Јас за Чаир имам само пофални зборови. Втор скрининг го правев на Гак и толку беше хаос, никаков ред, само те препраќаат некаде, гужва еден тон, паркинг нема, сите дрски безобразни, катастрофа. Многу лош впечаток ми остави, додека во Чаир сите позитивни и насмеани искрено со мерак одев и на цтг и на пораѓајот супер беше, сите помагаат колку можат. Ова е мое искуство, и мој совет закажи и во чаир на некоја контрола па ќе си споредиш сама
На ГАК се породив, во Чаир претходно правев операција. И на двете места многу убаво си поминав, задоволна бев од се буквално.
Чаир не сум била, на ГАК двете ги родив. Од аспект на опрема за не дај боже и стручност, ГАК има предност, сепак е универзитетска клиника и сите случаи ризични таму се препраќаат. Истото важи и за бебе недај боже имаат опремена неонаталогија и бебе ти е тука. Ако имаш нерви со сестри да се оправаш, останатото се е ок на ГАК.
Lele tie sestrite stvarno, mi se vrakjaat traumi od pred 5,5 godini...kako mi se izbroeni denovite taka se povekje gi srekjavam ludačite na gak koga sum na pregled.. Edna debela od patološka vo petokot mi ideše da ja tepam koga ja vidov
Јас се породив во Чаир и убаво пројдов, за сите имам само пофални зборови. Се одлучив во последен момент, сакав на гак ама се премислив баш ради тој хаос и шеткарање натака навака. Бев во 37 недела за преглед и цтг и докторката што ме гледаше ми рече рано било за цтг, бебето било високо, да дојдам за една недела од тогаш, тоа беше ден среда, а јас се породив за 4 дена, во недела. Не викам дека се нестручни, може така проценила во моментот, но тоа мене ми беше клучно зашто се одлучив за Чаир, а иначе во двете болници не знам ниеден доктор.
Тоа со цтг нема врска, другарка немаше ништо во Чаир сабајлето, и рекоа гајле немаш се гледаме за една недела се породи вечерта, и пукна водењакот. И јас не знам ниеден доктор.
Па затоа реков не знам, башка прворотка бев и во моментот така осеќав. Во секој случај кај и да одлучиш лесно да поминеш.
Јас се породив во Чаир и супер поминав. Инаку сите скринизи и прегледи на ГАК ги правев. Персоналот во Чаир е пофин од тој во ГАК, но и во двете болници се осеќав безбедно и јас и моето бебе. Во приватна болница добиваш третман да, ама ако нешто се искомплицира не дај Боже, одма на државна ќе те пратат, а парите нема да ти ги вратат, а не се малку пари. И најбитно од се е здравјето на бебе и мајката. Така да јас Чаир го препорачувам, не поминав лошо.
Јас се пораѓав во Чаир за првото дете,и поминав супер. Доктор Зоран Илиевски ме породи царски,и дојде еден ден пред да ме пуштат од болница да ми каже дека и утредента ќе е таму (во смисла - пари во плик ќе може и утре да ми дадете) мм му даде пред да си одиме не беше проблем,ама начинот на однос му беше катастрофа. За сестрите немам коментар,ако ги повикаш за нешто малку се дрски ама и јас не им останав должна,па потоа беа супер. Во глобала поминав супер за разлика од сестра ми која се породи на ГАК,воопшто не помина како шо треба,ич не беше задоволна.
Морално,инаку тешко на твое барање да закажат царски...А и лично не сакав воопшто,ама ќе беше ризик за жал