварав, нит провокација нит ништо. Немам коментар за дрското однесување на болничарки, хигиеничарки и сестри. Јас за малку ќе останев уште еден ден бидејќи болничарка ли беше хигиеничарка ли беше, на албански дојде промумла нешто и замина, среќа препрашав, она да ти кажала во 11ипол сите спремни ќе си одите. Замисли да не прашав. Одеше по ходник и викаше, од кај да знам што вика. Друго се сум задоволна, ама ова хорор ми беше кога ќе дојдеше сестра или болничарка што не знае македонски.
Моето искуство е дека сите знаат македонски, само албанките првично на албански прозборуваат. Ако им речеш не разбирам, ќе свртат на македонски да ти кажат. Јас дека разбирам доста албански, ги разбирав генерално што кажуваат, им враќам на македонски, па збунети беа, на албански ќе ми речеа "дали си албанка", на македонски ќе им речам не сум, и после ќе си продолжат на македонски да кажат што треба. Најслабо зборуваше болничарката ноќе што доаѓаше, нас не разбираше се ама она не знаеше да ни каже точно па малку пантомима имаше тука (ни објаснуваше каде да фрламе пелени од бебе, а каде нашите влошки). Полошо е кога пациентката не знае македонски, а на смена имаш доктор и сестра македонки, па чека некоја друга сестра да и изиграва преведувач. Буквално не може да каже ни до вц ако сака да оди.
Абе знаат нормално дека знаат, ама не се мачат, си зборат албански. Јас немав проблем, убаво поминав, последниот ден од такт ме извади и сестрата (наша) и болничарката (албанка). 2 саати пред да си одам ми се дереше сестрата зошто сум го преслекла сама, божем дома ќе си ја земам со мене да ми го преслака она па проблем е сега. Кокошка.
Тоа со пресоблекувањето не ми беше баш јасно. Пелени и влажни имам до мене, од дома сум си донела, бебе до мене покакано, јас можам да станам да го пресоблечам, ама не смееш ни повојот да му го извадиш, а не па пелена да смениш. Викаат викни ме мене, а сестра не доаѓа да пресоблака бебе пред да поминат 3 саата. Моиве деца не плачеле во болница, ама еве да речеме кенкаво е бебето, нејќе да цица, следно е пелена да му смениш логично.
Која е таа што ќе ти забрани да си пресоблечеш бебе, не ми е јасно зошто тоа го прават, што им менува на нив кога и онака е 1 на цел оддел. Бог да чува овој чаир. И не оправдувам персоналот да не зборува македонски(има и такви ) или пациентките да не знаат македонски. Во Македонија се родени, нека си научат нека не изволеваат многу, од тука леб јадат, тоа е исто како да се родиш во Италија на пример и таму да живееш и работиш и да не знаеш да бекнеш.
Искрено мене само ова ми сметаше, ајде јазичната бариера донекаде ја разбирам, не ја оправдувам, ама да не смеам бебе да преслечам, абе ај. Демек дома ми иде сестра ми преслака бебе. Глупости.
Нит разбирам нит оправдувам и едново и другово, особено ова со пелениве ме шокира, божем нивно бебе оставаат во соба па да не го пипаш
Абе не дека ќе ти забранат, нема ни да те видат што правиш, ама нема шанси да го повиеш исто како нив, и доаѓа сестра и вика зашо е бебево одвиткано, па какано беше, епа другпат немој да го соблакаш, викни ме мене. Тој е муабетот. Јас првото дете онака си го одвиткав, да си го гледам голо, и онака за кратко ќе ги пресоблакаа, и истото ми го рече сестрата, не дека ќе се расправа со тебе ама викаат другпат не го одповивај.
На ГАК да ги молиш не ти доаѓаат да ти пресоблечат бебе. Јас 26 саати после царски со инфузијата со сталакот тој со шипката се мкнев по цела соба да го пресоблечам. Па прв пат мењам пелена на машко бебе, па тоа да ти мочало нагоре цел се измоча. Дери се по нив алишта да ми донесат, доаѓа таа ми ги фрла од врата, ми вика тебе второ ти беше, ехеее можеш сама. Ја и викам, па да можам ама ако ми прсне венава со канилава зашто ми е на горен дел од дланка дур му облакам боди, ти е гајле, ќе си викнам болничарка крвови да брише. И ме глеа дека несаглам и ја, ајде, ајде ќе го пресоблечам ми вика. Значи тоа сестри, болничарки, се треба да се подбере по државниве.